Искрено не знам. Не сум се заинтересирала да дознаам, а сите овие ми биле во опкружување. Само се надоврзав дека во Охрид има чудни презимиња.
Напротив, презимето ми е баш старо македонско. Притоа, ако имаш излезено надвор од Македонија ќе забележиш дека во споредба со останатите нации сме доста светли, иако има лица со темна коса дури и очите, ќе имаат некоја светло кафеава нијанса. Односно, нема да се темно кафеави како кај Италијанците, Шпанците, Грците, Турците или пак црни како кај Арапите. Исклучок се секако сите оние кои биле мешани низ вековите. Второ и многу важно е што белата раса полека но сигурно исчезнува или се претопува во потемна, не само кај нас туку низ цел свет. Според мене, мала причина се и климатските промени и се потоплото време. Факт е дека бели луѓе (особено светли со светли очи се помалку се раѓаат и ќе се раѓаат). Ако во 1900 биле 10% од светско население, сега се помалку од 5%. Ќе се земам себе си за пример, до основна школа имав руса коса за потоа да ми потемни. Всушност, додека растев добиваше се потемна и потемна нијанса. Кога се отселив покрај море/океан, ми осветли. Кога се вратив, повторно ми доби потемна нијанса. И моите siblings се родени со светли коси, па со тек на време им потемниле. Исто и мој член на фамилијата, во Македонија има костенлива нијанса, кога живееше скандинавија 2 години, доби светло костенлива со руси делови, кога се врати повторно потемни. Мислам дека на нашето поднебје, не "трпи" светла коса и со тек на време потемнува.
Зарем е можно ова со косата? Знам дека различна клима може циклус да поремети, ама косата да стане посветла?
Луѓето што живеат во Северна Европа имаат посветол тен заради недостаток на сончеви денови во тој регион.
Oнака беше примерот, а и одговорот мој на нивната констатација дека „личам на Турчинка“, не дека го врзувам со медитерански изглед.
Нема везе тоа со клима. Британците живеат неколку векови во Австралија и Нов Зеланд, па ден денес сеуште се природни плави. Таму климата е многу топла. Кај Македонците е познат тој феномен на светла коса додека се деца, па потемнува со годините. Доминира тој медитерански ген.
Мене и на лица кои ги знам им осветлува/потемнува во зависност од гените. Ако е природно црна сигурно нема магично да стане руса или обратно. @Abracadaver поентата ми беше дека ние како Македонци генетски двоиме од останатите Балкански народи, со што се докажува нашата засебност. Гени се гени, колку и да ги мешаш, повторно ќе ги носеш во себе без разлика кој ќе доминира. И за последно, нема генетски чист народ и нација. Нити некогаш имало нити пак ќе има, но сепак има нешто засебно некоја група на луѓе, нешто што ја прави засебна и уникатна.
Мене во Турција не ми веруваа дека сум Македонка, зашто го зборувам јазикот а и сум личела како тручинка. Бело лице , црна коса, црни очи, па морав пасош да покажувам
Не е точно, највисоки луѓе има во Босна и Хрватска околу динарските алпи и во Холандија, во Скандинавија се просечна висина како во цела Европа, плус се повлакнести. А плавата коса и очи се еволуирани од кафеава коса и очи заради студот и малата светлина во скандинавските шуми. Плави очи се посензитивни на светлина, а кај нас се поретки зашто кај нас времето е сончево и топло за разлика од поголемиот дел од Европа и на нас не ни еволуирале така зашто не ни требаат.
И мене ме интересира моето потекло општо . Се што знам е дека некој далечен пра дедо го носел тоа име , и по него настанало моето презиме ( односно она што ми е по татко ) . Имам светла кожа до степен да ни не можам да бидам долго изложена на сонце ( многу брзо ми се вцрвенува кожата и добивам сончаница ) , светли очи , косата до едно време ми беше светло кафеава накај руса , но подоцна ми потемне до некоја светло костенлива нијанса . Не сум влакнеста воопшто , дури и да сакам да депилирам нога на пример , имам се на се 5 влакненца ..
Имам прабаба и прадедо родени во турско, носеле словенски имиња со чисто словенско значење, што ти можеби би ги означил како српски, а не биле Срби. Дури сега се сетив да одговорам. Знам дека си баниран член, ама сигурно читаш. Отвори кој сакаш руски класик, најголем дел имиња што ќе ги сретнеш се од латинско и грчко потекло, само во руска варијанта. Колку англиски популарни имиња се изведени од Библијата, што значи од хебрејскиот јазик, или од латинскиот, грчкиот, па тоа не укажува дека Англичаните се Евреи, Латини, Грци. Премногу го изгенерализира потеклото врз база на имиња прифатени во одредени периоди. Не баш словенско. Иван = Јован, Јон Словенизирана верзија на библиско име. https://hr.wikipedia.org/wiki/Ivan_Krstitelj Ирина е грчко име, старогрчка божица на мирот.