Македонски презимиња и нивното потекло

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Estranged, 20 февруари 2022.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.445
    Допаѓања:
    85.053
    Пол:
    Женски
    А од кај иде Хаџи во презимињата, знае некој?
    Хаџи Христовска, Хаџи Василев...
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Машки
    Порано кога да се појде на аџилак - поклонение во Иерусалим било вистински подвиг и трошок, аџиите на своите имиња како титула си додавале (х)аџи. Па така имаме аџи Трајко, аџи (Х)Ристо итн. Нивните наследници кога ги земале нивните имиња за презимиња, ги земале и титулите аџи во презимињата.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ane_na_Bisera16

    Ane_na_Bisera16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2020
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Што значи Хаџи во презимињата?
     
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.719
    Допаѓања:
    139.232
    Пол:
    Женски
    Членот над тебе одговорил.
     
  5. Жац

    Жац Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Па,не знам баш дека после прва или втора светска војна почнал да се додава суфиксот СКИ на презимињата,а предходно го немал. Прочитај го Тријазичникот на ПулевСКИ,на пример,и ќе сретнеш презимиња на СКИ. Инаку,ПулевСКИ умрел во 1893(далеку пред двете светски војни).
     
  6. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Баш тоа Х во Христо колку има аџилак во него. Исто ко Рампо во Харалампие.
    Презимињата пред ВСВ биле како оние на Македонците во Пустец. пр. Иван Трајко
    Во зависност каде припаѓале македонците, дали биле егзархисти, патријаршисти, или на пеќката патријаршија така им биле и презимињата. Кирил Пејчинович бил србин да. Или баба ми родена во 1943 во Б Битола е бугарка, бидејќи има бугарска крштеница.
    Факт е дека презимињата на македонците после ВСВ биле менувани во -ски, бидејќи истите после 1918 им биле менувани во -иќ (Ова во Србија националистите го нарекуваат македонизација, или дека Тито го сечел ткивото на србите и измислувал нации: бошњаци, црногорци, македонци :))
     
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    35.006
    Пол:
    Женски
    На мајка ми нејзините се презивале според машки полов орган.
    Е сега како шо.... којзнае :rofl:
     
  8. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Кое е тоа презиме? :D
     
  9. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.687
    Треба да се додаде дека властите на Бугарија и Србија присилно се обидувале да ги променат презимињата на оние кои завршувале на СКИ со или без В. Во Источна Македонија затоа се јавуваат многу презимиња без СКИ пример Тодоров, а во Западна Македонија се јавуваат многу на ИЌ пример Урошевиќ. Во зависност од тоа која власт била во одреден период биле менувани презимињата.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    35.006
    Пол:
    Женски
    Не го кажувам јавно :D
     
  11. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Да, да. И Гоце Делчев е бугарин дека презимето не му завршува на -ски.
    Имав школски кој беше србин и презимето му завршуваше на -ев.
     
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.523
    Допаѓања:
    11.050
    Пол:
    Машки
    СКИ не ни постоело ниту било толку распространето во минатото. СКИ се додава за време на комунизмот и титоватa Југославија за да се постави јасна разлика измеѓу македонскиот и бугарскиот идентитет дека се два различни идентитети, а пред тоа македонците се презивале на ОВ и ИЌ за време на српската окупација.

    Затоа и повеќето денеска во презимето имаат В при завршетокот на СКИ, пример "СтојаноВски" кој некогаш се прозивал "Стојанов".
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.719
    Допаѓања:
    139.232
    Пол:
    Женски
    Мит е.
    Тито не ги создал презимињата со вски и ски. Си постоеле само не биле толку распространети.
    Моето семејство од таткова страна уште пред Југославија било вски.
     
    На Mumoftwo30 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.687
    Никаде не пишува во коментарот погоре дека оние чие презиме завршува на ОВ се од Бугарија или овие што завршуваат на ИЌ се од Србија. Едноставно биле приморани да си го променат презимето. Патем ова се случува за време на Балканските војни, така да Гоце Делчев не го дочекал тој период за да биде предмет на елаборирање на темава за која зборуваме. Околу презимето на твојот пријател не ме чуди бидејќи во Војводина се сретнуваат многу со такви презимиња (Тончев, Роцков и слично), тоа е резултат на миграцијата на населението.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.687
    И пред Балканските војни постоеле презимињата на СКИ. Инаку оваа приказна ја турка и Бугарија, дека пред Титова Југославија не сме постоеле како нација и дека Тито не создал. Во право си многу си ги менуваат презимињата за време на окупацијата, ама многу и ги зачувуваат. Во моето семејство презимето на СКИ датира од дамнина уште пред да дојдат и да ја окупираат Македонија .
     
    На nextredstyle и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.523
    Допаѓања:
    11.050
    Пол:
    Машки
    Постоеле ама не биле чести како сега.
    Македонците се прозивале најчесто на "В" без разлика на бугарската присила. Пример, Вапцаров, Мисирков, Делчев, Груев, Карев, Марков, Николов. Единствено на СКИ бил Владо Черноземски ама под пседовним, а правилното име му е Величко Димитров Керин.
     
  17. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    И во Србија имаш срби со -ски во презимето.
    -ски не е додавка ексклузивна за македонците.
    Еден бугарски премиер, таму цар, е Сакскобурготски. И истиот нема ништо заедничко со македонци. Во Чешка и Полска презиме на -ски е често.
    Батево не е мрднато од Прилеп, неговите се доселиле 1912 одд Србија и не биле на -иќ никогаш, и нема врска со Војводина.
    Да, извршувани се обиди за менување на презимиња од -ов, -ев во -иќ, неспорно.

    Еве во Прилеп има презимиња кои завршуваат на -ец. Најчесто се изведени од имиња на населени места:
    Алинчанец - Алинци, Коњарец - Мало/Големо Коњари, Леништанец - Лениште, Мажучанец - Мажучишта, Рувчанец - Мало Рувци, Плетварец - Плетвар, Присаѓанец - Стар/Нов Присад, Ореовчананец - Ореовец, Топличанец - Топлица, Тројачанец - Тројаци, Локвенец - Локвени.
    Исто имаш имиња на населени места претворени во презимиња на -ски
    Пресилски - Пресил
    Житошански - Житоше
    Канатлароски - Канатларци


    Презимињата на -ски го имаат истото значење како и тие на -иќ, -ев, -ов, -ич. Припадно значење. И никоја држава не може да го присвои тоа.
     
  18. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.687
    Никој не негира дека не постоеле и претходно, ама промената на презимињата земала замав после окупацијата. Сандански бил еден од оние чие презиме завршувало на СКИ, ама не беше поентата да се докажуваме дали имало или немало. Доволно е да се отиде на старите камени гробови по македонските села и ќе се види дали имало или немало презимиња на СКИ во времињата пред окупацијата од двете соседни земји.
     
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.523
    Допаѓања:
    11.050
    Пол:
    Машки
    И СКИ и ОВ и ЕВ биле најмногу користени уште за време на турското. Кога била бугарската и српката окупација, влијанието се зголемило, а во титова Југославија ОВ и ЕВ и ИЌ се заменуваат со СКИ за да се постави разлика дека ние Македонците не сме ни Срби ни Бугари, се поставува јасна граница во идентитетот. Зошто и како Македонците се прозивале на ОВ и ЕВ пред бугарската окупација, не се знае.
     
  20. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    1.687
    Војводина ти ја наведов бидејќи таму има најмногу различности. Имаш повеќе етнички групи дојдени од повеќе држави. Друг пример се пограничните градови помеѓу Србија и Бугарија. И таму се среќаваат презимиња на ОВ или на ЕВ во огромен број. Инаку тогашната пропаганда и асимилација не била воопшто наивна. Прво ти го менуваат презимето, а потоа го учиш јазикот на окупаторите. Освен преку архивските документи никако не може да се докаже кој и што си бил. Од друга страна знаеме дека после заминувањето на окупаторите архивите или се уништуваат или ги носат со нив. Ама најчесто ги уништувале оти никој нема да носи толкав број на документи со себе кои може во иднина да го докажат тоа што го правеле во минатото.