Македонски радиски фестивал 2011

Дискусија во 'Музика' започната од garudamon, 23 ноември 2011.

  1. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    61
    На 24 ноември во Универзална сала, по четврти пат ќе се избира македонски радиски хит. Во трка се 15 композиции

    Финалисти

    1. НАТАША МАЛИНИКОВА - Грешка
    2. ТАРА - Иста си
    3. БРАВО БЕНД - Богаташ
    4. ДИМИТАР АНДОНОВСКИ - Ова небо знае се'
    5. ЕНА - Учам од најдобриот
    6. ДАРКО ИЛИЕВСКИ - Да ти биде срам
    7. ОРХИДЕЈА ДУКОВА – Погрешен број
    8. ЕЛЕНА и ЛАМБЕ - Најдобро до сега
    9. МАРТИН СРБИНОВСКИ - Рам, там, там
    10. ЛОЗАНО - Кога мене ќе ме немаш
    11. ЃОКО ТАНЕСКИ - Ко да не е крај
    12. ВИКТОРИЈА ЛОБА - Девет работи
    13. НЕКСТ ТАЈМ - На крајот од денот
    14. РОБЕРТ БИЛБИЛОВ - Себична
    15. РОБЕРТ БИЛБИЛОВ и ВИКТОРИЈА ЛОБА - Ти си виновна

    Се' е подготвено за четвртото издание на Македонски радиски фестивал - МАРС 2011 што ќе се одржи на 24 ноември во Универзална сала, со почеток во 20,30 часот и директни радиопренос и ТВ-пренос на МРТВ. Македонскиот радиски хит ќе се избира меѓу 15 најзастапени хита во македонскиот радиоетер, избрани по пат на пристигната радиоселекција од шестотини песни испеани од стотина изведувачи.

    - Изненаден сум како годинава МАРС е примен кај медиумите и кај естрадата. Деведесет и пет проценти од естрадата прифатија да учествуваат, а само 5 отсто односно двајца изведувачи го откажаа своето учество. Се работи за ДНК, кои имаат обврски во Загреб и Влатко Илиевски, чијшто менаџер беше со став дека не сака да учествува. Дури падна и непристоен предлог“, ни изјави проект менаџерот Антонио Димитриевски.

    На вчерашната прес-конференција во пабот „Пингвин“ беше извлечен и редоследот на настап на финалистите, а беа објавени и останатите детали околу годинашното издание. Центарот за организирање приредби Универзална сала, кој е организатор на МАРС, најави драстични промени во начинот на гласањето. Трите првопласирани песни наместо по пат на телевоутинг, ќе се добијат со јавно гласање од 1 до 10 поени на 12-члено жири составено од преставници на исто толку национални и локални радиостаници од различни региони во Македонија, чиишто имиња заради евентулни можни злоупотреби, лобирања или притисоци, ќе се држат во тајност до самиот ден на фестивалот.

    На изведувачот чија песна ќе биде прогласена за радиски хит на 2011 година ќе му биде доделена парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала за свој солистички концерт кој би се организирал до крајот на следната година. Изведувачот на второпласираната песна ќе добие награда од 40.000 денари, а третопласираниот 30.000 денари. Наградата од 10.000 денари ќе ја понесе авторот на најдобриот текст на една од 15-те финални песни, кого ќе го изберат естрадните новинари.

    Ќе има и награди во МАРС-Старс програмата- првата е специјално признание за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија, но и надвор од нејзините граници, а ќе и припадне на Каролина Гочева. Втората е награда за таканаречената ѕвезда што се раѓа за едно младо музичко име во Македонија, кое имало најголем напредок и подем на својата кариера во 2011 година и третата е избор на публиката.

    Во ревијалниот дел, покрај Каролина, ќе настапи некогашниот пејач на групите „Дивље јагоде“ и „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ и бившата пејачка на „Фанки Џи“- Анабела. Фестивалот ќе има водителско трио- на главната сцена која ќе биде со сценографија на дневна соба ќе застанат Димитар Атанасовски и Миа Костова, а за бекстејџот ќе се грижи водителката од утринската програма на МТВ- Дијана. (К.Ш.)
    http://www.time.mk/read/b3c79207bb/329c ... index.html

    Ќе оди ли некој? Знаете ли колку се картите?
     
  2. T-e-s-a-kam

    T-e-s-a-kam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    17
    Јас ќе одам...200 денари карта :D
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Woooooooooooooooow.
    Извонредните Роберт Билбилов и Викторија Лоба дури по 2 пати ќе настапуваат. Затоа што, нивните wooooooooooooow песни беа до толку слушани па мораа да настапуваат вкупно со 3 песни.
    Мислам, ајде „Девет работи“ е нешто послушана од „Не се враќаш“- Каролина, или „Не сум како ти“- Калиопи, „Црно на бело“-Дани. Абе има милион песни.


    Катастрофа.
    А Илиевски си го слуша менаџерчето, кој воедно е скаран со Димитриевски.
    Демек притребал како шлаг на циркузов.

    |(
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    А стварно, зошто ја нема Карлина никаде? Не сакала да учествува или?
    Нејзините песни беа сто пати поголеми хитови од наведените.
    Едит:
    http://www.time.mk/read/77b4954ebb/84d2 ... index.html
    Aма сепак нема нејзин хит на листата.
     
  5. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    и на кого типувате ?
    мене искрено фаворити ми се
    Влатко Лозаноски, Ена и Елена и Ламбе ( според понудените песни секако )
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    И финалните резлутати:

    1.Влатко Лозаноски-Кога мене ќе ме немаш
    2.Елена и Ламбе-Најдобро до сега
    3.Дарко Илиевски-Да ти биде страм

    Прво место од публиката
    Некст Тајм-На крајот од денот

    Мислам дека заслужени се наградиве ;)