Кои наши тв серии ги имате изгледано ги препорачувате и мислење Јас ги знам следниве : 1. Pogreshno Vreme 2. Nashe Maalo 3..Prespav 4. Familijata Markovski 5. Insajder 6. Sashka i Sashko 7. 5 Plus tolku vie ...
Јас овие ги имам гледано: -Наше Маало -Сашо и Сашка -Фамилија Марковски -Преспав Сите ми се многу интересни.Највеќе Наше Маало бидејќи многу убава порака дава на младите за дружбата, за однесувањето итн
Пред некое време (1 година сигурно има), во етер се пушти краткометражен филм: Пепи и Мурто, на чело со Ѓорѓи Унковски како режисер и сценарист; а во главните улоги се Сашко Коцев и Петар Мирчевски. Спојлер: филм Тие што не сте го погледнале, бујрум Имаше онлајн петиција за снимање на истоимен серијал, базиран на филмчево. Не знам што се случи со тоа, никаде нема некоја официјална изјава во врска со ова, само шпекулации сум чула (а може и има нешто официјално, само јас не сум информирана) Јас лично мислам дека супер проект би бил. Знаејќи какви глумчишта се Сашко и Пепи, едноставно, не може лоша да биде серијата. Некој ако има некоја инфо плус, нека сподели А за македонски серии, си пратам некои. Ако ние не почитуваме и промовираме тоа што е наше, како да очекуваме друг да почитува? И да бидеме реални, имаме добри серии, не ни се сите за во канта
Опстанок. Единствена серија која милион пати ја имам гледано и никогаш нема да ми здосади. Друга серија не признавам.
Во моментов не можам да се сетам на квалитетна македонска серија освен на Трст виа Скопје... Солидна е и Опстанок.
Од Опстанок имам трауми, а Трст виа Скопје не сум ја гледала. Интересна ми беше Македонија може, со фамилијата крадци пред едно 10 години ја гледав, а постара е, од рани 90-ти.
Се изненадив од коментаров. Јас поглупа серија од таа немам гледано. Никогаш не и ја сфатив поентата на крај, ја изгледав ама некако пропуштена ми беше поентата и целта на серијата. Не гледам баш македонски серии, не ми се допаѓаат. Делуваат многу застарено и со евтина глума и сцени.
Чекај ти допрва ќе останиш изненадена од многу други коментари и мислења на форумов. Обично нешто ако не ми се допаѓа не трошам ни време за гледање а иначе секогаш ми причинува задоволство да го гледам Никола Ристановски
Да ја размрдам темава... Само што ја гледав првата епизода од новата македонска серија - Бистра Вода Не сме можеле да направиме серија на ранг на тие во регионот? Можеме и тоа како! Многу ми се допадна, сметам дека постави високи стандарди и се надевам дека до крајот ќе ги оправда. Од музика, интро, дијалози, поставеност на приказната, костими... Се ми се допадна. Го имаше оној момент на близина во кој можеме да се идентификуваме, значи автентично отсликани ликови. Засега 10/10 Дали некој друг ја гледаше првата епизода, како ви се допадна? Фалеше домашна продукција (покрај Преспав). П.С. Може да отвориме посебна тема за серијата и таму да дискутираме.
На Алфа беше првата епизода. Серијата ќе ја емитуваат секоја недела во 20 часот на Алфа. Инаку епизодите ќе се прикачуваат на платформа онлајн - Кинемое (нешто како Нетфликс?). Би требало да има реприза на тв, не знам