Периодот пред Божиќ и Велигден е кога луѓето трошат неконтролирано и купуваат храна како да дошол крај на свет, а после празниците се жалат дека незнаат како ќе го поминат месецот и како одвај чекаат да земат плата. Шта речи... *Одделена дискусија од темата Сакам да кажам...
Жално е што буџетот се троши од пазарување храна за ден или два, колку можеш да изедеш тие два дена, нека е и неконтролирано купување, ден е, два, зар не заслужил човек што работи трпеза да наполни како треба барем за празници?
Секој заслужил да има полна трпеза секој ден, ама јас еве иако имам стабилна работа неможам да си дозволам ни за празник неколку врсти месо, благо и зеленчук од пазар што го даваат по тродупла цена. Можам да отидам во длабок минус и да јадам работи кои не ги јадам во најобичен ден и да им ја наполнам главата на сите како е скап животот и се нема, ама битно за празникот сум јадела јагне, свинско, бајадера и што уште не. Ако немам не купувам, ако купам не се жалам, таа ми е поентата.
Би се сoглaсилa сo тебе и твoјoт стaв -нoзе кoлку штo е чергaтa, зa мнoгу други ситуaции, aмa зa хрaнa, зa еден ден и тoa зa прaзник или прoслaвa -не.
Сигурнo не умреле oд глaд тие штo стaлнo ти се жaлaт, знaчи не е тoлку стрaшнo, луѓетo сaмo мaкa си кaжaле. И жaлнo е штo тoa е луксуз, тoa ми беше муaбетoт, дa критикувaш некoј кaкo мнoгу се oпуштил oти еден ден вo некoлку месеци трпезa нaпoлнил.
^ едно е да кажеш дека производите се многу скапи и дека богата трпеза за минималец овде е мисловна именка, ама да купиш и од пиле млеко и после да кукаш дека нема, е тоа е веќе проблем. Инаку да, тие што велат дека нема, никогаш не гладуваат, така си зборат да се најдат у муабет.
Пa муaбетoт им е нa местo, пoлнaт трпезa зa некoлку луѓе зa еден oбрoк и требa дa мислaт кaкo дo крaј нa месец. Некoј се пoмирувa и не пoлни трпезa, некoј пoлни и се жaли. Oти не сaкa дa се пoмири декa и прaзник или рoденден или вaтевер требa дa гo пoмине сo пoлупрaзнa трпезa. И тoa е oк.
спомна бајадера па се пронајдов. .. само што направив.. 120 ден ме чинеше се на се.. баш и не е тродупло. .
Лили, зборев за домати и краставици, во обичен ден се 40 денари,пред празников се 100 денари, тоа ми беше муабетот.
Не е баш така црно-бело. Купување на разно-разни производи за да биде трпезата полна е аздис, особено ако знаеш дека до крај на месец, ти а и твојата фамилија ке се стегате. Нема простор да пред голем празник или некој настан мислиш "од каде". Има време, месеци и месеци ти се на располагање да испланираш како да ја продолжиш чергата. Од жалење фајде нема, ако не сакаш да гледаш скромна трпеза, превземи нешто, не кукај.
^да се надоврзам на муеабетот за трошењето...и онака Сакав Да Кажам... Не сум некоја трошаџика и не се расфрлувам без разлика дали имаме повеќе или помалку. Ама не можам да не забележам колку се', ама буквално СЕ е поскапено. Зборувам за секојдневното пазарување за живот. Сега се спремам за роденден на малата и правам споредба со претходно колку сум трошела за родендени. Ми се сврте во главата кога споредив. Почнувајќи од торта, јадење, пиење... Горе долу истите работи ги спремам, повеќе од 50% поголеми сметки правам. Ама од резервоарот во кола немам подобар показател. Инаку никогаш не сум се пожалила дека немам што да јадам и не познавам некој од околината моја баш да нема што да јаде. Ама познавам еден куп кои ја користат оваа фраза, а покрај тоа што фрижидерот не им е баш празен: не можат да издржат ден без благо, без цигари, без месо...дома имаат производи од разни брендови, купуваат од топ шоп, имаат посебни тв и интернет пакети во различни соби, секојдневно ставаат слики на интернет како излегуваат по кафичи и ресторани...
Јас сум од тие што немале сме што да јадеме, затоа што нашиот живот е ден за ден сега има утре нема, но не сум се жалила и сум избегнувала такви муабети. И моите другарки кои се жалеа дека немале пари што требаше јас да кажам, да се заблагодарам што сум жива, тоа ли па да тоа и го правев. Не сакам да трошам кога е некој празник или роденден или име, за мене тоа е обичен ден но за некои празник па и треба да се потроше по мене, трошиле сме толку што сме можеле и секогаш се нервирам кога ги давам парите за глупости но што да правеш, уживаш еден ден а после утредента трпеш. Затоа кога се вработив и кога стекнав своја пара секогаш ја реализирам дека ке отиде и за што ке отиде платата и секогаш мислам за утре дали ке имам или за до следната плата, но секогаш излегуваа некои проблеми и ајде давај за тоа. Животот стана за некои од денес за утре.
Почнавте со пресметките кој што купил за празникот и колку пари потрошил, м? Не знам какво е тоа задоволство да се планира буџетот ма други семејства, еве стварно не знам? Јагнешко и бајадера купиле? Нивна работа! Ќе се стегаат еден месец поради тоа? Епа пак нивна работа. Гледајте си во вашата кошничка, ако може. Ама изгледа не може.
Кој што сака нека прави, ама не сум јас должна до крај на месецот да ги слушам како се жалат дека се нема и дека ќе гладуваат а притоа се фалат дека тони храна купиле за празникот. Убаво би било да го прочиташ убаво постот па да префрлаш. На крајот, секој смее да си каже свое мислење, или не?
Па не мора да слушаш. Тоа се приказни кои секој ги кажува да замачка очи,тие што немаат навистина ене ги по телевизиите. И секој немал, ама парата кога ќе удри во глава се друго се заборава.
А извини, кој е тој што постојано ќе ти досадува за неговиот домашен буџет? Она нон-стоп истиот муабет да ти го прави па те напнува до крај на месец? Ти што муабет им правиш, на пример? Искрено ме интересира. На крајот, ако е постојано истиот муабет а ти се некои блиски, помири се со тоа што ќе го слушаш и досадувај им и ти со нешто. Ако не ти се роднини, што ќе ти се вакви што те замараат? Во секој случај, што и да купуваат и како и да се стегаат отпосле, тоа не е твоја работа. Ако мислиш дека можеш да им помогнеш со некој совет за буџетирање, повели обрати им се лично. Мрчење на форум дека Македончето се распушта за Велигден а после се стега, ич не е убав муабет. За храна зборуваме, не за некој луксуз па да се срами што ставил месо на маса за Велигден. И салата и краставица.
Баш дека е форум, секој може слободно да си каже што сака, таква е и темата, не прекршив правила. Во канцеларија 8 саати секој ден до крај на месецот ќе ги слушам муабетиве. И, не е дека немаат туку сакаат да се пофалат колку имаат и колку потрошиле ама леле немаштија и што ќе се прави до плата. И не, не сум должна да слушам глупости на место каде што сум отишла да работам. Не замарам никого со мои работи и не се истакнувам никаде колку и што имам или немам. И, баш дека не е моја работа не треба да ми досадуваат, отворено сум им кажала ич да не се секираш.
СКД да се надоврзам на разврзаниот муабет за трпеза и колку ни е долга чергата Ми извлече една солза зошто знам како е да рмбаш од утро до мрак и пак да не стигнува и ако бараш да ти се платат екстра изработените часови или покачување одма не чиниш. http://zase.mk/articles/358351/svedoshtvo-od-ona-shto-go-vidov-na-kasa-mi-se-zgadi-veligden
Освен ако некој не каже колку пари потрошил, од каде би знаела јас, м? Увид на сметка немам, во куќа на ручек не сум отишла, па од таму да пренесувам муабети што и колку имало. Освен ако личноста на се "пофали" дека купил/а јагнешко и патлиџани, јас не можам да знам. Се додека стегањето си го дискутираат дома, нивна работа си е, ама кога некој елаборира за буџетот во мое присуство, тогаш веќе е и моја работа. Гледам јас во мојата кошничка и никогаш не сум се пожалила или пофалила што сум купила и во која количина.