Македонски синдром на преголемо трошење за време на празници

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ivi1987, 6 април 2018.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    59.968
    Пол:
    Женски
    Периодот пред Божиќ и Велигден е кога луѓето трошат неконтролирано и купуваат храна како да дошол крај на свет, а после празниците се жалат дека незнаат како ќе го поминат месецот и како одвај чекаат да земат плата. Шта речи...

    *Одделена дискусија од темата Сакам да кажам...
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, cresa-jagoda и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    91.519
    Жално е што буџетот се троши од пазарување храна за ден или два, колку можеш да изедеш тие два дена, нека е и неконтролирано купување, ден е, два, зар не заслужил човек што работи трпеза да наполни како треба барем за празници?
     
    На mareane, Vitaly, YoungandBeautiful и 17 други им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    59.968
    Пол:
    Женски
    Секој заслужил да има полна трпеза секој ден, ама јас еве иако имам стабилна работа неможам да си дозволам ни за празник неколку врсти месо, благо и зеленчук од пазар што го даваат по тродупла цена. Можам да отидам во длабок минус и да јадам работи кои не ги јадам во најобичен ден и да им ја наполнам главата на сите како е скап животот и се нема, ама битно за празникот сум јадела јагне, свинско, бајадера и што уште не. Ако немам не купувам, ако купам не се жалам, таа ми е поентата.
     
    На mareane, CameliaMiller, SummerGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    91.519
    Би се сoглaсилa сo тебе и твoјoт стaв -нoзе кoлку штo е чергaтa, зa мнoгу други ситуaции, aмa зa хрaнa, зa еден ден и тoa зa прaзник или прoслaвa -не.
     
    На YoungandBeautiful, EraBon, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    59.968
    Пол:
    Женски
    Ако пуштам нозе повеќе од што ми е чергата на празник, што ќе јадам до следната плата незнам.
     
    На mareane, CameliaMiller, SummerGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    91.519
    Сигурнo не умреле oд глaд тие штo стaлнo ти се жaлaт, знaчи не е тoлку стрaшнo, луѓетo сaмo мaкa си кaжaле. И жaлнo е штo тoa е луксуз, тoa ми беше муaбетoт, дa критикувaш некoј кaкo мнoгу се oпуштил oти еден ден вo некoлку месеци трпезa нaпoлнил.
     
    На zhap4e, YoungandBeautiful, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    54.380
    Пол:
    Женски
    ^ едно е да кажеш дека производите се многу скапи и дека богата трпеза за минималец овде е мисловна именка, ама да купиш и од пиле млеко и после да кукаш дека нема, е тоа е веќе проблем.

    Инаку да, тие што велат дека нема, никогаш не гладуваат, така си зборат да се најдат у муабет.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, dunika и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    91.519
    Пa муaбетoт им е нa местo, пoлнaт трпезa зa некoлку луѓе зa еден oбрoк и требa дa мислaт кaкo дo крaј нa месец. Некoј се пoмирувa и не пoлни трпезa, некoј пoлни и се жaли. Oти не сaкa дa се пoмири декa и прaзник или рoденден или вaтевер требa дa гo пoмине сo пoлупрaзнa трпезa. И тoa е oк.
     
    На YoungandBeautiful, SummerGirl, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.722
    Допаѓања:
    141.430
    Пол:
    Женски
    спомна бајадера па се пронајдов. .. само што направив.. 120 ден ме чинеше се на се.. баш и не е тродупло. .
     
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    59.968
    Пол:
    Женски
    Лили, зборев за домати и краставици, во обичен ден се 40 денари,пред празников се 100 денари, тоа ми беше муабетот.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, ♡BuBaLe♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    54.380
    Пол:
    Женски
    Не е баш така црно-бело. Купување на разно-разни производи за да биде трпезата полна е аздис, особено ако знаеш дека до крај на месец, ти а и твојата фамилија ке се стегате. Нема простор да пред голем празник или некој настан мислиш "од каде". Има време, месеци и месеци ти се на располагање да испланираш како да ја продолжиш чергата.

    Од жалење фајде нема, ако не сакаш да гледаш скромна трпеза, превземи нешто, не кукај.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    23.965
    ^да се надоврзам на муеабетот за трошењето...и онака Сакав Да Кажам...

    Не сум некоја трошаџика и не се расфрлувам без разлика дали имаме повеќе или помалку. Ама не можам да не забележам колку се', ама буквално СЕ е поскапено. Зборувам за секојдневното пазарување за живот.
    Сега се спремам за роденден на малата и правам споредба со претходно колку сум трошела за родендени. Ми се сврте во главата кога споредив. Почнувајќи од торта, јадење, пиење...
    Горе долу истите работи ги спремам, повеќе од 50% поголеми сметки правам. Ама од резервоарот во кола немам подобар показател.

    Инаку никогаш не сум се пожалила дека немам што да јадам и не познавам некој од околината моја баш да нема што да јаде. Ама познавам еден куп кои ја користат оваа фраза, а покрај тоа што фрижидерот не им е баш празен: не можат да издржат ден без благо, без цигари, без месо...дома имаат производи од разни брендови, купуваат од топ шоп, имаат посебни тв и интернет пакети во различни соби, секојдневно ставаат слики на интернет како излегуваат по кафичи и ресторани...
     
    На CameliaMiller, Lolipop23, zhap4e и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    5.436
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие што немале сме што да јадеме, затоа што нашиот живот е ден за ден сега има утре нема, но не сум се жалила и сум избегнувала такви муабети. И моите другарки кои се жалеа дека немале пари што требаше јас да кажам, да се заблагодарам што сум жива, тоа ли па да тоа и го правев.
    Не сакам да трошам кога е некој празник или роденден или име, за мене тоа е обичен ден но за некои празник па и треба да се потроше по мене, трошиле сме толку што сме можеле и секогаш се нервирам кога ги давам парите за глупости но што да правеш, уживаш еден ден а после утредента трпеш.
    Затоа кога се вработив и кога стекнав своја пара секогаш ја реализирам дека ке отиде и за што ке отиде платата и секогаш мислам за утре дали ке имам или за до следната плата, но секогаш излегуваа некои проблеми и ајде давај за тоа.
    Животот стана за некои од денес за утре.
     
    На YoungandBeautiful, SummerGirl, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    50.052
    Пол:
    Женски
    Почнавте со пресметките кој што купил за празникот и колку пари потрошил, м? ^_^
    Не знам какво е тоа задоволство да се планира буџетот ма други семејства, еве стварно не знам?
    Јагнешко и бајадера купиле? Нивна работа!
    Ќе се стегаат еден месец поради тоа? Епа пак нивна работа.
    Гледајте си во вашата кошничка, ако може. Ама изгледа не може. |(
     
    На SuperGirl24, YoungandBeautiful, Плавуша123 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    59.968
    Пол:
    Женски
    Кој што сака нека прави, ама не сум јас должна до крај на месецот да ги слушам како се жалат дека се нема и дека ќе гладуваат а притоа се фалат дека тони храна купиле за празникот. Убаво би било да го прочиташ убаво постот па да префрлаш. На крајот, секој смее да си каже свое мислење, или не?
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.659
    Допаѓања:
    104.010
    Пол:
    Женски
    Па не мора да слушаш. Тоа се приказни кои секој ги кажува да замачка очи,тие што немаат навистина ене ги по телевизиите.
    И секој немал, ама парата кога ќе удри во глава се друго се заборава.
     
    На Fatalnata, Rama, Marija) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    50.052
    Пол:
    Женски
    А извини, кој е тој што постојано ќе ти досадува за неговиот домашен буџет? Она нон-стоп истиот муабет да ти го прави па те напнува до крај на месец? Ти што муабет им правиш, на пример? Искрено ме интересира.
    На крајот, ако е постојано истиот муабет а ти се некои блиски, помири се со тоа што ќе го слушаш и досадувај им и ти со нешто. Ако не ти се роднини, што ќе ти се вакви што те замараат? Во секој случај, што и да купуваат и како и да се стегаат отпосле, тоа не е твоја работа. Ако мислиш дека можеш да им помогнеш со некој совет за буџетирање, повели обрати им се лично.

    Мрчење на форум дека Македончето се распушта за Велигден а после се стега, ич не е убав муабет. За храна зборуваме, не за некој луксуз па да се срами што ставил месо на маса за Велигден. И салата и краставица. (facepalm)
     
    На YoungandBeautiful, Rama, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    59.968
    Пол:
    Женски
    Баш дека е форум, секој може слободно да си каже што сака, таква е и темата, не прекршив правила. Во канцеларија 8 саати секој ден до крај на месецот ќе ги слушам муабетиве. И, не е дека немаат туку сакаат да се пофалат колку имаат и колку потрошиле ама леле немаштија и што ќе се прави до плата. И не, не сум должна да слушам глупости на место каде што сум отишла да работам. Не замарам никого со мои работи и не се истакнувам никаде колку и што имам или немам.
    И, баш дека не е моја работа не треба да ми досадуваат, отворено сум им кажала ич да не се секираш.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    18.664
    Пол:
    Женски
    СКД да се надоврзам на разврзаниот муабет за трпеза и колку ни е долга чергата;(
    Ми извлече една солза зошто знам како е да рмбаш од утро до мрак и пак да не стигнува и ако бараш да ти се платат екстра изработените часови или покачување одма не чиниш.
    http://zase.mk/articles/358351/svedoshtvo-od-ona-shto-go-vidov-na-kasa-mi-se-zgadi-veligden
     
    На SummerGirl, Rama, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    54.380
    Пол:
    Женски
    Освен ако некој не каже колку пари потрошил, од каде би знаела јас, м? Увид на сметка немам, во куќа на ручек не сум отишла, па од таму да пренесувам муабети што и колку имало. Освен ако личноста на се "пофали" дека купил/а јагнешко и патлиџани, јас не можам да знам.

    Се додека стегањето си го дискутираат дома, нивна работа си е, ама кога некој елаборира за буџетот во мое присуство, тогаш веќе е и моја работа.

    Гледам јас во мојата кошничка и никогаш не сум се пожалила или пофалила што сум купила и во која количина.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, Rama и 2 други им се допаѓа ова.