1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски синдром на преголемо трошење за време на празници

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ivi1987, 6 април 2018.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како точно ви одел муабетот за да ти одговорам. Ама на пример, ако некој ти се пожали дека јагнешкото е скапо и поради таа велигденска трпеза ќе крати на друго цел месец, фер ли е да му речеш дека ги пуштил нозете подалеку пд чергата? Па дури и бајадера да купил.

    Плус, Велигден уште не дошол, вие се жалите како луѓево ќе ви се жалат цел месец.

    Омилен спорт е на Македонецот, да пресметува како други треба да трошат пари. Еднаш кога една форумџика се пожали дека не стигнува, мислам дека беше околу празник, и' се избација во стил 'сами си сте виновни' и ја прашуваа зошто маж и' не оди да вози камион. :| Па и' пресметаа колку ќе заработува и колку ќе заштедуваат.
     
    На YoungandBeautiful, Rama, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    На претходната страна најди го муабетот на @ivi1987 и ке ти стане јасно за што збориме. :)

    Инаку, од жалење преку глава ми е, вака најискрено. Едно е да дискутираш за животниот стандард овде, а друго е да велиш дека нема а да не мрдаш со прст за да смениш нешто.
    Поаѓам од мене и моето семејство. Работат моите, работам јас, преку лето работи и брат ми. Не ми е драго што моите родители земаат хронична терапија и сепак работат, ама тоа е, живот.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Знаеш, многу луѓе работат и пак не им стигнува. Тоа е и дискусијата, за животен стандард. Кога стигнуваме до точка да му префрламе некому дека нема право да се жали зашто јадел месо и купил домати за Велигден, имаме сериозен проблем.
    И стварно не знам кај ги наоѓате овие луѓе што само ви се жалат. Еве овде на пример, такво мислење не прочитав, а прочитавме неколку од тие што се прогонувани од жалачи. :D
    Кога имало мислења од тие што се жалат, не знам кој има срце да префрли со муабет за чергичето. Толку.
     
    На YoungandBeautiful, Rama, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Ако ти не си налетала на такви не значи дека не постојат такви луѓе. Ама, ќе ти кажам една иронична и безобразна случка и тука завршувам. Јас за празници не колам свињи и јагниња, не правам пет врсти благо и пет врсти меса и не преполнувам трпеза и не правам ивкова слава со еден тон народ по дома затоа што немам, и истата таа колешка што се фали што се купила и колкава сметка направила а после тоа се жали дека нема и дека незнае како ќе го помине месецот мене ме прави неспособна и недомаќинка, дека треба да се задолжам и да трпам за леб ама празници како права домаќинка со тон гости морам да истерам. Не е баш пријатно чувството нели? Не се мешам ама несакам ни да ми се мешаат, толку.
    И, дај те молам остави нека тече темава како што и треба да тече, без цитирање и паметување. Се е напишано со некаква причина...
     
    На SummerGirl, Rama, moonlight-girl.55 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Првото мислење ми беше во склоп на темата, сдк, затоа и не ни цитирав некого.
    Ова со колешката е еден пример, а ти напиша општо мислење.
    И моето мислење беше општо, бидејќи околу мене имам многу такви луѓе што прават пресметки за други семејства. И на форумов ги има постојано. И така, како што ти од твојот пример произведе општ заклучок, јас произведоа од мојот. А реалната ситуација е веројатно измеѓу, дека нашиот народ ем е отепан сиромашен, ем не знае да буџетира. Каква и да му е ситуацијата некому и колку и да се жали, не би судела. Сигурно не го прави од што му е убаво.
     
    На YoungandBeautiful, Rama, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Многу згодно, ти не си сретнала, значи не постојат.

    Знам, ама има и многу луѓе кои не работат и очекуваат една плата да покрие се'. Познавам и луѓе кои не сакаат да излезат од comfort zone јер другата работа е многу тешка и напорна. Инаку, јас правам разлика од муабет за животниот стандард до муабет дека нема пари.

    Дискусијата не е за јадење месо, туку аздисување. Трпезата може да биде богата и без одреден тип на месо и домати. Ако добро го изменаџираш буџетот можеш да си удоволиш без да се пребројуваш до крај на месец. Сите знаеме чергата до каде ни е, ако нема пари, нема да купам.

    И да, имам срце да префрлам на здрав и прав човек кој се жали. Разбирање имам само за личности кои не можат сами да го спечалат лебот. Ако некој може да стане сам од кревет, да се облече и да отиде у тоалет сам, зошто да го жалам?
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    'Ако немам пари, нема да купам' е многу лесен муабет кога имаш пари и си купила.
    И не мислам дека луѓето бараат да ги жалиш. Можеби им е потребно само некој да ги разбере.
    ОК, ти го сфаќам муабетот, не е дека ќе се разубедиме. Колку и да продолжиме нема да разберам, нема да разбереш.
    Поздрав, имајте убав и мирен празник.
     
    На YoungandBeautiful, SummerGirl, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не го терај муабетот на таа страна. Не сум ја принцеза која има неограничени финансии, и јас сонувам за многу работи.

    Тежок е муабетот, ама едноставно е за разбирање и се функционира така, небитно колку пари имаш.

    Поздрав. :hai: И ти имај убав празничен викенд.
     
    На SummerGirl, Rama и CaraMia им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    После божиќ си правам едно скромно буџетЧЕ на страна за Велигден и не трпам цел месец. Така за било кој битен момент. Кој колку сака нека го одбележи. Греота е за тие што стварно немаат. Никој не заслужува да е сиромашен толку имам да кажам. Сум била на тоа место. Никогаш нема да заборавам како ми било. ЕВе сега имам ама не заборавам. Траума е.
     
    На mareane, YoungandBeautiful, Rama и 15 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Познавам и имам блиски луѓе кои се навистина сиромашни, па никогаш не се правеле за празници нешто што не се и никогаш не се жалеле за разлика од фалбаџиите што ем се фалат, ем се жалат ем навредуваат луѓе што неможат да си дозволат и приуштат богата трпеза.
     
    На SummerGirl, Rama, CaraMia и 2 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Кога веќе тргнавме со примери, ај уште еден. Жена работи во конфекција во мал град на истокот, плата 6000. Мажот и' е месар, да речеме. Плата 10000. Имаат две деца, за кои ќе купат по нешто ново да ги израдуваат за празникот. Ќе купат и јагнешко, и салата, и намирници за торта. Тука се и сметките за месецов, па стварно ќе се стегаат.
    Не мислам дека облеката за децата и јагнешкото биле вишок и дами си го барале, па нека им се на здравје пиперките од фрижидер во остатокот од месецот.
    Има безброј вакви примери низ државава, доволно е да погледнеме малку настрана.
    Не може ни друга работа, не може ни поголема плата. Јагнешко може еднаш во годината и покрај тоа што ќе дојде на сметка на други удопства. Е на овој човек не само што ќе му дојде да се пожали, туку му доаѓа од кожата да си излезе. Некои ќе си молчат и ќе си трпат, друг ќе прозбори со близок и најмалку што ќе очекува е муабет за чергичето.

    Кој и да де жали, не знаеме што стои зад тоа. Можеби на површина ни изгледа солидна плата, здрав човек што може повеќе, ама да не сме му во кожата.
    Исто ко што требало да те разбере тебе колешката која претерала со коментари и баш ти се вмешала во домашната сметка, да разбереме сите како му е на просечен човек во оваа вукојебина и да си помолчиме кога е ред.

    кукање не е во ред, ете ќе се согласам. Ти ја пукаат главата со нешто што не те интересира и не си должна да го трпиш. Те сфаќам, ама муабетот ми е дека не треба да го воопштуваш тој впечаток, кога очигледна е и таа другата реалност на нашиот народ.
     
    На mareane, Lolipop23, YoungandBeautiful и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Нaслoвoт нa темaтa дa гo смените, зa штo збoриме тукa целo време? Мaкедoнски синдрoм штo сaкaл некoј месo и тoртa нa мaсa дa стaви, бoгдaчувa. Не oтвaрaте темa сo вaкoв нaслoв зa фештите штo се прaвaт зa рoденден сo 100 души пример, туку зa фaмилијaрен ручек.
     
    На mareane, Lolipop23, YoungandBeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    И кога купување храна ќе го сместиш во синдром на преголемо трошење, не знам.

    За многу години луѓе, секој со своето.
     
    На YoungandBeautiful, Rama, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ох. Уште една тема каде ќе водите есап на туѓинци и ќе им ѕиркате во паричници?
     
    На YoungandBeautiful, carangigia, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Колку е греота да нема човек за да стај на маса... или да стиска да штеди брашно да напрај една погача за Велигден. .. или да има 6 денари во џеб а квасецот да е 7...
    Да го плачеш да се откорнеш.
    Но тоа е друго . А темава е македонски синдром. А реално секаде низ свет пример за Божиќ се троши ненормално. Еуфоријата е таа . Па што ако бе луѓе? Нека се троши. Зашо да не се троши? За што работам? Крај краева никој од мој џеб не ми зел за да троши или обратно . И се сложувам со членката погоре -Уште една тема за да се правиме дека ние сме поарни од тие што без везе се жалат дека немаат (да речеме без везе а не знаеме дали е така). Кој е полош? Тој што си кажал што му лежи или тој што оговара за туѓите бајадери?

    Сепак во склоп на темава.. 5 месеца по 200 денари да трга човек на страна ќе направи скромна трпеза од месо лебче салата и благо. Мора да земеме во обзир и дека има луѓе што полесно им е да речат немам а уствари не сакаат.
    СекаквИ не има.
     
    На YoungandBeautiful, Rama, JuLleE и 9 други им се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Ти одиш во крајности. Јас зборам за луѓе кои навистина имаат и што сакаат во муабетот да се истакнат и да кажат колкава сметка направиле ама и да се пожалат дека нема, а имаат, знам зошто со години ги познавам и знам која е поентата на муабетот. Сите знаеме што е убаво и како треба да го поминеме празникот ама, јас еве неможам да си дозволам и не одам во крајност, го поминувам скромно празникот за да можам да го поминам месецот кој е долг и има тековни а и непредвидени трошоци на кои треба да мислам а и деца кои имаат потреби и барања. А, ако се потрошам за празникот колку што не ми е чергата и после ги подујам колешките од жалење, што треба да ми прават, да ме сожалуваат и да ме тапшаат и да ме трпат цел месец?
    Исто како со цигарите, пуши две кутии Малборо дневно, кажува дека кутија е 140 денари ама вика дека нема и дека е скапотија. Дај те молам, од ваквите што немаат ми се лоши. Не виделе што е човек да нема па затоа се цепаат така. Јас кога им купувам патики на децата од Матстар, ме прават немајка, требало од Најк и Пеко само,каква мајка сум била.
     
    На SummerGirl, Rama, Imagina и 5 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас имам колешка што секој можен месец од пола месец натаму почнува да се жали дека нема пари, дека не знае како ќе го преживее месецот, дека едвај чека да земе плата.
    Кога земам во предвид дека има дупло повеќе стаж од мене, значи во најмала мера иста плата, не можам а да не гледам на нејзиното жалење како без веза.
    Плус, дел од тоа жалење е од љубопитност, еднаш и самата си ме праша како тоа јас никогаш не сум се жалела на платата, зарем сум била задоволна...
    За такви ич не ми е жал...
    За оние што знам дека немаат срце ми се пара...
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Почнав од првото мислење кое ти беше општо и одразува еден поинаков македонски синдром.
    Во секој случај, убаво е да се види поинаква перспектива. Јас ја видов таа на твојата колешка, која очигледно е жив напор, но на многу семејства околу мене реалноста им е од таа другата перспектива која е добро да ја видиме. Сум сведочела ситуации што тешко е да се замислат. И добивале и тие коментари за чергите. Затоа овој муабет секогаш ми е тригер, зашто сум гледала како доаѓа од луѓе што појма немале за вистинската ситуација.
     
    На Rama, JuLleE, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ова како дежаву од лани ми изгледа, со темана со одморите :D
    И тогаш од пост во СДК без лоша намера на членка на место, беше извртена скроз поентата, цитирања до бескрај и одделена тема од таа дискусија.
    Видете, јас сум хејтер број 1 на генерализирани муабети дека полни кафичи, одмори и уживање во полна пареа на празници се слика на тоа дека во државата е сјајно и дека целото „кукање“ е само празен муабет. Напротив, тие што немаат да си приуштат за достојна веселба и празници се во мнозинство во дупкава од држава и тоа е непобитен факт.

    Ама читајте од почеток до крај бе луѓе. Баш ми текна на едно мое мислење пред Нова година (среќа сум имала изгледа што не се нашла тогаш некоја цепидлака (facepalm)). Еве, ќе го цитирам овде:
    Или со други зборови - претеран шопинг, без мерка, цитирам, како да дошол крај на свет.
    Јас би го тргнала тоа „македонски синдром“ од насловот, секаде ја има до претерани граници оваа појава.
    Значи, дајте ве молам, немојте да речете дека ниеднаш пред празник ни за момент не сте се почудиле на гужви од луѓе со купишта кеси низ маркети од кои игла не може да се фрли. Оти нема да ви поверувам.

    Е на такви мислеше @ivi1987 во првичниот пост, а не воопшто за збогатена празнична трпеза која сите се согласуваме дека секој човек ја заслужува, и за броење туѓи залци и калории од истата таа трпеза. Плус понатаму за коментарите и „вагањето“, жената си кажа дека има лично и конкретно дополнително негативно искуство зад постот. Затоа и го пишала во СДК, и затоа реков дека таму треба да се забрани мудрување и вакви горки дискусии кои произлегуваат. И се надевам модератор ја праша за согласност за уште разглобување, замарање од нејзиниот пост вака на празници.
    Aj ФМП, chill out и имајте осет, аман!
     
    Последна измена: 7 април 2018
    На CameliaMiller, SummerGirl, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    Јас до некаде ја разбирам поентата на членката што ја отворила темава.

    Мајка ми, на пример, секогаш се потресува за време на празници зашто во нормални околности се едвај има, а не пак за празници кога "треба" да пренесеш малку повеќе на трпезата.

    Јас и велам дека не треба толку многу да се нервира и грижи, таа ке ми се заврти и ке ми каже Па со празна маса гости ли да чекам.

    Значи не, ама не мора ни со преполна ако знаеш дека ке се мачиш до крајот на месецот. А за неа празна маса е ако не е преполна. :|
    Тоа е македонски менталитет - само да не зборувале другите. Ама со оглед на тоа дека за Велигден само најблиски доаѓаат, друго би било проблем доколку почне да се зборува за колку била полна мојата семејна трпеза.

    Патем, малце да се оттргнам од темава - не е само парата проблем. Цел ден е во кујна и криво ми е кога гледам да се мачи, а знам дека ни третина од тоа што ке го направи нема да се изеде.

    Па, за што? Зашто е таква традицијата? За да се докажеме на гостите?

    Можеби јас како млада не го разбирам сево ова.

    Убаво е да се има повеќе за Велигден. Ама ако џебот ти е празен некои работи не се зор и никој не треба да се чувствува принудено да ја има секоја храна за секој празник. Нема да те направи помалку верник ако немаш јагнешко за Велигден.

    И тоа не го кажувам како некој што не сака да слуша како некој се жали, туку како некој на кого би му било криво да знае дека имаш мака со пари само зашто си сакал да достигнеш некаков стандард кој не треба да постои.
     
    На CameliaMiller, Fatalnata, SummerGirl и 10 други им се допаѓа ова.