Спешл, членката си го објасни примерот и во ред е, сфативме од каде доаѓа. Ама читавме до крај, и мислењето е баш од тие генерализациу што велиш дека ти пречат. Ич не те сфаќам. И твоето мислење од пред Н.Г. - па нормално дека ќе е преполно во маркетите у ќе се купува кога луѓето се подготвуваат за празник. И ти си била таму за таа намена и си била дел од гужвата, не? Секој си купува колку што мисли дека му треба, не колку што другиот мисли дека му треба. Ако веќе зборуваме за конзумеризам, тоа е поширока тема и да, премногу непотребни работи купуваме. Ама сите, сите до еден. Јагнешкото и доматите за Велигден не се конзумеризам. Туку нешто нормално што секој има право да си го дозволи без некој да му промрчи. Патем, поентата за одморот на просечната македонска жена... Многу беше јасна. И мене ми дојде дежаву, истото тоа со влегување во туѓите сметки ни одлуки.
Не, не е. Тука се нагласува претерување и после тоа безобразни контрадикторни коментари, и точка. И на другата тема уште стојам на тоа дека поентата беше скроз друга. Очигледно различно ги сфаќаме постовите и не можеме да се разбереме А тоа па Срцката што го спомнала, со акцентот на грижа што ќе кажеле гости за тоа колку има, е исто цела друга реална димензија. Ама не, ајде да сведеме секаква нијанса на муабет на мешање во туѓ џеб. Мех.
Не не, ај да сведеме на она ти како си сфатила, и да игнорираме дека јагнешко и патлиџани беа спомнати ко некој луксуз. Срцката има право да зборува за тоа како се трошат парите во нејзиниот дом. Комшивката нема право да го коментира ентузијазмот на мајката од срцката. Јасна ти е разликата во димензии?
Што има па чудно ако раја шопингува пред празници и ако потрошувачката и гужвата се поголеми отколку во било кој преостанат обичен ден? Изгледа почна да се пишува колку нешто да се напише.
Не за џабе рекле старите - не е секој ден Велигден. Ако замеруваме на тоа што некој купил месо и зеленчук за празников и останал без пари, што друго ни остана... за греота сме. Јадење ко јадење - ќе се изеде. Јас па по маркетите деновиве не видов некој да купува Бог знае што, се купува тоа што вообичаено се принесува на трпеза за Велигден. Далеку од некаков луксуз. Можеби се купува во поголеми количини, затоа што ете, голем празник е, повеќето си ја чекаат фамилијата на ручек, нормално е повеќе да се купи. Тоа што ние на ваквото купување храна гледаме како на расфрлање - тоа е друг проблем.
И јас сум да се избрише тоа Македонски синдром,реално и ромите за Ѓурѓовден душа и се даваат за да просават на нивоу АМа има право да го кометира ''ентуцијазмот'' на мајката ако мајката и ја подуе главата на комшиката како нема ама пак да не речат роднините полупразна или полуполна е масата Јасно ти е постоењето на оваа нова домензија Нема ништо чудно во консумеризмот.Чудното е што народов нема осет од култура и почит на индивидуална приватност на јавен мир и спокој на работа кога почува да замара со жалопојки како нема,ама полни ќесиии ехеее исто како што почнаа да замараат и тука некои со пишување ради реда и вадење од контекст муабети како што прават и со други и во други темиАма форум е секаквИ не има/нема
Кажете им во лице ако ви се досадни и ви го расипуваат раатот. Овде анонимно на форум ништо не решавате, најверојатно не допира до тој што треба.
Јас мислам дека секој што напиша во темава за тоа дека премногу се троши, а се нема (вклучувајќи ме и мене) не гледа во туѓ паричник, туку од лично искуство. Мило ми е што јагнешко никогаш не било за тебе луксуз, но глупо е да игнорираме дека не секој има исто како тебе. Ама добро, ова доаѓа од некој што не се интересира за тоа колку други имаат, така?
Во ова што ќе го речам не се пронаоѓај зошто не е за тебе. Како што погоре се спомна. марлборо се 140 денари. Толку е и половина килограм јагнешко а се наоѓа и за поефтино. Ние сме нација која 140 ден за цигари ни е многу а ако купиш 100 гр бадеми кои се 70 денари одма богаташ те прават. Додека за цигарите не. Не се рачуна тоа... 140 денари за месо не се многу. За жал некој нема ни толку. А за бетер жал некој има ама не би ги дал а вели леле немам за месо. Пре кафе у сити мол ќе пие. ..
Мене па колку ми е смешно да не речам тоа полнење трпези за Божиќ и Велигден. Мислиш Господ на земја слегнал. Ако се натовиме со јадење за празници, не знам дали ќе не држи за цела година?! Ако е така арно, ама не е. За еден ден полна трпеза да внесувам картичка во минус, не би ми паднало на памет. Конкретно, нашиот пазарлук не се разликува оваа недела оти е Велигден, од претходните кога не е. Празник било, лумперај демек. Врска нема. Ако му е убаво некому, секој ден е празник!
Не си ме разбрала за жал. Јагнешко не треба да го сметаме за луксуз што нормално е за некој да не може да си го дозволи. Туку како за нормална потреба за Велигден за која не е во ред да коментираме дека некој можел да ја замени со поефтино месо. Не е фер.
Уф темава ме пецна малкуцка. Имаше период кога бевме деца, живеевме 4ца од една плата, живеавме во една соба, спиевме сите 4ца на еден брачен кревет, и јадевме на една малецка маса. Преживувавме буквално секој ден на леб и маргарин. Ама секој празник, како така, имавме и месо и компири и салата и торта. Сигурно и моите се стискале до следна плата, едвај некако да преживееме, ама нас ни беа најубавите спомени од тие празници. И едвај чекавме да дојдат следните. Толку им се радувавме, дури и тажно ми паѓа. А и тогаш ако јадевме леб и маргарин оти толку имале моите.... Дечки, се додека на храна се гледа како непотребен луксуз ни ебале мајката.
Јас јагнешко без размислување го пишав, онака колку да дадам пример. Немаше потреба за ваква математика. Во ред тогаш моја грешка.
За православниве верници само Хитлер ни треба! Кога се муслиманскиве празници цените ги намлуваат на сите производи за да може секој верник да ја наполни трпезата, а нашиве да не доутепаат со цени до плафон! Срамота! Затоа , нив ги бива, а нас никогаш нема да не биде! Само ова можам да кажам во врска со темава, а кој колку има нека си купи , не се мешам во туѓ буџет.
Ова го имав на ум цело време, многу деца ги паметат празниците по убаво и со нетрпение ги очекуваат оти само тогаш трпезата полна е. Жална е темава.
Трошам во границите на нормалата. Иако е празник не мора последната пара да се потроши за храна, па не е крај на свет. Но секој со своето размислување. Колку сака и колку мисли да потроши нека потроши.
Има луѓе што јагнешко со очи не виделе и им е луксуз дури и за Велигден кога наводно е задолжително да го има на трпеза. Никој на никого не му гледа во новчаник и не му крои планови како да го помине празникот, ама ако ти како домаќин си спремен да наполниш трпеза и да нагостиш блиски и подалечни тогаш немој од вторник па до плата да ги тероризираш сите околу тебе дека немаш за леб, толку е лесно.
Кога ја видов темава одма си помислив на тоа колку потрошивме денес јас и татко ми и дали сите работи што ги купивме стварно ни беа потребни. Додека пазарувавме тој ќе се фати за нешто, а јас ќе речам не - не ни треба, или еве од другото, поевтино е. Тој сакаше да јадеме ручек во ресторан, јас му велам да не одиме, да купиме скара или нешто готово испечено за дома за да и однесеме и на мајка ми, или тоа што најчесто го кажувам - ќе си јадеме дома. Луѓе, не знаете колку сте среќни вие кои секогаш сте имале за некои работи што некој само сонувал да ги има. Верувам дека затоа и не ви се верува како некој може да даде многу пари во вакви случаи, а после цел месец да мисли со што ќе живее. Верувам дека некој сака барем на момент да заборави на финансии и да помине убав ден со фамилијата. Знам, знам, има пушачи кои вечно кукаат дека немаат пари, ама во ова мислење ќе зборувам за друг тип на луѓе. И јас исто сметам дека не мора да се потроши цела плата за трпеза на која секој ќе се прејаде, и пак храна ќе остане, и пак нешто ќе се фрли. Но, сметам дека секој си има право како да си ги троши своите пари. Кај нас дома никогаш не било случај да се купи цел маркет за да не се засрамиме пред другите, а после цел месец да немам 10 денари за во школо. Секогаш се поминувало поскромно, а и никогаш не сме имале многу гости за да правиме огромна трпеза. Додуша, го имам слушнато татко ми како и вели на мајка ми кога таа ќе порача да и купи нешто: "Наредниот месец. Не може децата да гладуваат цел месец." Си дојдовме дома, натоварени како магариња со еден куп торби и тогаш дури сфатив дека татко ми после долго време се чувствува слободен, финансиски обезбеден и сака да приушти се што не можел некогаш, и себеси и нам. Овде не мислам на јагнешко, сами си одгледуваат месо и секогаш имале доволно. Но, се работи за некои други поедноставни работи. Никогаш, дури и како дете, не завидував на луѓе кои купуваа повеќе од нас, никогаш, бидејќи едноставно е - воспитан си дека имаш помалку, дека можеш да купиш помалку и дека некој друг едноставно има повеќе. И истата траума уште ме држи. За татко ми, работел уште откога бил дете и срамота е некој да го гледа со презир (да гледате некој со презир) ако си направи четири цифрена сметка во маркет само затоа што некој друг не може да го направи истото. Не е луксуз и не треба да биде да можеш да си приуштиш краставица или патлиџан во април месец. Не е луксуз да направиш нешто благо дома без стопати да проверуваш дали ќе имаш доволно пари. Не е луксуз да си купиш од поскапите маслинки бидејќи од поевтините те фаќа пролив. Не е луксуз да си купиш нови домашни влечки бидејќи ѓонот на старите ти е расцепен на пола. Ја прочитав цела тема и за на крај заклучив дека премногу се води есап на туѓиот џеб, наместо да си гледаме во својот...и сметам дека самите си ги правиме комплексите. Ако јас на моето дете можам да му овозможам здрави патики, што не пропуштаат вода, што немаат дупка во ѓонот, мене нема да ме интересира какви патики носи детето на колешката и нема да ме допираат нивните коментари бидејќи сепак јас сум се остварил како родител...ако јас денес имам да јадам ѓеврече и јогуртче нема да ме интересира што колешката јаде сендвич или бурек бидејќи тоа е, живот. И затоа, ќе терам со онолку колку што имам, како што сум воспитана и како што беше досега кај нас дома. Не сакам да правам притисок на никој, само го кажувам ова од перспектива на некој којшто немал, а сега има.