1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски синдром на преголемо трошење за време на празници

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ivi1987, 6 април 2018.

  1. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Пак ќе се надоврзам. Ако сум гледала што другите можат да си дозволат а јас не, мислам дека би станала љубоморна и алчна и би им викала зошто моите не можеле тоа и тоа да го купат. Викала сум но во себе и и размислувала сум дека секој човек води различен живот, некој има повеќе некој помалку. Секогаш сум наогала причина зошто е тоа така.
    Сите викаме дека секој треба да си гледа за себе но сепак пак гледаме во другите.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    За жал, темава произлезе баш од таквите што водат туѓ есап и паметуваат. Не е убаво на човек што денес за појадок има само ѓеврек купено и што кажува дека празникот скромно ќе го помине, затоа што ако се опушти за празникот ќе гладува цела фамилија до плата, некој да му кажува дека ако треба и ќе се задолжи ама полна трпеза е задолжителна, правите домаќинки спремаат печење и разни видови благо, салати и што уште не, и дека таа што не спрема е мрзлива и недомаќинка.
    Купувајте и правете за себе а не за да се пофалите на народот колку сте вие прави домаќини а воедно и да се пожалите и кукате за потрошеното.
    И да, за некого деновиве е луксуз да купи месо, краставици и домати зошто цените се до плафон. И, срамота и греота е на таквите да им се потсмевате и да им паметувате дека на ваков голем ден мора да се снајдат за да го имаат на трпезата.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, Srcka $ и 8 други им се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    @ivi1987 ако имаш вакви луѓе што си дозволуваат да кажат вакви коментари, треба да ги отпишеш или ако не можеш да го направиш тоа, едноставно игнорирај ги.
    Јас сум била исмевана затоа што на родендени кај мене имало само еден вид на слатки, а кај другите деца имало повеќе видови. Можеби во моментот ми било криво, ама сметам дека толку имале и толку купиле. Се помирив со ситуацијата која беше тогаш и уште не можам да излезам од таа траума.
    На форумот никој не кажа дека некоја е мрзлива ако не спремила месо, или недомаќинка ако не купила зеленчук. Па ова е прва година кај нас за празник да се тера малку поопуштено. И дали треба јас да чувствувам грижа на совест затоа што моите дома после цел живот мака можат да си тераат како што сакаат? Нема да чувствувам грижа на совест во никој случај, не се потсмевам на никого во никој случај, не паметувам исто така, бидејќи убаво знам како било кога сме немале, ама не ни очекувам некој да се навреди заради тоа што ете, сме купиле малку повеќе од вообичаеното. Секогаш, на сите нешто ќе им биде луксуз, освен ако не бевме билионери. На некој повеќе нешта, на некој помалку. А ако мојот пост го сфати како фалење, воопшто не ми е намерата тоа.
     
    Последна измена: 8 април 2018
    На YoungandBeautiful, Srcka $, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    За жал вакви луѓе постојат. Постојат и луѓе што се чудат што за Велигден немаш купено јагнешко и што викаат дека е задолжително за денот.
    Никој не рече дека тој што купува повеќе за празникот треба да има грижа на совест за тие кои неможат да си дозволат повеќе од вообичаеното, ама дека реално не треба да се жалат дека многу потрошиле. И, неможеш да ги игнорираш ако се околу тебе секој работен ден.
     
    На SummerGirl, Srcka $ и Rama им се допаѓа ова.
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    @ivi1987 за жал, секогаш ќе има луѓе кои се желни да се докажат колку имаат и што имаат, пофалат, без да размислат како ќе направат да се почувствува оној кој нема.
    Јас имам другарка која што е пушач, нонстоп купува облека, јаде по ресторани, и на крај месец се случува да ми побара пари и нонстоп да ми се жали дека нема пари. Инаку, земаме горе - доле иста плата. Мајка ми имаше познанички што и трубеа како требало да се пречекуваат гости на празници т.е што да има на трпезата. Знаеш што им рече таа? Секој колку си може толку. И мене ми кукаат другарки како немаат пари, ама секој викенд се по кафани и дискотеки, патувања и шопинзи. Или не знаат да раководат со пари и стварно немаат, или се толку полни со себе и се зависни од тоа што ќе речат другите за нивниот живот. Едноставно, некои луѓе се такви. Можеби зошто сум опкружена со такви уште како дете веќе се навикнав на такви коментари.
     
    На SummerGirl, Srcka $, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.753
    @ivi1987 Такви што само се жалат дека немаат, а од друга страна демек уз муабет ќе кажат што потрошиле игнорирај ги. Пушти си музика или смени тема, ако веќе не ти е згодно да ти игнорираш. Се гледа дека ти пречи таквото однесување, ама реално, дали вреди да си го расипуваш расположението, а воедно и нервите на вакви небитни работи?

    Што се однесува до темава, обично стрина ми и сестра ѝ знаат да се пожалат, ама мубетов не ми е интересен па само викам "аха, да" и по некое време самите менуваат тема.

    На празници купувам, родендени исто. Ваквите денови ми се ептен магични, посебни, како такви ги паметам од мала и сакам да го зачувам тоа чувство. Кој колку троши, зошто троши - не ме интересира. Можам само да префрлам ако мене ми се мешаат, а и тие самите не се цвеќе за мирисање.
     
    На SummerGirl, Srcka $, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.606
    Допаѓања:
    151.826
    Ја видов темата ама не ми е јасна шо е поентата
    Било праник или не било тропшоците си одат
    Дека стварно премногу пари се трошат на храна е точно
    А празник а не јас си пазарувам нормално како и секој друг ден
    Ја уствари незнам ни како ви се размислува за ова а не па да го правите муабет
    ако некој те замара и неможиш да го слушаш му кажуваш фино лепо у 4очи и крај
     
    Последна измена: 8 април 2018
    На stevemila и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допаѓаат вакви теми каде се разгледува туѓиот буџет, не само на форум, туку и надвор кога отвора некој таква тема на дискусија, не е во ред. Без разлика дали самиот се жали, или други му проверуваат во кесите. Но, ако се пожали, можеби навистина се соочува со финансиски проблеми и штом чувствува тежина нека зборува, не дека ќе ме заболи главата, на таа личност секако и е полошо. Е, ако знам дека изведува и не е до толку, а постојано го прави истото, реагирам да не ме полни со негативности, ако продолжи по старо, пак реагирам и така се додека не престане. А дека за празник не требало да се купува нешто посебно, па дајте ви се молам, слободни денови, повеќе време за гости, излегувања, тоа подразбира и повеќе храна, подароци за блиските, нова гардероба... Пред 200 години под турско луѓето специјално за Велигден набавувале нови алишта, во 2018-та стана спорно? :D Се извинувам ако некого повторувам, кажав дека не ги читав сите мислења.
     
    На YoungandBeautiful, Rama, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  9. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Благодарам за совет,пред се на @ivi1987 и беше овој проблем актуелен на работа,ама ок,еве нека ми се најде и мене,ама се сомневам дека ако му кажеш на некој да не те замара ќе делува. Еве на форум не длува,се бламираат,одат надвор од тема на муабет,иако темата не им се допаѓа.а не па на работа кај што секој си гледа за себе и си зборува што си сака.
    Мислам нема потреба да замолчуваш некој со навреди,спинови и земање преголема слобода да се плеснело в лице. Сметам дека игнорирање на заморни лица и теми кои не ни се по вкус е најдобро решение.
    Ама па и игнорирањето некако не е за сите применливо:?:
    Ти одговорам дека ме цитираш и тоа е тоа. Можда треба и двете практично да применуваме игнор. Сепак ти должиш извинување за сите навреди,ама нека ти биде по миле воље и така како неосновани се избришани:D
     
  10. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Само јас не гледам каде и како членката што ја отвори темата разгледува туѓи буџети и кажува кој како треба да си ги планира празниците?

    Не сите ги делат истите гледишта дали треба да се троши и што имаш и што немаш за празник, така да секој нека си прави како што му е убаво на душата.
     
    На SummerGirl, Rama, ivi1987 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Не си единствена што не гледа нешто што го нема спомнато членката што ја отвори темава.
    Како што претходно напоменаа само да се пише нешто,да се извади и нешто што нема.
    Таа никаде не напиша колку и е платата на колешката и колку потрошила за празнична трпеза.
    Ама пак сите различно гледаме8-|
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Јас уште се чудам дали мојот коментар кој го пишав уште на почеток е за во темава. Мојата поента не беа конкретно празниците, туку генерално цените кои месеци наназад се драстично зголемени.

    Исто и за вториот дел од коментарот сакам да се доискажам дека кога го пишував постот во сдк, пример ми беше мајка ми. Се што напишав во тој дел се однесуваше на неа и нејзината фамилија. Гледам муабетите се за есапење туѓ џеб, ама јас изреволтирана од неа што секогаш кука дека нема (дури ни да дојде да ги види внуците) го пишав тоа што го пишав. Иако ми е мајка, не сакам да им се мешам во домашниот буџет, ама ме погодуваат некои постапки кога се работи за роднински врски, свест и совест.

    Во врска со темава, кој колку сака нека троши. И да има помалку и да има повеќе. Ама не оправдувам ни жалење ни фалење кој колку имал/немал, потрошил, направил... Најмалку потценување ако некој не ги исполнил туѓите очекувања.

    Можеби немам премногу, ама за тој ден сакам да си допуштам повеќе. Можеби имам повеќе, ама не ме исполнуваат полни трпези и адети. Можеби на едно штедам, а на друго "пуштам" повеќе...
     
    На CameliaMiller, Rama, Imagina и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Не само за празници, има луѓе кои кога ќе земат плата, трошат ко луди, па после до крај на месец се стискаат одвај. Ама во право сте, тоа е нивен проблем. Јас лично не сум од тие луѓе кои за празник ќе трошат повеќе од дозволеното, па после цел месец преживување. Ако веќе знам дека доаѓа празник и сакам повеќе да потрошам, со време ќе почнам да си тргам на страна. И сега правам така, иако уште сам не заработувам.
     
    На Sesil, SummerGirl, Srcka $ и 7 други им се допаѓа ова.
  14. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    135.257
    Пол:
    Женски
    Не би коментирала колку и дали треба да се троши, кој колку може и сака. Но ми боде очи ова *Македонски синдром* , мислите во други земји е нешто поразлично од тука за празници? Баш скоро читав за Англија, просек околу 1000 фунти по фамилија се троши за Божиќни празници. Не знам зошто секогаш се нагласува тоа *кај нас* кога се дискутира за нешто што можеби е претерано за некого
     
    На kukla21, Rama, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  15. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    @Bridget го истакна ова што боде очи,се надоврзамве неколкумина и јас ито така. Еве и ти,ама некако тој дел се уште не е корегиран. Се надевам ќе се земат во предвид нашите барања,бидејќи реално сите народи ги дрма таа потрожувачка еуфорија,претеризам,конзумеризам пред важни датуми во календар.
     
    На Rama и zuto им се допаѓа ова.
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.905
    Допаѓања:
    135.257
    Пол:
    Женски
    Не ги читав сите мислења само последнава страна, мило ми е што не и други го делат истото мислење :)
     
    На CaraMia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Македонски синдром не е трошењето повеќе за празници, ами бутање нос таму каде што не му е местото, во случајов кој, колку, зошто и како потрошил. Па уште и менаџирање на туѓиот буџет, како и што требале да праат. Тоа е македонскиот синдром. Па насловот е сосема коректен.


    Мене ми е малку злобно некој со редовна плата да му рече на хонорарец -“па требало порано да мислиш” или “ако си тргал пари на страна со време, немаше сега да се жалиш”! А се знае дека земјава на хонорар ни диши. Еве јас знам како е да не можеш ни 100 денари на страна да ги тргнеш во месецот, а не повеќе. Сум осетила на своја кожа. Многу е лесно да се каже на некој со хонорар или воопшто без да се знае каква е реалната состојба на некој, -па тргај на страна! Оти тоа се веројатно многу глупави луѓе, тие сами не знаат како треба со парите што толку мачно ги заработуваат па ете баш ти треба да им кажеш. |(

    Исто, како што за некои луѓе празниците не се ништо повеќе од обичен ден, за други значат нешто повеќе. Доживувањето кај секој е различно. Па така и организацијата, вложувањето и трошењето околу истите.

    На некои од нас единствени среќни спомени од детството со малку побогата трпеза од обично биле токму овие денови и некој ќе се дрзне да каже дека тоа било претерување. Ама сит на гладен не верува. Тоа е.
     
    На eli25, YoungandBeautiful, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  18. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    @Yowannty штом сметаш дека треба да се опфати македонскиот синдром на бутање нос во туѓ џеб тогаш темава не македонски синдром на преголема потрошувачка треба да се преименовуа во
    Македонскиот синдром на водење есап за туѓ буџет поради преголема потрошувачка и оправданост/неоправданост на тој конзумеризам:nod:
    Зошто вака во насловот на тема недообјаснето што е тој македонски синдром,делува само како ние како народ дигаме револуција по пазари и маркети пред празници а не е така,и други народи патат од оваа појава.
     
    На zuto, Yowannty и M&M им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Јас не мислам дека е тоа неконтролирано трошење на храна. Луѓето купуваат бидејќи обично наредните ден два се неработни, па претежно маркетите не работат. На празници семејствата се собираат, си одат на гости, нормално нема на празна маса да ги пречекаш, деца ти се, внуци, правнуци. А и ако си купил повеќе а ете не ти дошле многу гости, не значи дека се ќе изедеш. Не значи дека ќе изедам цело прасе, полна тава скара, руска, кифли, две зелки,5кг краставици, пакет сокови, две торти и тепсија колачи во рок од ден два. Секако дека ќе јадам нормално а не надпросечно. Сакам да кажам дека и со купенатата храна се менаџира. Секој ден јадеме и пиеме, а ако немаме за секој ден гозби, за празник или за слободни денови поминати со најблиските ќе одвоиме(ако имаме).
    Не се жалам на крај дека немам, сме купиле, сме изеле заедно и тоа е.
     
    На Rama, dunika, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Нема тука голема филозофија за анализирање. Скоро сите големи религиозни денови се претворени во само едни обични конзумеристички денови. Не само кај нас, туку секаде низ Европа. Тоа се должи на фактот што голем дел од населението мисли дека е религозно, а не е. Или си ја практикува религијата како нив им одговора или како некој друг им ја сервира. Го преплавија фб со слики од пораки и јајца чекирани на излет во некои од соседните земји. Верувам дека во животов не виделе, ниту слушнале за Светото писмо и за страдалничката недела. По начинот на коишто го прославуваат празникот испаѓа дека народов повеќе се радува што го распнале Исус отколку обратно :D
     
    На Rama, CaraMia и Imagina им се допаѓа ова.