1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски синдром на преголемо трошење за време на празници

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ivi1987, 6 април 2018.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    Ама, не е тоа спорното туку жалењето после тоа. На крајот, од еден обичен пост во СДК се дигна узбуна и со камења почнаа по мене да мават. Ич не ми е гајле кој колку троши и кој колку има, ама не сакам да слушам жалопојки до крајот на месецов секоја година за секој голем празник, едноставно непријатно е за очи и уши. И ние денес се собравме со најблиските на скромен ручек и многу убаво поминавме, бабите и дедовците немаа јагне и не се жалеа дека се нема, иако се далеку посиромашни од тие што се жалат и трујат со жалопојки.
    Само, како и во секоја тема се извртува реалноста, секој пишува како му одговара, а не како што е реално напишано и вистинската поента. И не, јас не зборев за луѓе што немаат а се жалат, туку за оние другите, што и те како имаат ама од навика ли, за да се истакнат ли незнам, ама се жалат и баш за нив беше мојот пост во СДК.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.234
    Неспорно е е секој за празник да сака богата трпеза.
    Спорно е што се подразбира под тој поим "богата трпеза".
    За себе да си кажам..
    Божиќ и Велигден се најголемите Македонски празници.
    За нив се спремам,ама сериозно се спремам.
    Трпезата е традиционална и не правам вон-сериски јадења,напротив,настојувам се да е димашно,месено и спремано како мама и баба.
    Не аздисувам.
    Од се по малку,на крај,полна е масата.
    Во животот сум доживеала голема мизерија и сум научила дека после СЕ има и УТРЕ,па можеби од страв за тоа дали ќе има за утре се однесувам нерасипно или можеби према некои-скржаво.
    Јагне оваа година не купив,ама не значи дека баш денес и по оваа цена морам да го јадам..

    Е сега,за туѓиот џеб..
    ..од каде да знам,ако некој не кажал дека за (на пример) Велигден потрошил Х.0000 денари?!?
    Па после 10-ти секој муабет му е ист..нема па нема..
    Нит знам колку има нит ме занима,ама...според него " секој ден не е Велигден"...
    ..ама и друга има -без ризик нема шизик:).
    Во време кога сите знаеме колку можеме,невреди да се силиме:)
     
    На crimson, M&M, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    34.164
    Пол:
    Женски
    Уште 100 години да живеам тука нема да можам да се навикнам и да се помирам со типично македонскиот синдром на простачко и некултурно мешање во животот на ближниот. Јас не знам како не ви е мака да разглабате туѓи животи и финансии? Па дури и да кроите туѓ буџет :^) и да кажувате кој колку и како смее да јаде или купува за празниците или општо? Еве не знам... :?:
     
    На YoungandBeautiful, Rama, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Едвај чекаат да дојдат празници и да се очукаат од алкохол а да ги питаш што празник е нема ни да знаат да ти одговорат битно јадат се пијанчат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно - ќе троши кој колку има. А да земам да се замарам кој трошел многу и кој имал појќе од мене, нема шанси. И џабе другарка се засили да оди на патување на романтично место надвор од Македонија, идиотот дечко и му истекол пасошот. Значи џабе се испофали. На крајот, ниту на почеток не му бев љубоморна, а на крајот си реков само бог да чува, фала богу што мене не ми е дечко. Затоа што повеќе нема да беше хахха џабе пари ако немаш, мозок, јбг тој не се купва
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Ти може во Австралија родена си па вака многу изненадена сега. Блиските во Мк често си споделуваат информации за финансиска состојба, оттаму и мислења и коментари. Членката со првиот пост си кажа мислење врз основа на тоа што некој и се пожалил за својата состојба, не му отворила она скришно во новчаник. Претерувате со ова -мешање во туѓ живот, форум е, се коментираат ситуации, некогаш се претерува ама некогаш и се глуми паднати од Марс.
     
    На ivimis, YoungandBeautiful, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  7. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    5.603
    Пол:
    Женски
    За мене празнициве, општо земено, се пред се убав повод за собир на блиските и семејството, нешто што се поретко се случува.
    А дома не сме правеле фешти, со викнати роднини за да видат колку имаме или немаме. Нит сме викале такви, нит сме оделе. Се знае кои ти се блиски и важни.

    И секогаш памтам да сме имале убава и полна трпеза, и кога имало од повеќе и кога скоро и да немало. Дали имало години кога моите ги пребројувале и ситните пред да влезат во маркет? Да. Ама кога ќе ги премерам сите агли, НЗС му доаѓа важноста и убавината на тој момент, да седнеш на маса со блиските, со домашна храна и вино, да се посмееш и да во еден момент се почувствуваш како ништо да не ти фали, што на некој начин и е така - зашто околу тебе ти се тие што ти значат, здрави се, прави се и заедно сме на купче, и ќе се истуркаат и најлошите години, заедно. И така и било, и ќе е.

    Сега сум далеку од дома, и пак со мерак се собравме неколку блиски македонки и си направивме убава трпеза, со се' по список. Ако го тргнеме на страна моментот дека зеленчукот има вкус на пластика, ракијата беше наша, и ми дојде душичката троа на место. Дали тоа што за денес испазаривме толку значи дека ќе тргнам од буџетот за други работи месецов? Пак да. Дали ми е криво? Воопшто.

    И нема да ги превртам очите ако близок ми каже дека го потрошиле празниците и сега нема, зашто тргнувајки од моите дома, знам колку сакале јас и брат ми да ни на момент не почувствуваме дека нешто фали, како деца. Како растеш, така гледаш некои работи со други очи. Само тие знаат како било, и знам дека направиле се' за да не дознаам јас во иднина. И се надевам некој ги ислушал и си кажале што им лежи, зашто човек како човек, кога му е мачно, ќе си каже и ќе сака да го разберат. А, ако сами не си се разбираме во маката, никој нема.

    Се надевам имавте убав и весел празник. :)
     
    На YoungandBeautiful, LivingGlam, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    34.164
    Пол:
    Женски
    А треба од Австралија да бидеш за да не се согласуваш со простачко мешање во туѓ живот? Хм... :^) Ај ако не да се претопиме во мнозинството (простачко и некултурно) и да живуркаме!
    И да, повеќето тука (вклучувајќи ја и креаторката на темава мислам) коментираа за тоа кој колку и како троши за празници? Па дали имал или немал толку да троши? Па дали смеел да потроши толку и што ќе правел до крајот на месецот? И слични бисери...
     
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    18.025
    Пол:
    Женски
    Работата не е тоа кој колку потрошил за празниците, туку дека постојано кукаат како се немало, а кога ќе дојде празник и продолжен викенд одма надвор од државата одат. Познавам многу такви кој " немаат" и постојано се жалат. Тие не осетиле како е стварно да немаш.
     
    На SummerGirl, Rama, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Се појавуваш на сред тема на форум (за трошење бај д веј) и велиш -простачко мешање во туѓ живот. Навреда за многумина тука што искоментираа како прво, а второ го истакнуваш сопствениот простотилок од кој толку многу сакаше да се оградиш.
     
    На wannaBeMomma, dunika, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    А јас уште 100 години да живеам тука нема да се навикнам на претераната потреба некој да се истакнува колку потрошил и јадел, да ги навредува луѓето околку него што не потрошиле и гостеле луѓе како него (недомаќини, никакви) и да се жали и да кука и да ни ја отече на сите главата до крајот на месецот. И, никогаш нема да се навикнам на ваквата дрскост и потреба од навреди како твоите...
     
    На SummerGirl, Rama, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Иви срцка темава не е за тебе и што си пишала ти во сдк. Општо стана муабет на таа тема и нема потреба да се објаснуваш. Сакале ние или не сите кукаме . Колешката кука дека ќе нема пари ти кукаш од колешката... Сите за нешто кукаме. И ок е. И мојата на работа кука ама не и судам. Нека си каже. Секој има право во животот да каже што сака и да пише на форум што сака. Но темата нема наслов Иви рече вака. Туку Мак. синдром на трошење. Што за мене не е во ред насловот ама ете..
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    Лили, јас пишав само еден пост во СДК а не ја отворив темава. Ама, од еден пост сите почнаа да цитираат и така за да не се полни СДК,не префрлија тука. Жално е што мојата поента не се сфати, трагично е. Луѓе што навистина немаат, еднаш не се пожалиле и се далеку посреќни и поскромни од луѓето што имаат тродупло повеќе и се жалат. Жалосно е што на најголеми верски празници луѓето сакаат да се истакнат, понижат и згазат луѓе што се многу под нив. Секој со поголеми финансиски средства знае да наполни трпеза, да пречека гости и да биде домаќин. Ама, жално и бедно е кога апла на некој му ги знаеш финансиите, истиот тој знае ти со колкави примања си, и истиот тој те навредува дека си недомаќин ама и ти се жали дека нема, а и ти и тој знаете дека не е така.
    @An-na те замолувам да читаш подобро и да се обидеш да ги разбереш постовите па да се дрзнуваш да навредуваш. Патем, јас напишав пост во СДК а не сум креатор ни на темава ни на насловот. Ама, во секоја тема те има за да навредуваш и паметуваш, не ни очекував нешто поинакво од тебе.
     
    На SV1911, moonlight-girl.55, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што ви била поентата и муабетот во сдк, немав ни намера да те напаѓам а и немав време да ги исчитам сите мислења. Темата имаше јасен наслов а и почетниот пост асоцираше на насловот, мислам дека бев он топик со мислењето бидејќи се задржав во рамки на насловот, убаво си пишува-преголемо трошење за време на празници.
    А тоа за што ти збориш, трошеле па кукале како немаат, не се случува само за празници, тие си кукаат секој ден. Таков случај е и кога се расфрлаат по одмори, мора у грчка да се отиде, секој ден лежалки и коктели, навечер нешто опасно жестоко, секој ден нови купаќи, цигарче ова она, гиро суфлаки, а кога ќе дојдат дома во реалноста оф куку леле како ќе се истрпи до први. Епа ќе трпиш кога сакаш една недела да се осечаш ко кинеска краљица.
    А и се жалат тие кои имаат ама се им е малку, ретко гледам да се жали некој што нема, тие знаат колку им се можностите и колку можат да ги испружат нозете.
    Не е до парите, до луѓето е.
     
    На WarriorAngel, SummerGirl, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    Ете таа ми беше поентата, куку леле од луѓе што не треба да кукаат. Почит барем и осет кон тие што не се жалат а живеат во беда. Имам блиски луѓе што живеат со 200 евра месечно, еднаш не се пожалиле а за жалење и плачење е работата. Плус, јас првичниот пост го пишав зошто традиционално пред секој празник и одмор го слушам истото, за празник до наредна плата а за одмор цело лето. И, тоа трае со години и е неподносливо. И, уште од истите луѓе слушам секогаш дека на децата треба само квалитетни обувки да им купувам, органска храна, одмор задолжително (немајка зошто не ги носам, ќе се задужам ама одмор мора) итн. И, после јас сум била проста и дрска и сум гледала по туѓи новчаници. Далеку од тоа, далеку.
     
    На SummerGirl, CaraMia, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе пишам како продавач на свежа храна.
    Вие стварно мислите дека луѓето пари немаат?
    Тој што нема зима малцр драги луѓе по едно кило а јас овие денови кило месо не памтам да сум продала најмногу два пати можеби.
    30 души пола саат чекаа да се отвори маркетот сабајле,тоа нее од немање луѓе.
    Тој што кука тој има јас тоа ќе кажам баш тој има да си овозможи се.
    А ѕоа што купуваат големи количини,немора да значи дека се во еден ден ќе изедат.
    Викаат сега е поевтино утре ќее поскапо си користиме ќе купиме повише и ќе замрзнеме.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    А зошто се замараш со небитни муабети и небитни луѓе? Од едно уво влегло, од друго излегло. Никогаш не дозволувам да ме погоди таков муабет, или да ме изнервира па да се опседнувам со нив. И Доналд Трамп може јаде кавијар секој ден и за секој ден од месецот има посебен автомобил, ама не паѓам у несвест што и јас немам, тоа е животот, не може секој да биде Трамп :D
     
    На eli25, SummerGirl и monik55 им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.801
    Јас па за празници не трошам ич. Повеќе сум во добивка. Треба повеќе празници вакви.
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.809
    Пол:
    Женски
    празниците и треба да се паметат по убави нешта,убава трпеза,фамилијата на куп.Е сега кој колку може толку.Џабе си ги ‘мериме’ можностите кога на сите ни се различни.Јас еве како дете од некои си 8-9 години паметам до ден денес една случка.Излеговме со татко ми на ден Божиќ низ град со мн мн малце пари во нас.И застануваме пред онакво дуќанче каде се вртат и печат кокошки .И гледаме и двајцата.Вика татко ми а да купиме?Па еднаш е Божиќ да му се плукнам.Мислам немаше тогаш посреќно дете од мене.КОКОШКА ЕЈЈ.На печена кокошка се радував што ќе ја имаме.Е вистина наредните денови си продолживме пак со маргарин и мармалад ама бар Божикот го поминавме за нијанса поубаво од претходните и наредните денови.Мислам дека за мајка ми како домаќинка празната трпеза за празник беше голем пораз.Ставете се на место родител како е кога ги стискате последните пари а сакате и вашете дете ко и останатите бар тој ден да проба торта,да има сок кој не е за растварање,да добие пакетче,да има кифли и руска.Не осудувајте зошто некој ја преполнил или воопшто не на наполнил масата.Алот никому дома не му го знаете
     
    На M&M, oblace1, eli25 и 21 други им се допаѓа ова.
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Јас за празников не потрошив ич :D.
    Поминавме 4 прекрасни дена кај родителите во пакет со маж ми, детето, сестра ми, зет ми и внуката:).
    Порано како деца, памтам дека секој Велигден ни купуваа нова облека и црвени чевлички и се шетавме со радост на тој ден и секогаш имавме месо, салата кифлички и преубавите торти на мама. Еднаш памтам, татко ми купи јагне и мајка ми го печеше дома. Толку ни сметаше миризбата со сестра ми , што цел ден се шетавме со затворен нос и проветрувавме низ дома. :rofl:Тогаш увидовме дека не јадеме јагнешко и повеќе не се најде на нашата трпеза.:lol: Моите се сладеа на мевцето, а јас и сестра ми не можевме да јадеме ни од останатата храна оти не уби миризбата:rofl:. Ќе го памтиме тој Велигден:worried:.
    Мене овој празник многу ме исполнува и не жалам пари, туку како што кажав, пазарџииве ја користат еуфоријата на вернициве и злоупотребуваат со високи и нереални цени.
     
    На eli25, SummerGirl и Rama им се допаѓа ова.