1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски синдром на преголемо трошење за време на празници

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ivi1987, 6 април 2018.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Ја стварно не можам да го разберам ова. Како крај на свет да дошол.
    Тоа редици на фрижидер во маркет, чунки треба да се купи се од месо. Јагне.
    Јагне бе!!!! Па нема друг ден јагне да се јаде? Или руска салата. Само за празници ли?
    Немам ништо против, кој сака и млеко од пиле нека купи, само да нема редица пред каса. Страшно ме нервираат тие гужви. Сум отишла по леб а чекам 10мин, губам драгоцено време, по цели рафтови кренале.
    Јас пазарам исто како и за сите денови. Да, сакам со семејството да седнам да ручам, ама нема потреба од тоа да немам место каде чинија да ставам, па после да се превртувам од храна.
    Посебно како верник, од религиски аспект прејадување е грев. Подобро однеси на некој што нема, отколку да ти перат црева од храна.
    Подобро леб и сол во мир и хармонија, отколку куп храна во немир и кавги.
     
    Последна измена: 9 април 2018
    На TheGoldenPeach, Vitaly, Nastja97 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Јас сум за да има "од се по малку" а многу чести сум присуствувала на трпеза каде има од се по најмногу. И не се празнува со богата трпеза се празнува фанилијарно на трпеза со онолку колку се може макар и само салата леб и сирење.
     
    На SummerGirl и Rama им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Последно кога бев онлајн,мојата тема беше нај активна,знаете онаа за немажените дaли се терет дома :Dсе логирам сега,и оп гледам нова тема,ја засенила мојата :worried: патем и каша-попара сте направиле се бре :D

    Ја сфаќам поентата на @ivi1987 жената не кажа ништо страшно за така да и се нафрлите.
    И јас сум била опкружена со вакви кукачи,кои кукаат како се нема,а упорно и упорно приготвуваат од пиле млеко на маса,што не дека е погрешно,ама барем нека не кукаат како се нема.
    Од друга страна,точно е дека секој заслужува да спреми убава трпеза за празник,ама постои и една сурова реалност која не дозволува секому да спреми трпеза според заслугата и замислата,а не дека не заслужиле...не се домаќини или не знам ти што.
     
    Последна измена: 9 април 2018
    На Nastja97, BlackAndWhiteSwan, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Иви, тоа е форумов - место за дискусија. Не знам зошто го разбираш ко каменување, кога секој може да си искаже некој став. Иако твојот пост е земен како прв, не треба секое мислење да си го сфаќаш лично. На крајот, мислењата од првата страна, кога почна дискуссијава, го дадоа текот на темата. Исти такви постојано се повторуваат на форумов — тој што нема не се жали, ко некоја мантра станало. :D И се повторуваат и тие другите, подеднакво досадни мислења, дека секој треба својата сметка да ја гледа. Па што ако некој те цитирал и се направила тема, може и ќе се разбереме.

    Твојот случај го сфатив по објаснувањето кое дојде подоцна, од првиот пост не се гледа колешката и нејзиното мешање во твојот буџет. Таа се дрзнала да ти каже како треба да трошиш пари и не било баш пријатно, така? Епа, ете.
    И оној што имал па купил и ќе се жали не сака некој да му го коментира буџетот, а тој што стварно се стегнал и купил стварно ќе се повреди од такво дофрлување.

    Некој спомна — ако ми кука го прави моја работа. Па не баш. Луѓе сме, ќе направиме муабет, некому му доаѓа и да се пожали. Очекува да го разбереш, не да го судиш за тоа како несоодветно троши пари. Има и расипници, не велам не, ама пак е нивна работа. Може со совет да им помогнеш, ама сигурно нема да им велиш дека се расипници. Зашто во ситуацијата лице-в-лице си свесен дека таков коментар не е океј. Тоа обично станува отпосле, и е баш оговарање и непотребно осмислување кој, што, како. И е интересен македонски синдром. :)


    И пак, Иви, ова не е наменето за тебе, ти си кажа дека твоето е противнапад. Но е во контекст на дискусијата, а ме мрзи да ги барам и цитирам коментарите.
    Можеби е најдобро модератор да напише нов воведен пост.
     
    На buba4e89 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Сфаќам да сакаш да земиш и да обележиш празник, празникот е ден на радост, најубави денови на децата. Ама, ако е навистина ситуацијата да се нема за леб што се вели до крај на месец - мене лично, би ми било неприфатливо. Да, би си дозволила повеќе од обичен ден, ама не по цена да гладувам остатокот од месецот. Многу работи не треба да се луксуз ама за жал - се. Немаме многу збор во тоа.
     
    На Rama, CameliaMiller, CaraMia и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    ама ТЕБЕ не ти е прифатливо. Значи ЛИЧНО И ПЕРСОНАЛНО тебе.
    мене ми е неприфатливо да ги оставам децата мои барем на велигден да подголтнуваат додека другарите во школо им кажуваат што јаделе и како поминале за празникот.Или јас да јадам маргарин и мармалад додека листам по фб богати трпези.Знаете ли која болка на душата е тоа?и не се работи само за храната и сликата од трпезата.друго е во прашање
    Ништо лично за тебе туку те зедов тебе како пример за сите кои велите ЗА МЕНЕ Е НЕПРИФАТЛИВО
    имате трпеза,затоа така викате.
    претходниот велигден имав во џебот само 400 денари.Бев во маркет да разгледам кои се цените и се вратив направив список со се цени до денарот за да не се засрамам на каса додека некои не ни гледаат на цени.И не ми се тие криви не ми е тоа поентата.Поентата ми е дека на таа еуфорија што владее на празниците греота е да речете купи месо а останатите денови нема за леб.е на такво мешање мислеа членките,и јас,во случај да дојде до забуна

    невер мајнд,ситиот гладниот никогаш не го верува.
     
    На Rama, buba4e89 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Па да, преферирам да нагласам „лично мене“ или некоја слична форма за да нема недоразбирање. Мислењето е цело за лично мене што ми е прифатливо и како реагирам или би реагирала во одредена ситуација, а не за некој друг. :)
    Накратко, немам проблем со некој, или пак како својот домашен буџет го организира тој некој, туку како јас гледам и го организирам мојот. As simple as that, зошто реално како му е на некој дома не е мој интерес, мој интерес е како ми е мене.
    И ќе повторам, мене лично, не би ми било прифатливо да ставам се во еден ден и после да не знам како. А, ако на некој друг му е прифатливо - нека, негово право. @Michelle*
     
    На CameliaMiller, Someonespecial, CaraMia и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Во соодветна тема да, тоа е форумот ама во СДК несмее од еден пост да има цитирање, докажување и паметување без престан.
    Плус, ок е тука секој да си каже мислење и да има дебата, ама пошто се префрлени сите мислења произлезени од мојот пост, твојот беше индиректно напишан за моето мислење, паметување дека не треба да се мешаме во туѓата кошничка и дека пак сме почнале со истото. Плус, јас површно и во кратки црти пишав, не беше темата за да разглабам на долго и широко зошто е моето мислење такво (во превод да нацртам и да се прсвдам)
    А, ако некој не сака да му се коментира буџетот не траба ни постојано да се жали, или не сум во право? Ок е еднаш, два пати па и десет да се пожалиле, те сослушам па и разберам, ама до месеци и години е претеризам и не се трпи.
    И да, во лице им имам кажано дека ако немаат нема да трошат толку, а ако веќе традиционално го прават истото тогаш нека не се жалат постојано или како штоони би рекле домаќински и рационално нека трошат за да не дојдат во состојба да "трпат"
     
    На Rama и CaraMia им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Епа ај ако не, за да не подголтнуваат децата на празник, ќе им земам од пиле, млеко па останатите денови нека јадат сув леб и маргарин. Баш затоа јас лично и за празник и за обичен ден исто трошам за да можам и во обичен ден на децата да им купам млеко, чоколадо, сок и мевце. И баш затоа не се жалам дека немам и дека незнам како ќе издржам до плата.
     
    На Rama, CameliaMiller, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ама сите како тебе не се, има расипници, недомаќини и затоа е темава. Сега ок ли е, може ли да се заврши тука?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Ако ти боде у очи темава, не ја отварај де.
     
  12. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    и демек ти повеќе си во право од мене? или јас повеќе од тебе? ќе ги оставите ли еднаш на раат луѓето? баш затоа и пишав погоре така правиш ти поинаку правам јас
    џабе 20 поста објаснуваш што ти била поентата,не ти успева
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    А зошто да не се посветува време на празници, што вам ви боде очи времето на верниците? Ако јас сум верник и таквата посвета ми причинува задоволство зошто да не го правам тоа кога тоа ме прави среќен?
     
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Луѓето нас треба на мир да не остават, а не обратно. Кукањето нивно е исто како сега јас што уплатив пред некое време за одмор да ги отечам до одење и после тоа дека сум се потрошила, па дека немам, па леле што ќе правам до плата, па како ли ќе го поминам месецот, па леле скапотија голема, кукуууу секој божји ден. Не е баш пријатно нели??? Не ми се должни луѓето да ме слушаат и трпат секој ден со жалопојки, осет треба да се има.
     
    На Rama, eli25, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.535
    Пол:
    Женски
    ама го сваќаш тоа ‘кукање’ премногу лично?Како да некој сака тебе да ти наметне.Веројатно тоа ‘кукање’ иде уз секојдневниот муабет помеѓу колешки,во друштво,фамилијарно.

    тоа е исто како кога постарите викаат леле цел ден чистев и пак не се познава :D

    на луѓето кај нас тоа им е секојдневие...како високи сметки ,скапа храна,скап пазар,мали плати итн.Ти немораш сето тоа да го приваќаш со толкаво замарање.
     
    На AnaKarenina, SV1911, YoungandBeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.623
    Допаѓања:
    152.138
    Во тој случај ке ти речат луѓето или еден од нив
    Ај не ми кукај штом си уплатила значи имаш пари
    Не ме полни негативна енергија
    И ,,,,,,,,,,,,,,
    Ке си подвиеш опашката и ке кутиш
    ак у случај утре пак иста песна пак ек ти речат
    трета ден на игнор ке бидиш ставена
    така оде тоа
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Јас немав видено толку луѓе во градот никогаш.. саботата бев до чаршија послободна дека имав неколку обврски неможев ништо да завршам од гужви на прво шо ме бендиса зедов и заминав.. во неделата немаше место на кафе да седниме, а да не правам муабет за шетање немаше простор за разминување..
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Епа кај некои луѓе не оде тоа така, апла у лице ќе им кажеш и пак се жали, на игнор ќе ги ставиш пак иста песна.
    Фамилијарно ај пак и некако, ама колешки секој ден истиот муабет на рипит,стварно не ми иде и не ми е за секојдневие. Заморно е, зошто е секој ден :)
     
    На Rama и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.207
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ја сфативте темава ко брцкање бо туѓ џеб. Не е бркање во туѓ џеб ако некој сам ти испрезентира што има во него, ничем изазван, па продужи секојдневно да ти прави апдејт на состојбата. Од кај ќе знам јас некој што купил, колку потрошил, што изел, како го спремал, па како живее или преживува до следна плата, ако сам не ми каже.

    Количински е нормално да се купи повеќе пошто постојано за празници сме со луѓе и во движење, па обврска помалце е коа ќе ти се најават гости да не мора да трчаш до продавница. Ама не е нормално да се купува нешто што до тогаш не си ни знаел како изгледа. Што дека ќе се јаде некој пршут на празник ако цела година немаш ни за посебна. Или некое скапо сирење, а цела година си на растителна урда.
    Од друга страна нашиот народ и малце си преувеличува, па во празничката кошничка ќе си го стави и прашокот за перење, и омекнувачот, и некој лек ако купи и ако отиде во кафана, све тоа му опфаќа списокот кај отишле парите за празникот. ;)
     
    На Rama, CameliaMiller, ivi1987 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Ептен погрешно или пак ептен лично сте ја сфатиле темава т.е. овој синдром.

    Реченицата на @Sesil кажува се' - Што дека ќе се јаде некој пршут на празник ако цела година немаш ни за посебна. Или некое скапо сирење, а цела година си на растителна урда.

    Трошоците за празник не доаѓаат ко гром од ведро небо - има два големи празника во годината на растојание од неколку месеци. Колку и да е скромна платата, ако тргаш секој месец по некоја минимална сума, ке заштедиш и ке имаш богата трпеза. Не мора да имаш јагнешко на маса, и свинско е океј.
    Ако платата земена претходен месец ти е планирана за тој дополнителен трошок, проблемот не е во висината на платата туку во менаџирање со буџетот.
     
    На Rama, CameliaMiller, ivi1987 и 2 други им се допаѓа ова.