Штом дошло до тоа да се трга месечно за еден ручек после неколку месеци, јасно е дека тие тргнати пари ќе се потрошат многу порано за поитни работи. Од каде вакви површни математики не ми е јасно. Као еве, тргам пари од платата за сметки, јадење, ова купче ми е за разболување не дај Боже ама мора да има, ова купче ми е ако ми се расипи перална, телевизор, кола, ова купче го тргам за ако ме покани некој неочекувано на некакво славје, ова купче е ако се скинат патиките на децата...и така кога ќе тргнеш за сите работи што може да излезат во месецот (оти платите се баш за се' да можеш да покриеш), тргаш и едно купче за Велигденскиот ручек. Во право сте, се е до план и организација, мали плати и високи цени за живот излишни се во темава, што се жалат луѓево не знам.
Секаде се троши многу за празници, не само кај нас. Ама боде очи поради нискиот стандард. И знаете што? Жалосно е да не можат сите да си дозволат побогата трпеза за празнициве, не за тоа што ќе речат другите, туку за себеси. Оти празникот баш и не е ден како сите други, па и треба да се одбележи, макар и само во кругот на семејството. Тие што се жалат, ќе се жалат за се, ништо не им е погодено, ама па нив тоа им е омилен "спорт". Се додека има слушатели, ќе има и вакви луѓе. Најдобро од старт да пресечеш и да им кажеш дека не сакаш да ги слушаш како кукаат, бидејќи си имаш свои проблеми. Можеби звучи грубо и некултурно, ама па и нивното постојано кукање е грубо и некултурно.
Луѓето што кукаат, кукаат од се. И тие се цело време околу вас. Тогаш зошто само муабетот за храната толку ве боцка? Овде 7 страници се кука од оние што кукаат.. па веќе и да нема разлика меѓу првите и вторите. Од друга страна пак, зошто едно семејство кое е на леб и маргарин преку цела година да не си купи пршут за Велигден, макар и со позајмени пари? Што, тие не заслужуваат да каснат пршут еднаш во годината оти немаат доволно примања? Оти не се снашле добро како останатите? Оти навикнати се на маргарин па и не мора друго? Па да м.. е.. мајката, за храна збориме. Грев е. Спомна некој погоре, не за џабе старите рекле не е секој ден Велигден. И кога веќе се дрзнувате да менаџирате туѓи џебови, бар пишете ја целната група. Оти жалосно е, а и срамота и така малку плитко да кажете на некој како да ја планира платата од 200 евра. Како да е возможно да стаса до крај на месец па уште и да остане. Како да нема еден куп непланирани трошоци во меѓу време. Како само тоа да е.. Дај ако не со 200 евра плата не мора ниту да слават празник оти немаат доволно, и не мора ниту да праат гужви и да држат ред во маркет на оние со 500+ евра плата.. Шта речи..
Моите познаници пак, никако не се сиромашни (две плати од просек 23-24 000 и се далеку од мизерни примања - за наш стандард), ама пак се жалат. Затоа што очекувањата се различни. Некој се жали дека потрошил многу ако отиде на одмор во Охрид, некој во Грција, трет Шпанија. Да се разбереме, со 50 000 месечно во Македонија можеш нормално да јадеш секој ден, НО, оние кои далеку забегуваат од своето нормално секако дека имаат проблем. Оти храна е и кавијар, и рокфорд сирење, не е секоја трпеза иста. И ако некој одлучи да потроши 200 евра повеќе од нормално, а притоа се жали дека нема... до него е. Не зборувам за ептен сиромашни, зборувам за средна класа. Не може да е океј да викаш "храна е", за многу скапи производи, а после немаш за струја да платиш. И немам поима кој колку потрошил, ниту ме интересира, ама луѓе со ок примања (им ги знам затоа што работам со нив) кога се жалат дека за 4 дена потрошиле 300-400 евра, а земаат плата толку... до нив е.
Не знам зошто темава се сфаќа како пикање нос во туѓ двор. Секој си го кажува своето мислење. Кој што сака нека прави, ама не сакам кога ми се жалат. Јас ли сум виновна што се расфрлаат? Или сакаат да се истакнат јас имам, а ти немаш.
Зошто површна математика? Ами ако ти не си направиш математика на парите кои ги имаш, тогаш кој? Ме интересира кој е проблемот во планирањето? Колку и да се високи платите, потребно е да се испланира, пример ако сакаш да имаш богата трпеза, ако имаш некој настан или ако купуваш нешто за дома (кревет, плакар, телевизор). Еве и ние дома планираме а не сме на минималец. Не знам дали читаш ти воопшто што пишувам јас, пример што имам пишано неколку страни напред во темава? Трошоците и платите не се избалансирани и може да дискутираме за тоа. Факт е дека нашиот стандард е за никаде, ама пред празник ли треба да се мисли што да се стави на трпеза, а знаеш дека нема, броени се парите. Овде не дискутираме за обичен ручек, туку богата трпеза. За ручек и грав се јаде, ама за празник треба нешто повеќе.
ребека од 200 евра плата те молам објасни ми како да се платат сметки да се купат лекови ако има студент во друг град нему да му дадеш пари и други еден куп не планирани трошоци?како од нив да тргнам настрана?пошто еве вие планирате а не сте на минималец?си планирала со минималец а притоа дома те чека семесјтво да го нахраниш? разбирате ли вие дека има луѓе кои неможат месецот да го турнат?
Разбирам, ама дали вие разбирате дека не сум јас таа која треба да ви каже како да излезете на крај со 200 евра? Не сакам да бидам дрска и безобразна, ама кажи што можам да направам јас? Можам само да кажам дека кога немаш пари планираш како да ги спечалиш. Околината не влијае ничие богатство или сиромаштија. Скокате од една во друга тема и од еден муабет т.е. мислење на членка извлековте сосема поинаков заклучок.
кој побара од тебе да кажеш како да се излезе на крај со 200 евра?10 страни верглаш дека ти и твоите земате високи плати а сепак планирате.и со високи планирате така?не па со минималец за почеток можеш да не паметуваш некој да си остава настрана пари од 200 евра плата за велигденска трпеза а друго никој ништо од тебе не побара.аман луѓе аман. дојди од скопје во кичево,струга,дебар,берово,брод,македонска каменица и печаки голема сума на пари да те видам па после може да правиме муабет јас ти реков објасними пошто горе имаш пишано проста математика секој може да си остава пари за трпеза ок
Ти побара во мислењето погоре или ја лошо читам? Не реков високи плати, реков дека иако не земаме минимална плата, сепак планираме. Не сакам да се карам, ниту да паметувам. Кога веќе збориме за мене, ја да сум некаде каде што не можам да имам пристоен живот, ако сум на место каде што нема работа, сигурно нема да размислувам како со 200 евра, туку ке размислувам каде да одам и што да раборам за да имам повеќе од 200 евра. Никаде не пишува проста, туку површна математика.
во ред површна да,толку е просто лесно и едноставно да заминеш некаде да се сместиш и да земаш повеќе од 200 евра особено кога имаш семејство
И јаре и паре - нема. Ниту е лесно, ниту е едноставно, ама мене би ми било потешко да мизерувам (доколку сум сама) а уште потешко децата да ми се гладни и желни за нешто, па и родителите, отколку да стиснам заби и да фатам странство на одредено време.
А ти разбираш дека јас не зборев за луѓе со минималец туку со тродупло поголеми примања и се жалат. За таквите луѓе зборев, што ем секогаш имаат од пиле, млеко, што не осетиле криза и не биле страдни за ништо а се жалат на луѓе што живеат и го поминуваат месецот со минималец. И, истите тие луѓе паметуваат дека за празници трпезата МОРА да е преполна, дека на децата мора Најк патики и цицибан да им се купува, дека од себе ќе кратиш за детето да има (божем ние тоа не го правиме, дебили сме) Сит гладен не верува, така беше? Е, од таму мојот револт и мојот пост во СДК, зошто јас со минималец еднаш не сум се пожалила дека немам, иако празникот ни приближно со богата трпеза не го поминав, ама луѓето што имаат и преимаат се жалат. И, на крајот, стварно се за жалење...
Колку ви нема смисла муабетот... @ivi1987 напиша дека таа НЕМА и дека ја куделе колешките што била "недомаќинка". А тие "домаќинките" направиле се', и сега цел месец ќе мизеруваат. Ако јас и колешката земаме иста плата, а јас подобро ја менаџирам, како сум јас крива за нејзиното неменаџирање?
а ти разбираш дека јас не зборев за твојот пост во моите три погоре?убаво ме читаше?туку за луѓе со плата минималец?тема е продолживме општо да збориме ги сфаќаш постовите толку лично исто како што ја сфаќаш колешката.
А со плата од 2000 е како да менаџираш? од многу и глава боле мала шала на темава ај де се напнувајте толку
Ама темава не беше за луѓе со плата минималец, разбираш? И да, општо збориме цело време. Постовите не ги сфаќам воопшто лично, а колешките да, затоа што лично мене ми го кроеле буџетот и ме учеле како да станам права домаќинка за празници и лично мене постојано ми се обраќаат. Многу е беден моментот кога некој што има ти кажува дека се е возможно, ама ако бар еден ден се сменат улогите ќе видат дека и не е баш така лесно како што се мисли. И, пак ќе речам, луѓе кои навистина немаат не се жалат како тие од другата страна.
се разви муабет за минималец иви.шШто толку се напнуваш да докажеш не знам ко ете не ги сфаќаш постовите.Забрането е со закон да се застрани од темата?зОШТО секој го цитираш за да се докажеш?ок сфативме дека напорно е колешките да кукаат.Седум страни читаме.
Форум е, ако не ај да не пишуваме ич, м? На форум неможеш на никого да му забраниш да пишува или цитира. Плус, ако не се лажам ти беше таа што ми го изврте муабетот и пишуваше дека џабе објаснувам, не ми успевало. Никого не убедувам, кој што сака нека мисли. Да ја разберевте поентата од првиот пост, темава немаше ни да постои,ќе си останеше таму каде што првично беше напишано.