1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски телевизии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од glamour-lady, 11 ноември 2010.

  1. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    не видов ваква тема па решив да ја отворам.. :)
    Според мене во Mакедонија немаме ни една квалитетна телевизија...
    На Сител и А1 претераа со индиски, турски, шпански.. ма секакви серии.. навечер освен серии нема што да се гледа... Jас искрено ја гледам само Kога лисјата паѓаат а потоа гледам нешто на некоја странска телевизија.. за реклами и да не правиме муабет , за време на една серија 3 пати по реклами пуштаат и тоа од 5-10 мин траат рекламите.. исто така и распоредод не им е точен.. на пример ако на реклама или на телетекст пишува дека некоја емисија ќе почне во 10:30 всушност почнува многу покасно.. зар толку се не организирани.. на харватскине телевизии до секунда се точни и секогаш навреме почнува одредена емисија.. а Филмовите скоро да ги нема повеќе.. 2 филма во недалата даваат, а преку викенд репризи на сите серии.. катастрофааа... :@

    што мислите вие во врска со македонските телевизии и што најчесто гледате??
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Македоскиве телевизии сите се СРАЊЕ ВО БОЈА :puke: Единствено гледам Кога Лисјата паѓаат и Срвајвер. И цел ден си гледам Discovery, Travel & Living , Mtv . Исто има кај нас од Кејблтел едни програми ппв 1 и ппв 2 што се само со филмови и ако се погоди некој убав таму. :)
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    :inlove: Еве нешто ново и сосема необично, вистинско освежување за македонскиот етер - нова онлајн телевизија, со емисии со титл и синхронизација на македонски јазик:

    ЗДРАВА ТЕЛЕВИЗИЈА

    [​IMG]

    Здрава Телевизија онлајн


    воведната страна од вебсајтот вели: Што е Здрава телевизија? Тоа е зрачечка светлина на свеста и совеста – дава увид во науката, детскиот свет, музиката, светот на природата и животните, душата и телото, vegetus и духовноста, па воздигнува кон повисок степен на етика и морал.
     
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Порано омилена ми беше А1.Се сеќавам дека како мала од утро до вечер ја гледав.Шпански серии,цртани од типот на Покемон,па подоцна американски хит серии,интересни филмчиња дефинитивно имаше најдобра и најквалитетна програма.Но откако почнаа со турските серии и вестите кои беа се само објективни не престанав да ја гледам.
    Сител никогаш не сум ја сакала.Едноставно немаат свои идеи,се копираа од А1 и тоа ми беше многу глупо.Чат-пат ќе гледав нешто таму но многу ретко.За турските,индиски,узбекистански серии нема ни да зборувам,исто и за тоа што скоро секоја емисија им е преземена од Пинк |( .
    Сега немам омилена телевизија но гледам дека на Канал 5 се трудат да даваат убави и понови филмчиња што е одлично но многу ги повтараат.Исто и Лига на Шампиони си гледам на Канал 5 и затоа можам да кажам дека горе-доле ми се допаѓа таа телевизија.
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Не гледам баш ни една. Програмите ги презаситија со ефтини серии, вестите им се испартизирани, рекламен блок што трае колку цел филм, филмови од пред 20 години.. никаква квалитетна програма.
     
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Немам навика да го уклучувам телевизорот, тоа е задача на маж ми. Покрај него знам да погледнам што има по нашите телевизии, па ако нешто ми го привлече вниманието му викам да не менува. :)

    Најчесто тоа се емисии на МТВ и Алфа. Иако на Алфа во последно време кога и да видам се емитува некоја индиска серија или фарма. Инаку каналот не се менува ако се начека Пулс, Еден бакнеж, Супер ѕвезда, Вкусот на традицијата... Ми текна сега на Котон клуб, што се случи со таа емисија, или нема место веќе за неа во новата програмска шема на Алфа?

    И на МТВ - Big Bang Theory, CSI, Дора и братучед и Диего :!: , Тунел, Македонски народни приказни и Опуштено.

    Тоа е се што пратам на телевизија и тоа инцидентно, доколку начекам нешто, и тоа гледам додека вршам некоја друга работа или седам на интернет.
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Квалитетот на програмата е мнооогу опаднат.
    Порано филмови обавезно имаше, цртани за деца преку викенд колку ти душа сака. А сега ништо од сето тоа. Само серии серии и серии...таман ќе помислиш викенд може нешто паметно ќе има кога ете ти реприза од цела недела на сериите.
    И навечер во недела кога вртиш по канали, веќе спремен за спиење - бидејќи сабајлето треба рано да станеш после долго време убав филм почнува во 23ч. навечер :x
     
  8. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Моментално најдобри се Мтв,и за серии и за емисии.Само никој не може да биде тоа што беше А1 :(
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Се поретко и поретко гледам телевизија, а посебно македонски телевизии. Квалитетот е многу опаднат, ништо нема освен турски, индиски серии и вести. Ги даваат се истите филмови кои се стари со години и само тие ги вртат. Катастрофа.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.069
    Допаѓања:
    11.215
    Само телма вести, пообјективни се од другите. А сител, леле смешки се вестите. Треба да се засрамат новинарите што работат таму. На ништо не личи.
     
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    и дали воопшто гледате МРТ за кој ни вршат мобинг да го плаќаме ?
     
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас колку што сум запознаена по дома не сме плаќале до сега радидифузна такса, а не сме имале некои последици, искрено не ни знам што и е целта.Инаку јас телевизија ретко кога гледам, на Фокс Лајф ако фатам некоја серија,на HBO некој филм ако се погоди и ДМ сат пуштам да ми свири нешто дур учам.:rofl:Македонскиве не знам кога последен пат сум ги пуштила, во времето на Росалинда ваљда.:D
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас МТВ не сум пуштила немам појма од кога. Fox Life гледам во последно време, иначе другиве ми се безвезе.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.795
    Допаѓања:
    46.393
    Мaкедoнски кaнaли не гледaм бaш a oнaкa E!,MTV,VH1...
     
    На Natali.3 и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  15. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Maкедонскиве ги гледам поретко,најчесто е пуштено на канал 5 или сител,повеќе ми се допаѓаат филмовите и сериите што ги даваат на Fox.
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Не гледам македонски канали... sorry...
     
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Кога постоеше на времето А1, најчесто ја гледав таа програма...за МТВ да не правам муабет , немам гледано од малечка, од кога беа оние нашите емисии (Звон, Умни глави, Во светот на бајките и сл ).Сега онака гледам по некоја турска серија на Канал 5 и Сител , ионака нема нешто посебно и таму :wasntme:
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Најчесто гледам на Алфа, има доста интересни емисии. Пинк ѕвезди, Радна акција
    на Сител го гледам само Малиот Ага и Збогум Румелија, а Канал 5 онака ако ептен нема ништо интересно на некоја друга програма
     
  19. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    алфа најчесто, поради Семејни тајни, ДНК анализа, и Пеколна кујна.
    Не гледам многу телевизија..скоро ич :) Се одвикнав ..
     
  20. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Ретко кога гледам ТВ (канал 5 ), иначе ги гледам MTV, VH1, Fox, Fox life, 24Kitchen, Animal Planet, Discovery...