Јас ретко гледам ТВ, а обично гледам некои дебатни емисии како онаа на Телма (сега баш оди ) '' Топ Тема '' или гледам патеписни репортажи. А и филмови нешто слабо гледам, ретко наоѓам нешто по мој вкус. Почесто читам книги или нешто информативно од интернет.
ТВ? Непознат поим тоа за мене е уште одамна...ма да ми фали понекогаш ама таа програма од порано, сега не ја бендисувам...
Веќе некое време (две до три години) не гледам телевизија. Се случува да погледнам по нешто додека седам и одмарам со моите но веќе не пуштам тв со намера да гледам нешто затоа што сум разочарана од она што го нудат нашите програми. Мислам дека МРТВ е засега најнормална телевизиска програма.
Na Telma ima dobri serii za tepanje vreme, Only fools and horses, Hell on wheels, Mr.Selfridge, Person of interest i t.n., a mozhe da se nacheka i po nekoj dobar film (isto i na MRT odat dobri filmovi od vreme na vreme). Na Alfa go gledam kvizon, Krug na znaenje. A pred edna nedela sluchajno fativ, davaat i Mr.Bean Im fali mnogu povekje sport na domashnive kanali. MRT neshto se trudat, ama ne mi e toa toa. Kichovi, shoua, turski serii, pinkovi dzvezdi, seto toa ignoriram.
Филмскава новогодишна понуда им е јад и очај, сѐ некои тмурни филмови начекав каде 80% дејствие се сведува на молчење, многу адекватно за празничен период. Не дека се потребни македонски телевизии за да изгледаш филм, ама поентата е, депримирај ги луѓето кога не ги труеш со кич.
Моја забелешка исто. Не гледам веќе телевизија, ама ми текнува порано како дете склопчена пред телевизор за време на празниците, секогаш имаше интересна новогодишна програма, колку сакаш детски новогодишни филмови. Ако ништо друго, бар "Сам дома" можеа да го прикажат.