Како и секаде и кај нас во Македонија има луѓе со талент за глумење, режисирање и така натаму, но колку тој талент е застапен и колку ние покажуваме интерес кон нашите македонски филмови? Затоа и сме вака ‘‘пропадната‘‘ држава, затоа што не го цениме тоа што го имаме, а имаме и неколку добри наши филмови како што се "Пред дождот", ‘‘Сенки‘‘, ‘‘Јас сум од Титов Велес‘‘, ‘‘Црно Семе‘‘, ‘‘Исправи се Делфина‘‘ и други. Кои македонски филмови ги имате гледано, сакате да ги гледате? Кое е вашето мислење во врска со нив, но какви такви-наши се. Сметате ли дека не ги цениме нашите културни и уметнички богатства?
Немам гледано многу македонски филмови ама тие што сум ги гледала не ми се допаднале дотолку... незнам можеби јас сум ги избрала погрешните
Се сложувам со Иренка за Мис Стон..Исто така ми се допаѓа и Волча ноќ (или Волчја,незнам кое е поточно..),Солунските атентатори,Денови на искушение (овој ми е некако во магла,треба да го прегледам некој ден ),Викенд на мртовци (исто така многу интересен),Прашина,Gipsy Magic...
Го барав на нет филмот , поточно делот каде што Петре Прличко го благословува детето, ептен е добар тој дел. Ама не можев да го најдам , да не го има некој филмот па некако да ми го прати , ќе му бидам многу благодарна.
Ми се допаѓаат нашите македонски филмови (со икслучок на тие од сестрите Теона и Лабина Митевски). Крајно време е Министерството за култура да прекине да ги финансира, сигурна сум дека има милион поинтересни проекти од нивните Како убив светец и Јас сум од Титов Велес. Можеби овој вториот и имаше добра приказна, ама "глумата" на Лабинче, дефинитивно го утепа филмот. Меѓу омилените - Пред дождот, Балканкан, Големата вода, Викенд на мртовци, Прашина, Тетовирање. Сметам дека со оглед на финансиите кои им се достапни, имаме квалитетна кинематографија. Нормално, може и далеку подобро, ама тоа е.
ИСПРАВИ СЕ ДЕЛФИНА!!! Подобар филм во Македонија не сум гледала! А за саундтракот да не правиме муабет! Славе Димитров е единствен!!! Преубав филм!
Контакт - со никола којо и лабина многу убав филм, после сенки исто многу ми се допадна, јас сум од титов велес - глупости, балкан кан - одличен, има има убави македонски филмови