Балкан кан :up: ми е многу интересен и најдобар бидејќи разработува интересна тематика а и глумата е одлична, Илузија го имам гледано одамна но исто е добар филм, Исправи се Делфина е одличен и Сенки не е лош. Овие би ги издвојила во моментов
da ne znaete kade moze da go najdam vikend na mrtovci na net? [mod-kirilica:1i9k4o25][/mod-kirilica:1i9k4o25]
еве го тој дел <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/snl9JsCooQI?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/snl9JsCooQI?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object> а да одговорам на темава мој македонски филмови кој ги сакам и гледам се мисс стоун, македонска крвава свадба,исправи се делфина, солунските атентатори, смешен викенд на мртовци, од поновиве сенки ох обожавам да го гледам, а морам да кажам јас сум од титов велес ама воопшто не ми се допаѓа навистина ми е без врска
Сметам дека објективно имаме многу квалитетна кинематографија - барем знам дека луѓе од странство ми рекле дека имаат омилени македонски филмови, што мене посебно ме радува а и си се тешам дека не се работи само за моите патриотски субјективни побуди, кога кажувам дека имаме добри филмови Најомилени сепак ми се Пред дождот, Исправи се Делфина, Тетовирање, Балканкан, Сенки...ааа да и Среќна Нова ’49. Кога сме кај македонските филмови, да не знаете кога ќе има премиера новиот на Милчо - Мајки? Постои ли веќе трејлер?
Македонска крвава свадба, Солунските Атентатори, Преку езерото, Балканкан, Сенки, Пред Дождот, Прашина!
немам гледано мн македонски филмови, ама моментално не ми текнуваат насловите. Мое мислење за тоа зошто не ги гледаме и зошто не им ги памтиме насловите на нашите филмови е заради мала рекламираности форсираност, да е некој странски филм, ќе има плакати, реклами не знам ти шо, а за нашите една реклама во неделата, потоа јас мн ретко имам видено да се емитува мак филм на тв, освен за илинден ама и тие се прастари.заклучок треба да се цениме малку повеќе позз
сто пати се покајав што отидов да го гледам и не ви го препорачувам. Три дела има, нешто како документарец е и е многу горзен и потресен. Ако ви текнува на еден новинар од Битола, Владо Таневски што убивал постари жени па после го најдоа удавен во кофа во затвор....за него се работи во филмов, во стил како ги силувал, ги врзувал, ги тепал и уште многу горзни и одвартни работи што неможам да ви ги пишам затоа што неќам ни да се мислам више на филмот...
Ги имам гледано Мис Стон, Прашина, Сенки, Gipsy Magic и убави се навистина и треба да се гордееме,да го цениме трудот на таа некоја си екипа што се потрудила за се` да испадне така, ама некако слабо ни оди, или идеме по тоа "туѓото е поубаво од нашето"..
Викенд на мртовци, Тетовирање, Пред дождот, Самоуништување, Илузија, Балкан-кан, Џипси меџик, Исправи се Делфина, Сенки и најтазе Мајки.
Ги имам гледано Сенки, Пред дождот, Јас сум од Титов Велес, Балканкан и Мајки. Не се лоши филмовите со оглед на тоа што немаме некој голем буџет, а имаме стварно добри актери. Мајки некако беше многу форсиран, а не беше нешто WOW... Сега го очекувам Трето полувреме (треба да биде готов септември/октомври 2011) од режисерот на Балканкан, Дарко Митревски, тој вели дека ќе биде многу добар и успешен филмот, па ајде да видиме дали навистина ќе биде така
Сите македонски филмови ги сакам. Особено постарите филмови и серии што се снимани во СКопје многу ми се интересни, пред се поради тоа што споредувам каков бил градот пред многу години, а каков е сега. Па каква била модата тогаш, какви фризури се носеле... Обожавам стари македонски филмови, а и новите исто така. Убаво ми е кога гледам филм на македонски јазик, како што ми е најубаво кога слушам македонска песна
Не гледам македонски филмови,го имам гледано само Сенки и поглупав и по безсодржински филм не сум гледала никогаш во животот,мислам дека кај нас како прво и прво нема соодветни глумци за на филмско платно,нез безврска ми се не ме влечеле
Па имам гледано доста наши филмови. И искрено не можам некое дефинирано мислење да дадам за нашите филмови, пред се глумци... Некако во последно време сите поимот македонски филм ми го истоветуваат со Манчевкски, како тој само да постои! Да не ги наведувам пак истите филмови , зошто тие се тие, а поголем дел сум ги гледала. А како поомилени би ги ставила: Балканкан, Сенки, Илузија и Самоуништување.
Новинарот не е од Битола, туку од Кичево, како и неговите жртви Он топик: За филмот да.. Ми го фалеа, ми го правеа кој знае што, а не е ништо посебно - документарец! Ме разочара Милчо, можел и поубаво да го направи, ама јбг тоа е.. Не се покајав што го гледав, сепак е наш македонски филм, треба да се погледне