http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Ar ... 1BBF84.jpg Големата Вода http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Art ... A4B529.jpg Преку езерото- Никола Ристаноски е предобар...го обожавам,,, http://www.blesok.com.mk/Images%5CIn%5C ... 20vek2.jpg збогум на 20 век http://star.mmm.com.mk/Sliki/balcancanplakat.jpg Балканкан http://www.fidanoski.ca/Macedonia/dust.jpg Парашина Искрено ниту еден од овие филмови нема место на хармонија и на мир...Се некое бегање, убиства или крвишта и лаги... Сакам да видам некој добар хумористичен филм... Некој секојдневен филм, без политика и без страдање...
Тетовирање ти е според мене култен филм за судбината на еден политички затвореник на она време... уште подобар опис е како затворениците во Идризово го поминуваат своето време.... Најубава реплика за мене е:„ Бекни бе ке МИ снема Лента“ „Што сум кревал рака?“ п.с. нема да зажалиш ако го гледаш...позззз
Дечки, каде може да се пронајде филмот чии сцени се сретнуваат во спотот на Владо Јаневски за песната Евергрин? Мислам дека се вика - Долго топло лето или Мирно топло лето, така нешто... ?
Трендафилке мислам дека филмот се вика Мирно лето од Османли Најдов нешто види може ќе ти е од корист http://www.watchthisfree.com/movies/196 ... /download/
сакам да ВЕ потсетам на една предобраа Играна МК серија http://www.youtube.com/watch?v=_C7upNqv ... re=related Поздравче
Мајки од Милчо Манчевски ме воодушеви, убаво прикажани сцени, добри глумци, се на се' ми се допадна. Од другиве го имам гледано само Викенд на мртовци, па не знам точно дали спаѓа во македонски филмови, бидејки има српски глумци.
Сметам дека не се ценат македонските филмови онолку колку што треба. Тука и самата јас не сум исклучок. Пре би одбрала да го гледам Мис Стоун или Викенд на мртовци, филмови од тоа време, отколку овие што се понови. Од новите сум го гледала само Балканкан и оној во Велес што се случува, Марко каде што глуми. Дури ни името не му го знам.
Некој го симнал ли филмов од тука, јас не можам да се снајдам ?! Трендафилке, енибади... Или друг торент, линк за онлајн да го гледам. Морам пак да го изгледам Мирно лето. Ту, на јутјуб го најдов целиот филм. Еве линк, кој сака да го гледа. http://www.youtube.com/watch?v=kw0jb4f88w4
Има добри македонски филмови, од кои сум ги гледала и ми се допаднале се Илузија, Балканкан, Мис Стон, Македонска крвава свадба, Републиката во пламен...Сакам да го гледам Панкот не е мртов на нет, па ако знаете ќе ве замолам да ми кажете, ептен сакам да го гледам филмов
Сенки, Прашина и Тетовирање ми се онака баш профи,светски и филмови со содржина коишто можат да се носат рамо до рамо со светските продукции.Според мене најдобри македонски филмови.Инаку имаме многу добри филмови,но ме нервира она што секогаш го истакнуваме негативното во филмовите.Не е уметност само да истакнуваш бедотија,сиромаштија,тага.Не сме толку мрачна држава за да би имале толку мрачни филмови.
Конечно го гледав "Панкот не е мртов"... а инаку сакам да гледам македонски филмови, барем колку да видам што ново се случува на тој план кај нас... ама нови и интересни работи малку поретко
Во план ми е да го гледам „Панкот не е мртов“ и го чекам да излезе „Трето полувреме“. Имаме квалитетни македонски филмови, ама дефинитивно не знаеме да ги цениме. Последен пат кога бев во кино да го гледам „Мајки“ бев запрепастена од тоа колку мала заинтересираност имаше за филмов. Салата беше полупразна уште во првата недела. А освен тоа, ми се чини дека малкумина го разбраа како што треба. Самите сме си виновни. Мозоците ни се толку многу испрани од тие шпански и турски серии, што кога ќе седнеме пред телевизор сакаме се да ни е сервирано на тацна. Не сакаме да го вклучиме малку мозокот и да размислуваме која му била поентата на режисерот. Сите филмови имаат некакво преносно значење и не треба да се сфаќаат во буквална смисла.
Не знам дали си го нашла досега, ама филмот не е Мирно лето, туку Денови на искушение од Бранко Гапо (базиран е на драмата Црнила од Коле Чашуле).
А да ве прашам знае некој каде може да се најде Исправи се Делфина??? Многу ми е мерак да го гледам...
Го гледав ,,Панкот не е мртов,, и филмов ми е врв. Многу ми се допадна, уште сум под импресии. Интересна содржина, се изнасмеав на некои сцени и ми е еден од подобрите наши филмови, многу подобар од сите на Милчо.
И јас го гледав прв пат пред некоја недела и исто и мене ми се допаѓа, интересен е, супер е, Мирса и Љак се легенда...смешки