Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски филмови

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Angelche, 17 јули 2010.

  1. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Ги имам гледано "Солунските Атентатори", "Викенд на мртовци", "Македонска крвава свадба", "Исправи се, Делфина", "Сенки" и "Бал-кан-кан".
    Од македонските филмови претпочитам да ги гледам старите. Што знам некако поинтересни ми се, актерите ми се подобри. Не ме разбирајте погрешно- и сега се наоѓаат квалитетни актери, но овие ми се некако незаменливи.
    Гледам периодов што претстои се спремаат добри филмчиња: "Трето полувреме" и "Скопје Ремикс".

    Најверојатно се мисли на српскиот Montevideo, Bog te video на Драган Бјелогрлиќ. И во овој филм темата која што се обработува е подемот на мал фудбалски клуб, во периодот после II Светска Војна.
     
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Превртено. Предобар.

    Мене пак, поголем дел од нашите филмови ми се допаѓаат. Ете, имаат нешто посебно во нив што ниту една друга режисерска палка не ми го може. :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Се трудам да сум во тек со нашава кинематографија и да го гледам секој нов филм што ќе излезе. Го обожавам Бал-кан-кан, а едвај чекам да излезе Трето полувреме.
     
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Ова не е американски филм, НЕ го препорачувам на никого. Колку што ветува насловот толку е преглуп филмот. Манчевски особено го почитувам, а и најновиов Трето полувреме со душа го чекам.
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Сум ги гледала речиси сите од македонска кинематографија, зошто имам во фамилија ужасни филмофили, таткото на мојата најдобра другарка работи во Вардар филм, а и две години од факултетот го посветив на романот и филмот, така да интересот бил секогаш присутен.

    Од Црно семе, Големата Вода, Волчја ноќ, Исправи се Делфина, се’ до Балканкан, Сенки (во кој имам и улога на статист :D ), Збогум на 20ти век, до најновиот Скопје Ремикс.

    Мислам дека тематиките во нашите филмови често запнуваат кај тој грч, непокор, меланхолија, борба. Но и хумор. Ме нервира што во поголем дел од македонските филмови, се акцентира голотијата, чистата дури и насилна љубов, мачноста. Веројатно тоа е дел од поетиката на авторите, кои поголем дел се екранизирани.
     
    На figgiMK и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Јас мислам дека ние имаме многу добри филмови, добро сега не 100% се добри, ама сепак до некаде имаме филмови кои можат да им конкурираат на америчките. Но, проблем според мене е тоа што не се доволно експонирани, рекламирани, а и не се вложува доволно средства во македонската кинематографија, а и во талентот што го имаат одредени наши актери, режисери. Исто така важна улога имаат телевизиите што не прикажуваат домашни филмови, тоа игра доста голема и важна улога во тоа луѓето да ги знаат нашите филмови. Јас се кладам дека ние половинта и повеќе филмови не ги знаеме. Но, мислам дека и се’ е до нашата совест и заинтерсираност. Нам ни е поинтересно да прочитаме кој е новиот филм во кој глумел Бред Пит или Анџелина Џоли, отколку да прочитаме нешто ново од нашето поднебје.
    Во врска со филмовите, како што кажав имаме многу добри, почнувајќи од оние старите, историски, трагични, базирани врз вистинска случка или некое дело од наш автор, па се’ до поновите.
     
  7. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Најомилени ми се

    -Мајки
    -Сенки
    -Пред дождот

    Одвај чекам да излези Трето полувреме :wasntme:
     
  8. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Anna-Banana: Но незнам каде прочитав дека бил плагијат од некој српски филм.

    Слична тема има и како Монтевидео бог те видео ,се работи за пласирањето на фудбалската репрезентација на Југославија на Светско .Временски се покопуваат но има разлика ние сме биле окупирани ..И времето на издавање на двата филма се поклопуваат некако па може и затоа .


    Имам гледано повеќе : Македонска крвава свадба , Мирно лето , Црно семе , Мис Стоун ,Исправи се, Делфина , Викенд на мртовци, Тетовирање, Gipsy Magic, Балканкан ,Илузија, Панкот не е мртов .
     
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ^^
    искрено мислам дека оној кој го пишувал тоа нешто или не читал др критика или не го прочитал сценариото... на ЈУБЕ ТУБЕ ке најдете некој 40 мин интервју на Режисерот кое го прави во БУГАРИЈА...затоа што најголеми засегнати во тој дел се тие ( во моментите биле оние кои окупираат)
    се работи за МК фудбалери кои во тоа време постоеле ...значи запишани се и има вистински фотографии дури и од самиот фудбалски натпревар...
    (како што памтам во Монтевидео нема ОКУПАТОРИ!!)


    ...се надевам дека ке излезе што поскоро за да го видиме и да знаеме дали е исти или е РАЗЛИЧЕН...
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Девојки јас сакам да прашам нешто да не знае случајно некоја кога излегува филмот Трето полувреме? Оти додека се снимаше се креваше голема прашниа секој дневно се пишуваше а сега немам прочитано ништо.Ни до каде е снимањето ни ништо. :^)
     
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Од Македонскиве филмови го имам гледано само Сенки баш ми се допадна инаку сакам да го гледам Трето Полувремее затоа што многу ми се допднаа тоа што го прочитав за филмот и што успеав да го видам.
     
  12. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Ана, мислам дека премиерата беше на Канскиот фестивал. А, во Македонија филмот премиерно ќе се прикажува на 15ти септември на „Браќа Манаки“, а после тоа и во останатите градови. :)
     
  13. macy222

    macy222 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Трето полувреме во Скопје од 27 септември а потоа и во другите градови :)
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    И ние Македончиња имаме убави филмови...
    Мада што не си ги промовираме самите, а сакаме други да ни ги промовираат.

    Од сите ќе ги издвојам Преку езерото и Пред дождот :)
     
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ^^^додавам и Големата Вода
    но и Сенки
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Вчера го гледав `Превртено. И искрено такви неубави слики видов што навистина сакам да ги заборавам. И дајте па македончето воопшто не е такво. Јас не преживеав такви нешта во средно, па и никој околу мене. Гледајќи го, се осеќав како Јас да живеам на друга планета, не тука во Македонија. И се прашувам дали навистина многу млади поминуваат низ вакви нешта. Тажно е ако е така. И би сакала да нема веќе толку претставување на мизерија во идните македонски филмови.

    А за `Сенки :clap: . Е тој филм според мене е успешно реализиран. Каква приказна која допира до македонските традиционални корени, до изворните преданија а и современиот начин на живот.

    Во двата гореспоменати филма музиката беше фантастична!
     
  17. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу ми се допаѓа Илузија
    Филмот е врв!
    А иначе би сакала да кажам дека филмот Преку езерото е направен според вистинска приказна т.е приказната на братот на дедо ми.. :angel:
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Македонските филмови, сите имаат перфектна идеологија, ама некако не знаат да ја доловат.
    Ќе почнам со „Збогум на дваесетиот век“ . Толку е истрипан филмот, што жими све, поима немам што сакал да каже авторот |( Да не ја коментирам сцената со јаболки во када, која како секс сцена е супер, ама тоа што се брат и сестра некако, ми „крши“ филм, а богами и ме води накај сексуална депресија. :D
    Потоа „Превртено“ , одлична идеја, ама лоша разработка, нема едно дејство, па се да се води до него, туку работава е фактички, животот на еден човек кој гледа наопаку. |( Можеле посилен впечаток да остават, ако малку ja по-подистакнале идејата.
    „Илузија“ баш и не ми остави силна меморија, единствено ја паметам песничката „Ленка“ т.е нејзината разработка :tmi:
    Откако Ленка почна да стенка во густата пченка, дојде Ставре, да и го навре... И тука ќе престанам, да не јадам бан :D
    „Панкот не е мртов“ одличен филм, ама можеле малку да го подигнат Скопје. Искрено го направиле како дупка на панкери кои незнаат што со себе. Како тешка криза, сиромаштија, насилство, мрак, студенило. |( МИслам дека сме сеуште далеку од тоа..
    „Сенки“, тотална утка. Мислам дека режисерот повеќе се сконцентрирал на мастурбацијата на главниот лик , и мазењето на типките, отколку на самата поента, која е впрочем многу добра.
    „Црно семе“ е стар ама одличен филм. Немам некои коментари, воздржана сум.
    „Тетовирање“ е исто како што кажав и за сите филмови, со одлична поента, и за овој немам баш некој коментар..
    „Мајки“ сакам да го гледам,ама неможам да го најдам. За него слушав смао лоши критики, ама би сакала со мои очи да оценам.
    И како врв на мојата листа на филмови, дефинитивно ќе го ставам „Балканкан“ . Погодена ми е музиката, Улогата на Тони Михајловски, улогата на Трендафил :D . Иронијата со бугарите и све остало. Префекција ми е филмот и покрај лошите коментари . Едно 20 пати можам да го гледам и да не ми е здодевен.
    И како најбоље дел
    http://www.youtube.com/watch?v=Ov7tyctn1wg :D
     
    На mamma-mia и Hipster им се допаѓа ова.
  19. Borjana

    Borjana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Трето полувреме не е ништо посебно, се знае кој е најдобар мак филм Before the rain
     
  20. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Мене Балканкан нешто посебно не ми се допадна, ниту Трето полувреме. Можеби многу очекував според тоа колку ги фалеа. Не ми се допадна хуморот во Балканкан, ни прикажувањето на Балканот воопшто.
    Најдобри според мене се Пред до`дот и Тетовирање.
    Инаку мислам дека премногу се заглавуваат во некаков уметнички концепт, неразбирлив за повеќето. И тоа тмурно покажување на секојдневието, трагики, летање во облаци... Откако ќе го изгледаш филмот, уште полошо да се чувствуваш. Не знам, можеби само на мене ми оставиле таков впечаток :)