девојки(и момци) некој да ми даде торент за гледање на Трето полувреме?! Може и он лине нема мака !!! може и во ЛП Спојлер Не сум во МК и сега за сега нема опција да идам и секако тука не верувам дека скоро ке го дадат
Превртено е според Папокот на светот од Венко Андоновски. Книгата, а и театарската претстава се врв, прекрасни уметнички дела. Филмот, според мене, никако не ја долови таа магија, тие моменти, тој гнев и очај и љубов и паралелни светови и фантазии...потрагата по папокот на светот. Тони Михајловски како Јан беше одличен. Јас, дали дека споредував со претставата и книгата, па не можам да дадам објективна оцена, ама ќе кажам дека материјалот вреди да се прочита (штета што не се игра повеќе во театар, стварно штета). Не е во склоп на темава сакав да кажам, прочитајте ја книгата за да добиете некоја друга слика и за филмот
Кравче, Каренин или било која. Мене не ми е гледан филмов, а баш би сакала да го гледам, онака колку да споредам, да искусам впечатоци. Го има на нет? Книгата ми е читана и бев воодушевена (уште сум, иако одамна ја читав) - домашна задача, секоја да ја прочита во текот на летово! Едит: Го најдов.
^ Превртено мене ми е гледан во кино, уште пред сто години, еден од полошите наши филмови, не ми се допаѓа воопшто. Мене ми го препорачаа Боли ли? , дека вредело да се погледне. http://www.youtube.com/watch?v=TTMxUmYl9XI Го има цел на јутуб http://www.youtube.com/watch?v=gcjesFlnVXc Не знам дели е добар, ама ми рекоа дека ќе ми се допаднел. Некој го гледал??
Не ми се допадна и мене „Превртено“, во глава имав милион пати подобра реализација благодарение на книгата. Останува уште да го погледнам „Трето полувреме“, ќе биде дел мислам од репертоарот предвиден за овогодинешниов „Астерфест“, па да видиме.
Искрено не гледам македонски филмови, многу ретко се случува да погледнам некој.Ги имам гледано само Балканкан, Исправи се Делфина и Јас сум од Титов Велес.Искрено не знам зошто, но мислам дека во сите македонски филмови се проткајуваат трагични елементи.Овие три што ги имам погледнато ми се допаднаа, реални и токму го прикажуваат оној балканскиот менталитет. На листа за гледање ми се и Трето полувреме и Скопје Ремикс.Инаку некој случајно да не има линк за гледање на Скопје Ремикс? Никаде не можам да најдам и многу ми е криво што не го гледав во кино.
Јас мислам дека нашите филмови всушност имаат висок квалитет. Ги имам гледано Пред дождот, Јас сум од Титов Велес, Сенки, Мајки, Балканкан, Панкот не е мртов. И другите ќе ги гледам штом ги најдам.
Мене ми се допаѓа филмот "Сенки" на Милчо Манчевски, а исто така и "Јас сум од Титов Велес", само чија беше продукцијата... Лабина Митевска ми се допаѓа многу. Идол ми е.