1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски Playboy

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 11 октомври 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Знаеме дека од месец октомври излегува и македонскиот Playboy.
    Неговата насловна страна ја красеше Каролина Гочева (ако мене ме прашате анорексичната и нималку секси во долна облека Каролина, јас зајачиците не ги замислувам со облини, а секси).
    E сега Каролина не беше гола, ама се соблече доволно за да привлече внимание од јавноста, да биде коментирана повеќе и од кога издавала албуми и посебно да прими критики за тоа каде ја остави својата скромност?!?

    Што мислите во нашава мала државичка каде сите се знаеме меѓусебно, добро ли е соблекувањето во Плејбој? Што ќар имаат зајачиците ако се соблечат. Сигурна сум дека во некој број ќе видиме и комплетно гола македонска популарна личност. А во нашава конзервативна Македонија колку и некоја девојка да постигнала многу, соблекувањето гола за Плејбој и ставаат етикета нечесна девојка!

    И уште едно прашање ... која мислите дека македонска "ѕвезда" ќе ги краси следните броеви на Плејбој, гола или полугола? 8)
    [​IMG]
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    демек 250страни имало списаниево,можам да замислам колку страни се за реклами како и кај секое наше списание.
    мене ми е ова чиста глупост,оригиналниот плејбој си е незаменлив,не знам што им требало ова...
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Поголемиот број земји во светот си имаат сопствен Плејбој, но мислев дека ние сме светлосни години зад тоа поради сепак нашата доволно голема конзервативност. Иако ако продолжат вака да се соблекуваат македонскиве зајачици, повеќе ќе изгледа на колекции за долна облека, него Плејбој. А каталози за долна облека може секаде и бесплатно да разгледаш :D

    Е сега мене финтата ми беше колку подржувате да се соблечат нашиве познати девојки за Плејбој? Или која девојка мислите дека ќе се соблече. А може и да напишете која сакате гола да ја видите :lol:
    [​IMG]
     
  4. XXX666

    XXX666 Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    35
    :D не знам стварно што бара Каролина на Playboy :^) Па уште и на насловна... :^) Јас не би се попалил ни скрос гола да ја видам со раширени нозе...Би ја предложил Сузана Алсакини, мислам беше :^) , Хелена Роза е добра за зајачица, па и Андријана Будимир би била, уфффф. :rock: Може и Елена Ристевска да пројде некако... За насловна на Playboy треба сексипилна,корпулентна и шармантна женска со добри пропорции... Со анорексичен изглед - дефинитивно НЕ.
     
    На angelche16 и Magnolija им се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Мене овие фотографии на Каролајна ме потсетуваат на повеќето фотографии од Убавина&Здравје, Unique, JOY и сличните списанија-значи ништо особено. Плус не е воопшто секси и воопшто не ми беше соодветна за прв број на македонското издание на PlayBoy. Кај анорексична, па фотошопирана и тотално не секси, резултат заникаде. Инаку, цената од 250 денари е преголема за овој реон. Па 250денари попрво би ги дала за РеФото во кое ќе прочитам многу повеќе работи од корист. Не предвидувам светла иднина за списаниево, освен ако не ја корегираат цената и да се симнат малце на ниво на просторите во кои живееме, на пример 150денари иако пак не е малку е многу посоодветно како цена па така нека трпаат реклами колку сакаат. И се разбира, малку посочен избор за модели...
     
    На Victorya и XXX666 им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    аааа јас прв пат слушам за списаниево од вас ... цц кај ја нашле па каролинааа ... не ја бива неа за зајачица ... требало хелена роса таа ке се соблечела без проблем хахах .... :lol: па и 250 денари ццц со тие пари цела недела ке преживеам забегани се или не го знаат стандардот кај нас ??? :fubar: :fubar: и јас не му давам светла иднина на списаниево :rofl:
     
    На XXX666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Мене па Каролина баш ми е супер како изгледа, многу е згодна и убава, незнам зашто многу луѓе не ја сакаат. Може дека јас сумслабичка па не ми пречи. :lol:

    Инаку не сум го разгледава списаниево, и 250 ден многу се бе некако.

    А по Кароличнето, сигурно и Елена Ристеска ќе ја видиме во некој од наредните броеви, а за голи, сигурно оние фолкеркине силиконкски, Елена Велевска и сл. А за Хелена Роза гарант. :lol:
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    кај бе Kаролина ја нашле за насловна |( оф лелеее, свашта. па таа нема сексипил што може да го истакне за да биде во плејбој :D де видете ја на насловната |( нема фаца за таму бреееј :D
    а инаку 250 ден се многу за едно списание. луѓето работат по 8 саати дневно за толкава дневница, а они списанието толку го направиле |(
    а инаку, хелена роза без проблем би се соблекла тука, требало неа да ја стават на премиерното издание од списанието, за да кренат поголема прашина :D а не оваа |(
    каролина зајачица :tmi: :D
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    за мк. плејбој ке дадам мислење одкога ке го прочитам и разлистам. а за тоа дека каролина ни е на насловна од мк. плејбој очекувам навистина разголени насловни, не што по гаќи и прслуче па така и јас би се сликала исто ко по костум за капење. нека соблече некој дел ако е фраерка и сака да се популаризира со плејбој. за наредна личност која ја спремаат за на плејбој може да биде викторија лоба али само ако се договорат за сумата ко демек оваа барала премногу ако и го исполнат ќеифот ке ја видиме неа а во какво светло е тоа навистина не би можела да ви го кажам. за тие кој не ја знаат еве слика
     

    Прикачени фајлови:

  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Како прво Каролина не е зајчица, туку е модел за насловната страна. Ја сакам Каролина како музичарка, ама воопшто не ми е доволна сексапилна за на насловна. Меѓутоа за вкусови не се дискутира. Уште кога причитав дека ќе излезе македонскиот Playboy бев скептична за содржините внатре. Гарантирано е дека рекламите ќе бидат секој втора страна, за тоа не се сомневам.
    Кои би биле наредни девојки кои ќе позираат за насловната, не можам да претпоставувам. Само знам дека Хелена Роза би била тотален промашај, според мене. Толку машка фаца има, и воопшто не е згодна, што сигурна сум дека тој број воопшто нема да се продаде :D Антипатична е до срж! А за тоа дека ќе се слика, сигурно.
    За цената малце е висока за наши стандарди...не секој ќе одвои 250 денари.
     
    На HeidiDiWalt и Victorya им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.199
    Пол:
    Женски
    250 ден?! Па пошто е Македноски плејбој прво требало да ја прилагодат цената на нашиот стандард.
    Ниту мене Каролина не ми е за на насловна на списание од ваков тип. Мислам дека Сузана Алсакини би била попригодна.
    И мислам дека списаниево нема да биде нешто посебно. Ќе го наполнат со реклами и тоа малку што ќе остане нема да биде интересно за читање |(
     
  12. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Воопшто не ја сакам Каролна Гочева, но навистина ми се допаѓа како е сликана.
    Инаку цена од 250 денари за македонско списание се премногу. Аман бе луѓе, лебот е 20 денари, млекото 40, а списаниево 250 денари. :x
    И според мене Хелена Роза би бил тотален промашај. Ни треба младо „месо“. Сочно би било да се појават млади девојки, за кои не би очекувале, а не Хелена Роза или некоја полна со силикони.
    Претпоставувам дека во еден од наредните броеви ќе биде Стефани Борисова и некој од моделите на Крема. И за Викторија Лоба сум скоро сигурна. :)
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    И ние македонците да не сме покуси од останатите си добивме плејбој |( . Боже сачувај, се беше таман уште ова ни фалеше. Па и цената набилдана - 250 денари... а кај нас списание со цена повисока од 100 денари нема долга иднина.
    Ете и прилика на Сара Леши да се слика, зашто очајна беше да биде зајачица. Само сега е мажена, којзнае дали ќе и дозволи сопругот :lol:
    Инаку, се согласувам дека поубаво е да се види некоја облеста, како Гавазова на пр, Хелена, Тамара
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Порно имам на интернет колку ми душа сака. Кога нема 250 денари да им дадам за да и ги гледам на Каролина Гочева коските |(
     
    На Kristinna92, XXX666 и Victorya им се допаѓа ова.
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Aбре шо ви е вам со таа Хелена Роза токму ли сте? Каролина не ја бивало Роза ја бивало!?!? :o
    Па Каролина е за Хелена `Мерлин Монро`!
    Кај е стара `раздроцана` масна и одвратна , на појава делува ко Њујоршки Транвестит (боже ме прости), со фалш самоувереност без покритие. Ниту еден фотошоп нема да ги покрие нејзините масни бутови и рошав задник...
    Јас мислам дека од нашиве `селебритис` би ја личело Сања Николич да речеме, а има богами доста потенцијал во многу `рандом` девојќи по градов.
     
    На girl1985 и Victorya им се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Уште првпат кога ја слушнав веста за македонски плејбој се изнасмеав. Не верувам дека ќе бидне нешто од ова, првите броеви ќе се купуваат, но после-малку потешко.
    Прво цената е прескапа, второ незнам каде ќе најдат толку девојки што би се слекле голи (утредента веднаш негативни коментари ќе фрчат за таа што се разголила - мислам македонски менталитет, такви сме)
    Можно е да ја видиме и Хелен Роза (за жал) бидејќи во таков филм живее таа.
     
    На viki44e и wolf4e им се допаѓа ова.
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Избришав неколку мислења во кои беше цитирано туѓо мислење и напишано: ,,Се согласувам‘‘. Доколку се согласувате со нечие мислење, ве замолувам стиснете на копчето ,,Ми се допаѓа‘‘, така што не би дошло до непотребни мислења.
    Ви благодарам.

    Инаку за темата. Македонски плејбој, ха, поради тоа што сме мала државичка, со закржлавен менталитет, не верувам дека повеќето од нашите celebrities би имале храброст да се соблечат голи. Или можно е, што не ќе направат луѓето за слава. :wasntme:
    Иако ќе мораат да се соочат со тоа дека ќе бидат етикетирани како нечесни, и така натаму, што е нормално, со нашиов менталитет.
    Мада, не верувам дека ќе успее списаниево. Почнувајќи од цената, и немањето со што да се потполнат тие страници, па до анорексичните маникенки како Каролинче.
    За џабе потрошено време, материјал, пари, и инвестиции.
     
    На butterfly.mk, XXX666 и girl1985 им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Се мислам кој би дал 250 денари за да ја види Каролина?! Е сега не сум видела какви содржини има, може и да се интересни затоа што Плејбој сепак не е само списание за голотии, ниту пак за порно, ама дали навистина вреди за таа цена поготово на овие простори? Хм, не знам. Се сомневам.
    Како и да е, ако веќе се мислиме кој повеќе би одговарал за насловна, вчера видов дека Бокица се сликал гол веќе, мислам дека добро би се вклопил во второто издание на МК Плејбој а и нема да треба два пати да го молат :?: :x
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Во ред содржините, но скоро истите статии можеш да ги најдеш на било кој сајт за без пари. Јас стварно незнам со кој памет 250 денари :^) Па кај нас скоро сите најпродавани и најбогати со содржина списанија се најмногу по 90 денари и тоа ни е многу! Се претерува, уште Боки да го стават и тоа ќе биде најголемиот кичерај на векот, што досега нит се видел нит се чул |(
     
  20. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Македонски Плејбој, па уште и по цена од 250 ден. :fubar: Ама нели Плејбој не е обично списание, тој што ќе си го дозволи ќе му бидат полни очите и срцето, па ќе биде сит и ќе може да си дозволи со тие 250 ден да не си купи леб, затоа што душевната храна е побитна од обична храна. :lol:

    Инаку да се "пофалам" имав "чест" да го разлистам списаниево и да ги видам фотките од фотосесијата на Каролинка, ама и можност неколку страни понатаму да ја видам девојката од насловната на српското Плејбој. Нашава во 3 комбинации меѓу кои едната изгледаше како да е дупла долна облека наврена една врз друга како booster-ефект на градниот кош, а пак во друга прилика Каролинчето стегнато во мидерче, немој случајно да се види нешто повеќе, што има везе што списанието е Плејбој. А србинкава "греотка" изгледа немала спонзори да и дадат да си облече некое парталче на неа (не е она чесна како нашава Каролинка) па си се сликало девојчево ко од мајка родено (не знам кој ја излажал дека така треба, па види кај нас како изгледа насловна на плејбој) :x . Ај што се сликала она гола, може не знаела, за друг пат ќе си знае, ама и другиве бе во Хрватска, Америка....и тие голи. Абе алооо...кај ви е паметот, угледајте се малку на нашево македонско девојче.

    Плејбој во Македонија исто како Плејбој во некоја од земјите во Среден Исток, па дури и понапредни сме од нив, они во бурки ги сликаат со едно одголено ножно прсте....кај нас барем мевце се гледа (сега зависи, некои викаат дека мевцето залепено до коските е највкусно пошто можеш да си го шмукаш).

    А да ја разрешам дилемата за рекламите, немаше претерано многу реклами, ама затоа имаше добри 3,4 страни за марихуаната, па за Хју Хефнер, па за Стипе Месиќ (пошто кај нас нема кадарен Македонец да го интервјуираат, па плус и заштедено е на трошоци за пат на новинарот, затоа што тоа интервју е превземено од хрватскиот Плејбој). Сигурна сум дека тие што се решиле да си фрлат 250 денари во вода за Плејбој, многу сакале да прочитаат што рекол Стипе Месиќ, може човекот си се замислува Хју Хефнер на Балканов ;) .

    Сума сумарум, да бев машко или евентуално да се палев на девојки тешко дека би се одлучила да ја купам нашава верзија на Плејбој со часни сестри. Добро сега, знам дека ова е само прв впечаток, а првиот впечаток може и да лаже, може уредниците на списаниево се уште испитуваат колку голотија сака и може да поднесе да гледа народов, не за друго, туку ради здравствени причини, да не ги стегне некоја срчка.
     
    На zhap4e, Kristinna92, karak и 2 други им се допаѓа ова.