Тотално се согласувам со вие што рековте дека во Македонија имаме многу некомпетентни новинари, буквално од улица, што мене лично многу ме иритира ... јас сум новинарка, за тоа сум учела факултет , а гледам дека мои колешки и колеги исто така дипломирани новинари, кои неможат да се вработат како новинари, работат како продавачки, келнерки и незнам што... А зошто неможат да најдат работа???? Поради таквите кои имаат заршено само средно и се бутнале во некој медиум, немаат никаков речник, немаат никакви основни познавања на новинарството, ниту како се пишува вест, ниту како се прави прилог, па дури луѓе мои, има и онакви со говорни маани кои секојдневно ги гледам/слушам по медиумиве... Страшно ме нервира тоа што секој се замислива дека може да биде новинар! Буквално знам да се изнасмеам кога ке видам некоја глупост на телевизија, и викам ОД КАЈ ЈА НАЈДОА ОВАА/ОВОЈ?! За А1 не сакам да коментирам... Ама мислам дека претеруваат, и воопшто не ми се допаѓа тоа што го прават...
Убава тема Бокичка, отвара дискусија. Јас мислам дека во Македонија преовладува необјективно новинарство. Се знае кој медиум на која партија е, и што ќе известува истиот. Еден период ме фати желба да бидам новинарка и паметам мајка ми ми кажа Мери и јас сакав од секогаш како тебе новинарство, и работи поврзани со книжевност. Не биди будала, да бркаш луѓе со микрофон по цел ден, кои притоа те игнорираат за на крај на денот да мораш да го напишеш она кое ти рекле, а не тоа што го знаеш. Како и да е.... Непрофесионалност има на сите полиња од новинарството. Темите кои се обработуваат во тин магазините се срамота. Паметам интервју во Тин шема ако не се лажам, со Аврил Лавињ. Интервјуто започнуваше со: Кога влеговме да и направиме интервју на Аврил таа носеше скинати хулахопки, тантара пантара. За наше изненадување, Аврил е една обична девојка и разговорот со неа ни одеше супер. Срамота. Цело интервју преземено од друго списание, интервју направено од страна на бог знае кој новинар, од бог знае која земја. Премногу лоши статии, истото се повторува и намножува од број во број.
Све се под капа на политички партии и после немало слобода на медиумите, чекај бе чоек?! Глупости еј, ај нека се соберат малце, ептен ме нервираат новинариве кај нас. Забораив да кажам: од кога весникот не е 5 денари и не вреди ни толку, а не па 15 да го плаќам не купувам весници со години, што ќе ми се?! Читам на нет што ме занима и ај чао. Не вредат!
Не се новинарите криви бе луѓе, поготово не оние коишто работат по весниците. Секогаш, ама секогаш, стои некој над нив, што им диктира што да пишуваат, што да објавуваат и како тоа да го прават. Татко ми е новинар цел живот, поранешен уредник во еден весник. Веќе повеќе од месец дена нема испечатено негова статија. Знаете зошто? Затоа што со неговите обејктивни ставови, ќе се навредел „тој и тој“, затоа што со тоа весникот ќе го нарушел пријателскиот однос со „тој и тој“ и слични дебилни изговори. И тоа е една исцрпувачка работа под притисок. Кога сакаш, а не можеш да го напишеш тоа што го мислиш и пишуваш нешто трето од она во кое веруваш. Затоа што некој ти труби над глава дека твојот став мора да биде идентичен со тој од горе, во спротивно ќе си дремеш без работа, или како што направи чале мој, ги бојкотираше. Не за џабе весниците ни се полни со тралалајка вести, со некои фуфици на насловна и мизерни колумнички. Да ви кажам во бројки колку нашиве весници се пропаднати, ќе се запрепастите. Буквално се во фаза на умирање. А народот не сака да чита тралалајќи, ама не сака ни филувани стории. Така што, ни О нема, од обејктивно.
Македонското новинарство го допира дното. Слободно можам да кажам дека и не постои веќе новинарство туку луѓе кои што лижат газови на една или друга политичка партија или пак оние другите кои што пишуваат за естрадата со помпезни наслови за небитни персони од типот на Андријана Кеш или Сања Барби. Прво, татко ми секој ден купува весници и понекогаш ги прелистувам чисто за да видам што се пишува таму, ај во темите за политика горе-долу во ред е напишаното, некогаш се слагам, некогаш не ама чудно би било некој медиум денес да е потполно објективен па само ги читам насловите затоа што не очекувам дека останатата содржина ќе ме информира правилно, со факти и докази за напишаното. Е делот каде што се пишува за естрадата е сесема друго нешто. Одамна немам прочитано нешто за нашиве јавни фаци и притоа тоа да биде некој нормален текст. Само некои нови ликови се вртат по насловните страни со глупави изјави и уште по глупави прашања. Разголени певаљки со изјави од типот: ''Играм гола само за 500 евра'' или ''Би го легнала министерот'', е таквите ли заслужуваат насловна страна и внимание? Латас и Ивона се на чело на оваа багра на необјективни новинари. Често забораваат дека всушност водат дневник а не монолог па немаат осет дека на овој народ им е смачено од нивните наметнати ставови, неосновани претпоставки и невистини. Да се немало ни грам објективност... Страшно... И овде би ја спомнала Нора Шакири, зошто и требаше да се меша во политика не ми е јасно. И во ист кош ја сместувам со Латас и цела Сител компанија само што различни луѓе им ги движат конците.Ја имам на фејсбук и девојката е уфилмана дека она ќе го сменела новинарството во Македонија и плука по сите тие партиски полтрони ама за жал и таа е една од нив, само што е на спротивната страна . Срамно е да плукаш по некој а ти да си ист како него. И следуваат уште полоши времиња во македонското новинарство. Не мислам дека нема слобода на медиуми, зашто кога би немало не би биле сите диригирани од различни партиски опции. Има само луѓе кои што повеќе сакаат многу пари отколку својата професија па не им претставува проблем да се продаваат. И не е необјективно новинарството во Македонија туку мизерно.
Јас Телма ја следам редовно, а повремено и 24 вести. Чомовски го гледам внимателно. За мене е тој баш начитан, има многу екслузивни интервјуа, а како негативен пример би ги спомнала многу од водителките кои се сметаат дека се некои фаци, а се прости, неписмени, разголени премногу, не персираат, немат речник ни култура, се здткуваат, и се гледа дека книга одамна не читале. Закоравеле со еден збор. Неупатени и неинформирани. Новинар не се ако седнеш пред камера, се дотераш, нашминкаш и зборуваш глупости со пензионери. Тоа е глупаво.
Сите медиуми се променливи, кога ќе се промени политичката гарнитура на власт, одма се менуваат и вестите на одреден медиум, се емитува во полза на истата, а претходно токму таа гарнитура била жестоко критикувана, за да му се угоди на претходниот состав.
Сега гледав едно интервју, и новинарката неподготвена прво што прашува „од каде насловот на книгата„, или ако не е тоа ќе е „од каде инспирацијата“ или „кои се вашите идни планови“. Тоа се толку клише прашања кои звучат смешно. Плус во текот на интервјуто наместо песни, цело време водителката му вели „поеми“, па пак „поеми“. Абе жено, песна е едно, поема е друго. Си го викнала човекот како гостин да си пополниш време, а веројатно поим немаш што пишува. Па види на Википедија има.
Слика за тоа како треба да изгледа едно истражувачко новинарство во последно време дадоа ИРЛ. IRL Разоткриваат многу скандали, а за дел од нив направија и емисии. Поразително е само тоа што никој не реагира на она што го објавуваат и сите навикнати на криминалите, а најстрашно е тоа што спроведувачите не реагираат. На 17-ти ќе објават нова емисија и ќе биде за здравството и веројатно за третманите за коронавирусот. Веројатно нема да добие толку на значење заради моменталните политички случувања но е добро да се открие и оние што се колнат во здравството да видат колку е лошо.