1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Макетарство

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 28 април 2014.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Пластичното макетарство е хоби со кое што се занимаваат мал број на луѓе во Македонија. Една од главните причини за тоа е недоволната запознаеност на луѓето со ова хоби. Поради тоа група ентузијасти се одлучи дел од своите дела да ги изложи со цел пошироката јавност непосредно да се запознае со ова хоби.
    На изложбата ќе можете да ги видите делата на:
    [​IMG]
    Драган Цветић
    Михајло Ивановски
    Славчо Георгиевски
    Александар Стојановски Цули
    Душко Кировски и
    Бојан Јанковски

    Отвoрање на изложбата 29 АПРИЛ 2014 во 12:00 часот
    Затворање на изложбата 04 МАЈ 2014 во 18:00 часот


    ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

    Добредојдени сте сите!!!



    Искрено првенствено мора да се пофалам дека еден од авторите е и мојот сопруг, со кого многу се гордеам. Еве некои од 100те макети кои ќе бидат изложени:
    [​IMG]
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    По успехот на минатогодишната прва изложба, како и огромната посетеност , оваа година ја продолжуваме низата со надеж дека ќе прерасне во традиција.
    Неколкумината ентузијасти кои минатата година за првпат го претставија ова хоби на пошироката македонска јавност оваа година го остварија својот долгогодишен сон и се здружија во клуб. Макетарскиот клуб Скопје е прв од овој вид во нашата држава, неговата основна цел е промоција на макетарското хоби како и подигнување на техничката култура.
    Ве покануваме да дојдете на ВТОРАТА ИЗЛОЖБА НА МАКЕТИ И ДИОРАМИ на која ќе можете да ги видите макетите и диорамите на членовите на клубот, но и да се информирате повеќе околу самите макети, начинот на изработка и сл.

    Изложбата ќе ја отвори командантот на Воено Воздухопловство полковникот Кире Колевски.

    Работно време : од 12ч. до 20ч. (освен на денот на отворањето)

    ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!!!

    23.02.2015 - Своето учество на изложбата го најави Томислав Краљ, макетар од Р.Хрватска
    24.02.2015- Своето учество на изложбата го најави бродомоделарскиот клуб „Панон“ од Панчево, Р. Србија. Тие ќе испратат делегат.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Со огромна чест и задоволство ве покануваме да го посетите првото макетарско натпреварување во Р. Македонија. По три успешни изложби, организираме натпревар на кој очекуваме да земат учество макетари од целиот Балкан, но и пошироко.
    Четвртата изложба започнува на 03.03.2017 година во 20ч. и ќе трае до 05.03.2017 до 16ч.
    Натпреварувачкиот ден е 05.03.2017 год,
    Влезот е слободен!
    [​IMG]