1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Макробиотика

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од rossonerka, 26 јуни 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Терминот “макробиотика” прв пат го употребил Хипократ во своето дело “Воздух, вода и места”, за да ги опише луѓето кои се здрави и долговечни.

    [​IMG]

    Макробиотската филозофија учи дека исхраната базирана на интегрални продукти претставува најнепосреден пат до добро здравје. Таа е базирана на принципите за рамнотежа и согласност. Имено, ако се конзумираат производи кои успеваат во исти услови, какви се и оние во кои живееме, тоа овозможува успешно да се прилагодиме на промените околу нас. Доколку конзумираме храна која, зеленчук или овошје кое не успева во подрачјето во кое живееме, тоа значи дека ја нарушуваме врската помеѓу човечкиот организам и непосредната околина, и како последица на таквата сезонска нерамнотежа се појавите на настинки и грип, а во некои случаи и потешки болести.

    Макробиотската храна, чии намирници водат растително потекло добива се поголем замав. Ваквата, може да се рече популарност на макробиотската храна е резултат на тоа што современата исхрана претежно се заснова на преработена и синтетичка храна богата со животински масти, холестерол, виши растителни масти, со многу сол, шеќер, хемиски адитиви, а дефицитарна во однос на сложени јагленохидрати, диетални влакна, како и природни витамини и минерали.


    Дали јадете макробиотски намирници, правите ли макробиотски рецепти дома или макробиотски сендвичи? Има во Скопје знам и макробиотски ресторани, сте биле?
    Дали сметате дека макробиотиката е добра навистина за организмот?
    Јас ги обожавам макробиотските сендвичи со соја :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не знам,можда и да и не итн итн...значи...храната е лек,лекот е храна и така натака,ама поверно ми е дека генетиката и склоноста на некои работи е амин и крај.
    Вкусно е и здраво да,барем мене ми е вкусно,некои прават бљак,ама дека има магични својства ко што велат и тоа јинг и јанг што го мешаат и таа целовитост што ја правеле одредени бои на храната која е мешана,па не се сецка вака,туку онака,па не метал,па да биде дрво садот дрн дрн...нема благе везе.Сепак,она што се случи неодамна ми докажа и покажа дека немало врска ова чудо.Еден од првите во земјава кој започна со промовирање со вакви работи и строго живееше така,почина од срцев удар,а жена му е плус 30 кг сигурно...така што...прашај си како ти биле со здравјето прадедовците и прабабите.Може незначително да превенира или помогне...ама,не било така.Цаката за долг и здрав живот уште е неоткриена.
    А иначе да,дома јадеме и тофу и соја и тие семчиња,за рецептите да бидам искрена не ги владеам и распознавам,тоа мајка ми,за мене се е макробиотика се додека нема месо и млеко. :D
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ И јас се согласувам потполно за генетиката, иако исхраната е големо делче тука.

    Јас ги јадам оние сендивичи од Нино макробиотски, али искрено тука некаде мене ми се на рамниште со хамбургер, ги прават во фритеза и оној грдион зејтин од пред 100 дена, ама бар вкусни ми се и мешето ми е полно. А дома правам соја. Знаеш кога јадеш во ресторан не можеш да веруваш 100% во исхраната, дефинитивно е понездрава од домашните рецепти и подготовка.

    Но јас до пред некој ден немав поима дека макробиотиката била конузмирање на продукти од нашите краишта, значи она што успева на територијата на Македонија.
    Е сеа тоа значи ако јадам здраво манго, авокадо и кокос кои имаат многу витамини дека ќе му пречат на мојот организам и здравје? Абе ај. Не ми е за верување ова ич.
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    ^ Да гледаме така, пример јадеме банани во сите годишни времиња, а банана во континентална клима како нашата не успева.
    За генетиката ќе се сложам, а за темелното исцрпување на хранливоста на суровините, игра улога степенот на нивната преработка.

    Да е интегрален ориз, знаеш дека само ќе го вариш во чиста вода, па на крај ќе му додадеш некој свеж зеленчук. Зрното и преварено да е, е сепак тврдо како лешник. Со тоа го ангажираш желудникот да работи поактивно, а воедно и се трошат калории.
    Но да е бел ориз, ќе го вариш во вода со масло, сол, кромид, дрн-дрн-јариња. Заситените масти во маслото се лоши и за здравјето и за линијата. Кромидот пржен, препржен изгубил се од себе, затоа најдобро е свеж да се конзумира. Итн.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Не би се ставила на ваков начин на исхрана.
    Тука ми се "ручкаат" заедно со вегетаријанството, впрочем сум го посетила еднаш ресторанот Хармонија и :^) го свртев менито едно 100 пати додека да се одлучам што и како.

    Прво и многу јасно што не ми влегува во глава - каква е таа исхрана без месо?
    Ниту соја, ниту никакви бакрачи не можат да ми заменат свинско, пилешко, зајачко...

    Втора работа - никогаш не би се согласила на исхрана која ми налага да консумирам продукти што виреат само на моето географско подрачје.
    Кое ограничување е тоа, никогаш нема да може да пробаме банани, ананас или киви (освен некое мутантче дојдено од некаква си саксија во струмичко, па да си извадеме око кој попрв да касне).
    И ред други јадења и специјалитети за кои душа давам.
    Јок.
    (а се извинувам прашање - ако патувам пример во Јапонија, може да јадам од јапонската национална кујна или продуктите се врзани директно со местото на раѓање?) :^)

    Трето - тоа што го спомена Лилит, сечење под агол, мешање во тој и тој правец, вакво сечиво, тра ла ла, ми звучи налудничаво и досадно. Хрната, нејзината подготовка и консумирање за мене претставува уживање, а не макотрпно измачување и броење на степени на сечкање уз музика која доведува до психотично лудило.

    Да додадам дека не ги јадам ни макробиотските сендвичи во Нино, ниту пак имам намера.
    Другарка ми вети дека ќе ми ја подготви традиционалната мисо супа која се прави од мисо алгата.
    Се' уште чекам на супата... :?:

    ... и една моја пријателка ја стави мајка си на макробиотичка исхрана, бидејќи жената боледуваше од рак и тврди дека буквално и' "купи" 7 години живот плус, кога сите веќе кренале раце од неа.

    Што знам... да не дојде недај Боже маката, па да почукаш на макробиотска врата, пу пу.
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јеее добра тема :clap:

    Да, во Македонија има макробиотички ресторан, Хармонија, во Бисер - поздрав до тетка Соња, односно госпоѓа Неделковска, прекрасна жена :)
    Сум јадела повеќе пати во ресторанот чисто како промена на она со што секојдневно си го труеме организмот. А повеќе од причини што другар ми уште многу одамна, кога го отворија ресторанов (зад Буњаковец), сакаше да ни докаже дека храната е одлична и дека е вкусна. И навистина не погрешивме што му отидовме во ресторан, прсти излижавме и малку си ги проширивме видиците и знаењата.

    Јас почитувам секаков вид на исхрана, а макробиотиката е најздравиот начин на исхрана со кој патем и многу се слабее - но треба комплетно човек да се научи да се храни вака. А ние ко шо не дал Господ кога ќе ни речат вегетаријанско нешто - бираме јагнешко :D
    Основата е рамнотежа на храната, јинг и јанг. Не се сеќавам до детали но спомнатата госпоѓа секогаш ја „гњавам“ да ми објаснува по некои детали за оваа храна.
    Таа дури и држи курс во ресторанот мислам за готвење.
    Макробиотиката е начин на исхрана кој лечи најтешки болести. Се е до исхраната - не еднаш ова било докажано. Да не споделувам детали, но има причина зошто некои луѓе се занимаваат со овој начин на исхрана - им помогнал во тешки, болни периоди на животот.

    Сендвичите од Нино ми се превкусни. Не знам, јас сакам ваква храна, обожавам да направам промена на јеловникот барем еднаш неделно и се чуствувам здраво и прочистено. Реално многу гомненици внесуваме во телото, па не е на одмет човек малку да смени чат пат. Ама признавам, не можам да се концентрирам само на еден начин на исхрана - затоа што морам да менувам постојано нешто.

    Трендафилкееее, не ми спомнувај мисо супа, ми потекоа лиги :( не ја чекај другарка ти, иди у јапонскиот до Алка (чиешто име стално го заборавам) и пробај - ама не очекувај мрснотии, или густи супи, се е е ултра лесно и диетално а мене мисо супата иако е наједноставна превкусна ми е :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Абе, тоа на која страна да се меша, како да се сецка... па и пред воопшто да дознаеме дека постои такво нешто, како макробиотика, баба ми ја учела мајка ми, мајка ми мене ми зборела ко мала кога сум ја испрашувала за се и сешто дека кога правиш било што мешаш у насока на вртење на стрелките од часовникот (and don't know why) ако месиш тесто исто го месиш во иста насока, а не те од лево, те од десно... пошто така испаѓало пожилаво, потврдо... ако месото го сечеш, спротивно од оние линииите, жили ли што и да се, самото месо ќе било пожилаво... е и еден обичен пример, грејпфрут - исечете го вертикално, на две половини , дур го исечеш ќе се исцеди цел сок од грејпфрутот. А, ај исечете го хоризонтално на две половини?
    Така да кој ти знае... а и фино да знаеш некои ствари од типот грашок еднаш зготвен не се подгрева, побогу ние цел живот подгреваме се живо и диво... оно, подгреан да ти испуштал киселини :wasntme: .. е сеа не ќе не убијат де, еве не дома не сме умреле од подгреани манџички, така пораснавме, ама и компири плус месо не не убиваат, али ако им се запнам... за некое време нозеве коти портокалчиња ми стануваат.
    Е, мене само тие финти ми се ок и интересни, пошто и готвењето си е уметност, оние кои си сакаат да готват си ги практикуваат ваквите и им е исто ко гурманите кои јадат осеќајќи го секој зачин во храната. Јас јадам да преживеам, ама готвам со ќејф :D други да уживаат во зачини и се друго.
    Еве и пржење и печење.. многу добро знаеш дека тавата треба да се загрее пред да ставиш јајце да се спржи, или дека тестенините се варат на тивко, а не на најсилен оган, бидејќи на тивок оган се варат побрзо, додека на силен се варат подолго, дека не е убаво тестени работи да јадеш дур се врели, дека подобро е да се малку живи ал денте, отколку сроз сварени како каша, бидејќи потешко ги вари желудникот, или што знам дека компирот ако сакаш да го направиш пире, не треба да го оставиш сверн долго време во вода, пошто иначе ако пробаш пример да го рендаш или пасираш станува како тесто... не сме макробиотичари ама веќе сме си ги слушале и си ги знаеме овие будалаштини и малку или многу си ги практикуваме сите.
    А, да се префрлам исклучиво на ваквиот начин на исхрана не!
    Интегрално брашно, леб, ориз ок, соја исто си сакам.. тофу јок!!! и за многу рецепти имам речено јок :D
     
    На Bibko и Estelle им се допаѓа ова.
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Работи ли уште ресторанот Хармонија во аеродром?
     
  9. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Една до два пати во година јадам. Инаку е многу вкусно! :wasntme:
     
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Во право е Трендафилка :)