1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Макфест 2011

Дискусија во 'Музика' започната од RainBow, 13 октомври 2011.

  1. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    хахах Белов втор или лошо слушнав? :o

    А овој првиот не беше лош. Штипјанец е? :^)

    Ништо од фаворитите, џабе толку галама. :D
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Да штипјанец е. Мислев ќе е наместено ама ништо од звучните имиња и фаци. Баш ми е ќеф за Зоки, го знам од мал и знам колку е посветен на музиката и колку се труди, без позадина. Прекрасен глас има. Инаку годинава и беше еден од финалистите на М2
     
    На SuperGirl2010 и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Зар Гаџа зеде сценски настап ?!?!?!?!?! :puke: :puke: :puke: :puke: :puke:
    Жива местенка!!! :x
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Леле мори мајко. Ги ислушав речиси сите рефрени, отпосле, зошто не го гледав.

    Само емоцијата на Наташа Малинкова вредеше. Останативе тук таму, некој обид. Но, генерално... Макфест порано имаше квалитет, трајност и песни што ден денес се слушаат и ти доаѓа да заплачеш на нив. Овие, некако млако, како ради реда. :?:
     
    На Chocoholic и cigarce им се допаѓа ова.
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Зоран заслужи да победи многу се труди дечково вреден е работи !!!
    Инаку песната е копија на Роб Томас лонли но мор :)

    Ама то е то ..
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Реално скоро сите песни асоцираа на некои.

    Бојана - мизерно кутрата се пренапрега кога пее. Елена и таа другата жалосно, Белов беше у стил нешто Ивкова слава, кај постарата генерација тој поминуваше. Лоба и Роберт си викав дал је могуќе, лошо многу лошо на Лоба кај и ојде гласот?! Дуле и Коки не ги можам од онаа пуста А-ха, тие се за по кафани не за фестивали. Мене ми се допадна енергичноста на Дарко и Никола, Наташа сосема достојно, Зоран симпатично песниче, саксафонот ми се допаѓа.. а Наде Талевска море убав глас се држи мнгу подобро отколку Елена и Бојана и Лоба заедноо..

    Се на се го нема веќе шмекот на Макфест..
     
  7. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Не бев во можност да следам, ама според коментарчињава гледам дека не сум пропуштила многу :D
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Ајде, ајде, добра е песната, а и плус Зоки наше дете е.Штипјанец, а има и убав глас и во живо убаво пее.
     
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Булшит. Можда Мијата, Катерина Симоновска ајде, ништо повеќе. Не гледав, неколку само на ЈуТјуб ѕирнав, катаклизма е фестивалот. Не се враќаат девеести и тој квалитет на песни и тоа е факт. Врв на очајот - Билбилов и Лоба. Епик, епик феил. Преглуп настап, Роберт ко и подобар ми се виде, му отиде гласот на девојчето. Бојана, Сања Лефкова, Елена... Не можам, се нервирам. Не ми е јасно кој ги пушта овие на сцена.
     
  10. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Кхмм...незнам што беше вчера кој од кој беа сите.Мене најискрено скоро ниедна песна не ми остави голем впечаток освен на Катерина од идол што беше.Претходните вечер не ги гледав а и не жалам.Од тоа што видов вчера Ништо Посебно.
    Секој свој филм си тера секоја година исто па исто од песните ни п неможе да се види.Победникот онака,копија како што кажа WomanInRed.
     
  11. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    "Го сакам Октомври иако тој нема цвеќиња..." :D :D Која креативност, какви текстови, уметност во интерпретација и сценски настап :rofl: :lol: Фалширање, поткраднати мелодии и тонови од некои други песни кои се менуваат од едн во друг (сосема различен) ритам :worried: Пеачи и певачици кои само вака во живо го откриваат вистинскиот (не)квалитет... Абе толку е жално што не можеш ни сеир со ова да тераш. Организацијата и публиката која не даваше знаци на живот беа друга приказна.
    Не го изгледав до крај, ама тоа што го видов беше повеќе од доволно :doh:
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Не го гледав финалето, но некои од песните, ги слушнав на јутуб.
    Оваа на Роберт и Лоба, искрено, ми беше досадна за слушање, копирана е видете само.. 2:01!
    http://www.youtube.com/watch?v=avap91mc3ZY&ob=av2e
    Само што верзијата на Енриќе е каде каде подобра. Прв пат кога го видов спотот, ме натера да заплачам. А кога го видов ова на Лоба, ме тераше да сменам песна.
    Оваа што победи, ми се свиѓа искрено, иако е плагијат.
    Оваа на Дарко Илиевски, иако е плагијат, некако многу ми се засвиѓа.
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Да пишувам дека се разочарав од Макфест 2011, или ништо ново?? :?:

    Не коментирам околу организацијата, најбитни беа песните, кои беа катастрофа.
    Глупави, досадни рефрени, како да ги пишувало прваче, некои безврска настапи, се` на се` не е тоа што некогаш било. И нема ни да биди.
    Паечите воопшто не се трудат бе. Не знам како не им е срам да излегуваат на сцена и пеат такви мизерни песни... :^)
     
  14. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Врти сучи Дарко и Никола ипак најдобри,па плагијат или не песната.
    Малце поразлично,енергичен настап,интересна песна..се гледа дека се потрудиле сепак.
    За разлика од некои кои само се појавуваат ко у кафана кога пеат. |(
    Елена и Александра..убав сценски настап и убави се за на око,а за во уши никако.
    Катастрофа песна.
    Него што е со на Гаџа песната?Феил!

    И пофалби за овие од страна кои што се потрудиле на Македонски да пеат ...сепак секогаш само ние пеевме на српски по нивни фестивали.
    Одиме кон подобрување. :D
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Сега погледнав нешто на youtube од учесниците и разочарана сум.
    Победничката песна е плагијат и нема грам инвентивност во неа. Ниту во текстот, ниту ништо.

    Не беше лоша Наташа Малинкова и Орхидеја има пријатно гласче, иако е се' уште несигурна малку на сцена.

    Инаку таа песна што сите ја ругате на Лоба и Билбилов барем е современа и звучи модерно.
    Да ја испееја други со малку поинаков концепт, верувам ќе беше поубаво прифатена.
    Билбилов е талентиран музичар, но не и пејач. Нема момчето глас, не знам што се мачи.
    А Лоба ја имам слушнато во живо и пее добро.

    А Бојана Атанасовска убаво се стегнала и конечно оформи убава фигура, сега само уште некој да и го оправи стајлингот, зашто ако си слаб, не значи дека имаш стил.
    Со тие екстензии и шминката изгледаше благо ужасно.
    Исто и Сања Лефкова, девојки најмете си стилист !
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Билбилов и Лоба ми се смешни. Ги помешале поимите сценски настап и снимање спот
    Не дека многу разбирам....ама не треба на настап во живо да има нешто контакт со публика...?
     
  17. Monchence

    Monchence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    15
    До пред 2-3 години стално си обезбедував карти ... Али како тргнала работава последните години,ни на тв не ги пратам пошто НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ,А НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА И НЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ КАКО ПОРАНО !
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Песната што победи ја слушнав на youtube, ама е тапа. Не ми е јасно ни како победила. Песната на Дарко и на Никола беше некако пожива, а оваа на Викторија и Билбиолов исто не е лоша, ама сценскиот настап им е тапа. Таква песна си бара кореографија. Сепак, Лоба добро глуми, а и ми се свиѓа како пее :)
     
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    ај пеачи што немаме немаме, ама текстописците и аранжерите толку да се без инспирација :shake: само за плагијати ли не бива :punch:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Гласа публиката во сала, а најголем дел од публиката се штипјани нели, кој друг би се стегнал или би купувал карта и да иде во Штип на макфест. А штипјани го обожаваат Зоки и гласаале сите за него. Дечкото е стварно супер, има преубав глас, скромен е, нема некој што го бутка со сила....