Не ми се верува значи....кај го пуштиле тој Адријан Гаџа(Гајча) на Макфест..оф мори мајко мила катастрофална песна а уште покатастрофален настап,а глеам земал награда за сценски настап. Победничката песна уште од првото слушање ми се допадна плагијат или не сепак мислам дека заслужи за победа. Честитки до Зоки После одиме понатка...Песната на Иво Веловски ми се допадна,песната на Орхидеја беше добра..А најголем впечаток ми оставија Дарко Илиевски и Никола Пауновски браво за нив А пак таа Сања Лефкова...секоја година ко иста песна да пејт...слична музика де. И кога сме веќе кај Макфест морам да спомнам дека многу ми е антипатична таа водителката..ооо колку е само Па дај бе сменете ја веќе еднаш досадна е секоја година неа да е глеам.
Штипјани гласаа за Зоки, а и плус Штипјанец на Макфест не памтам кога последен пат е победил. Убав глас има дечкото, а и го сакаат,особено женските. Мене па Вера баш ми е ок, не знам како би изгледал Макфест друг да беше водител.
Добро бе, едно не ми е јасно - Како можете да кажете песната дали е копија или не ич не ми е гајле, за мене е добра? Со која цел? И после викате наша е? НЕ Е НАША!!!!! НИКОЈ не заслужува кредит за песната !!!!! И плус како не им е срам на композиторите да се потпишуваат дека е нивна песната? Лазар Цветковски? Негова музиката? Шо си мислат бе, дека ние тука не слушаме музика? КАТАСТРОФА ЖИВА!!!!!!!! Еве ви ги двете НАЈДОБРИ!!!!!!!! Првата на Дарко = Ytse Jam - Dream Theater.....Почнува од 30 секунда на видеово подолу...... http://www.youtube.com/watch?v=TvJ7PLtTK-4 http://www.youtube.com/watch?v=-0ncfYpDw3Y Зоран - Плагијат од почеток до крај, малце промена во вокалната линија - РЕФРЕНОТ КОМПЛЕТНО ИСТ, и само што песната е свирена со други инструменти..... http://www.youtube.com/watch?v=CcHjkFMM37k http://www.youtube.com/watch?v=7spBU4Yv8fE&ob=av3e
Гаџа: САКАМ ДА СМЕ ИНТИМНИ.....ВЕЧЕРВА ДА СМЕ ИНТИМНИ.............. Така нешто беше текстов...Леле ми идаше главата в ѕид да си ја чукнам! Мене би ми било срам на сцена ова да го пеам. Баш безврска.
мене најубава песна ми беше на бојан и соња супер испеано и добар текст се на се топ ми беа на сцена, а интересна беше и песната на дарко и никола и победнiчкава така ми се издвојуваа највеќе а се друго беше... ilent: срамота http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=afSWzIhr93I
Јас гледав на Канал5. И искрено не сум задоволна од изборот на песната ! На Лаура од Идол ми се допаѓаше песната Фаворит ми беше ,ама тоа е !
Знам дека секој има право на мислење али Лаура ..ВТФ??Не ја глеав али колку што видов на јутуб незнам што и беше со фустанот а и песната ништо подобра.Диско грозница Скопје-Битола,Штипско -Кумановско ми остана у сеќавање текстот од прво слушање..ма дајј и оваа сака победа
катастрофа е мал збор искрено за овогодишниот макфест, па и јас да препеам песна која веќе e докажан хит ке победам да прокементирам и за евровизија нешто одамна ми е јасно зашто за евровизија неможат нашиве јако ценети композитори да напишат добра песна која ке стане хит во светски рамки. јасно е ко ден дека најдобрите песни што ги напишале им се плагијати па нормално со такво нешто неможат да одат на евровизија и затоа секад за евровизија има мизерни песни чест на исклучоците а такви ги нема.
Што знам мене некако ми е се ист нема промени ,досадно па кога ке почниш од водителката ама сепак најголем впечаток ми остави Наташа Малинкова не дека ми е сограѓанка ама најубава песна имаше а пак за изведбата нема што да се каже толку исполнета со чувства останати изведувачи можат само вода и носат. Само за победникот ми е жива глупост што победи , па сега ако Штипјанец значи дека мора да победи па нека си пеат само Штипјани па така и ке не мора да има и гласење од публика . Сепак тоа е мое мислење
Од каде пак сега ова? Во целата историја Макфест нема ни 5 победници штипјани да се, незнам од каде го изведе заклучоков дека морело штипјанец да победи
Па не беше фората дека од Штип па он да победи.. нема врска тоа! Баш добро што победи дебитант докажавме дека еднаш прогнозата што ја дадоа не беше точна.. нели викаа цело време дека Белов или Дарко ке тепа.. е баш ми е мило што не испадна така како што се прогнозираше и не победи некоја композиција на Копров или Габровски или тие што се таму директори на фестивалот.. Дечкото знам се трудеше и на М2 и на Идол и конечно ете му се исплати..Воопшто не ми се допаѓа песната што е копија но влегува во уво тоа е најбитно. а Ако гледаме така нема песна што не е копија на некоја друга..
Плагифест. Јас за паркетите си навивав. Какви - такви, може дури и (под)просечно песниче, ама барем свои се и ме изнасмеа Сашо со поздравите до мама. На другиве спиев, јадев, мрчев, се превртував или го гњавев дечко ми дури се обидуваше да види и слушне нешто. Пу бе маме му е*ам, што сме иновативни. Пусикет долс, Роб Томас, Дрим Тиатр. Па алал да ни е, цела светска сцена ја собравме. Земи го, на ти го, фати го... Комарци, зумбуљи, шушумиги, рогати, шути и сакати шишмиши со пувеж вокални (не)способности се пријавиле. Ама фенси се. Че да изаџем на тељевизор битно. Сања Николиќ текстописец бе. Па и сирот Ивица (ако така му беше името на дотичниот) бе. Бела рамбовка т.е. долна маица и кравата. Една лептир да му опнеа сред гуша барем. Кога веќе утнуваш, оди до крај. А да не зборам за ванаби "Golden Globe Awards" теткициве, како и оние а ла red light district. “Гола нога, гола груда, моја се *слива* види из свуда“ стајл. Наши бе...што ако се наши кога ако кажам дека беа тапа, ке им доделам комплимент. Не е дека нема таленти кои би можеле да направат добра песна, туку истите не би се пријавиле да бидат во ист кош со плагијатичари на кои однапред им се осигурани високите места. Ги гледам сега на јутуб и се смеам. Маси поделени на фанови (читај:пријатели) и “хејтери“ на “изведувачите“... “Кико беше најдобар, зошто не влезе? ОМГ!“, “Е да бе, Кико е дигнат, Виктор4е е подобар, тој требаше да се пријави.“, “Омг врска немаш, само хејташ“, “Лелеее Зоранчеее. Браво. Заслужи. Па што ако е туѓа песната, тој поубаво ја испеа.“.... Па ништо де, со туѓи перца си се накити. Што е тука страшното? Псс... Кои фанови бе, кои хејтери, кога до вчера дотичниот “изведувач“ бил познат само на црвците во напатената му нива. Не да ги деградирам де, ама од ова што видов искрено се замислив колку навистина ни сече.
Само да ти кажам само дека на Паркети беше после победничката на Малинкова и на Бојан Стојков... една од апла украдените. На Паркети песната беше крадена од ( шо крадена цела песна препеана ) на Украина изведувачот на Евровизија 2008 мислам беше, Верка Садјучка...тој со целофан што беше маж во жена препраен годината Марија Шерифовиќ кога победи тој беше втор ( зибна зибан улулу зибн зибн цвај цвај ). Да, не беа ич свои ни тие! А на Малинкова песната беше Инкомплит од Бек Стрит Бојс....ако не сриметил некој! А на Бојан цела украдена од Крум и онаа не знам како се викаше песната се вика Ништо не знаеш...на Балканика лани нон стоп ја даваа! Така да ...Плагијат Фест, тие што не беа крадени не влегоа во финале...ама тоа е!
http://www.youtube.com/watch?v=ipRyKtwN ... 60E5B6EE87 Ова е песна.. нема нема шмек има само кич сега..
Воопшто не се замарам со Макфест, и не ми е гајле дали некоја песна била плагијат не. Поточно, кога ќе размислам, и фино што е плагијат победничката песна. Вака имам шанса повторно да си ја слушам Lonely no more, само во македонска верзија Се надевам дека следната година ќе направат плагијат на This is how a heart breaks од Rob Thomas, бидејќи таа ми е поубава Да си ја слушам во македонска верзија
Да ви кажам искрено, за време на Макфестов имав секс и многу не ги есапев музичариве, може тук-там ќе ми влезеше некое стихче од песна, ама одма ми излагаше од другото овце. Едино што ми остана беа зборовите од Сашо ретарда Паркети кога рече: „Мамо, ако ме гледаш сега, пушти го бојлерот!“ Да заокружам. Ми се допадна песната што победи. Зоки го заприметив на М2. Симпатичен момак, скромен ми изгледа, ете и вие Штипјанки потврдивте. Ништо посебно од Макфестов годинава. После Ристо Самарџиев и оперската певица, поубава песна не слушнав како победник, зборам.
И јас ќе ти постирам песна од Мајкл Џексон, тоа беше поп нели.....ама сега Бибер пали и гаси. Тоа е, светот отиде во неповрат, а не пак ние што никогаш и не сме биле чекор со времето Незнам вие какви очекувања сте имале од Макфест, ама моите оддамна се многу ниски
Единствено што ми оставија впечаток беа Ѓоко Танев (и глас и убаво испеано) и Наде Талевска (прекрасен моќен глас). Бојана ама се избламира мислеше дека хит ќе направи, оф бре сестро не значи дека ако покажеш цицки а песна катастрофа дека ќе бидеш бум, па ај остај цицките ама треба и песната да биде певлива да се сеќаваат луѓето на неа. Онаа па Малинова што плачела и правела сцени не сум видела, или била потресена од тоа колку убаво испеала, копирање на Аделе? Билбилов и Љоба нешто влегоа у амерички филм со помаранџеста затворска униформа а Љоба на крај беше среќна како на доделување на Оскар па му скокна у прегратка со нозе у вис Masnoli01 да не мислеше на оваа песна? Уште сега на Бојан да ми текна и на неговата песна, ама ќе морам да ја преслушам изгледа http://www.youtube.com/watch?v=SbiEVT2nieI
А кој победи на Макфест оваа година? Ете толку су во тек, само една песна преслушав и тоа случајно ја фатив на Тв таа од Лоба и Билбилов со затворот, ништо посебно, друго појма си немам кои пееле.