Макфест

Дискусија во 'Музика' започната од RainBow, 13 октомври 2011.

  1. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    802
    Пол:
    Женски
    Да, Лара има извонреден глас, само некако лошо звучеше вечерва
    брза песна играње, во друга верзија подобра е песната сигурно
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    9.908
    Убав текст, за Дуле е ваљда.:u:
     
    На troublemaker94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    802
    Пол:
    Женски
    даа за него рече дека е :u:
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    Не можев сношти да гледам, сакам да ги слушнам песните на тие што се попознати изведувачи ама ќе беше чудо да ги имаа од Макфест ставено настапите на Јутјуб одма. :/

    Ги има само на Јанг Дади, која ми се допадна, интересна беше ама не верувам дека ќе ја слушам претерано, не е мој тип а дали ќе биде најслушана меѓу двата фестивала и тоа не сум сигурен, некако ем не ми е хитовска а и зависи дали ќе извади спот.

    Лара - Доминантен - каква тралалајка и тешко срање од песна.

    Од рефрените што ги имаат ставено на Инстаграм најветувачка ми е на Павле Камилоски - Милион лета и исто така и завршетокот на песната ми се допадна што го слушнав на стори ама ја нема се уште цела па не можам да проценам. На Коки звучеше ОК исто така иако некако старомодна. Изгледа е до Дамјан Лазаров, компизоторот на двете песни што и двеве овие ми се допаднаа на исечоците, можеби ми се допаѓа како автор човекот. И лани на Павле му ја направи макфестовската песна која ми беше една од најдобрите лани. Не дека е нешто уау или светски ама гледам што сака да постигне, кој му е филмот.

    Стефан Ефремов - ми остави впечаток дека од Пајак е песната направена ама според исечокот тралалајка, повторно Пајак/Иван Јованов одат на истиот принцип брзи битови и евтини рими од кратки зборчиња.

    Димитар Андоновски повторно изгледа со некоја бездушна и бледа песна како лани, не знам зошто се пријавува. Исто и на Мартинијан песната така ми звучеше.

    Ана Петаноска штета што се појавува со некој шлагер на Копров кој звучи толку застарено и не за во 2025, а има толку добар вокал. Ме интересира на Агни Авшар како звучи во целост песната. Тамара Волческа лани според исечоците ми остави најдобар впечаток со Кажи ми да знам, целосна верзија и настап во живо разочараа, годинава исечокот ми остави впечаток како погоре за Димитар и Мартинијан што напишав.

    Од дебитантите Санела Шукриевска ми призвучи свежо и релаксирачки. И овде имаме звук многупати чуен во други песни на самиот автор (Ерик Фокс). xD

    Оваа година некако нема битни имиња на фестивалов, изгледа никој не му ја прифати поканата а не верувам дека не се обратиле на некоја А-класа изведувач кај нас.

    За крај ќе ги споделам моите #1 песни на Макфест откако повторно почнав да следам:

    2018 Роберт Билбилов - Чудни места
    2019 Здравка Мирчевска - Нема утре
    2020 Ѓоко Танески - Ден по ден
    2021 Мартинијан Кириловски - Вистина
    2022 Пајак и Лара - Бела
    2023 Владо Јаневски - Златни години
    2024 Антониа Гиговска - Жена

    Убаво што има ребрендинг фестивалот од 2022 наваму и оди во правилен правец. Во наредните години сакам да ги видам: Лозано, Каролина, Фанк Шуи, Дупер како некои посериозни и не толку нови имиња. Меѓутоа секое мејнстрим и звучно име е добредојдено.

    Други песни што ми оставија впечаток и кои ги имам слушано и после Макфест од 2022 наваму (од ребрендингот): Замижи на Тамара, Кон ел диабло на Мелани Тарчуловкса, Рај на Благица/Блеа, Омилен на Марија Спасовска, Сафир на Таско и Малена, Сатурн на Таско и Теа, Пијана на Дани и ете Дали можеш на Павле Камилоски а голема е веројатноста дека заборавив некои. Александра прилепчанката ми се допадна во 2023 исто така.

    И нека нема резултати и победници, многу е објективно вака со една награда - најслушана песна меѓу двата фестивали и засега стварно таа награда оди кај тој што треба.

    Друга работа: мора да се смени и да се модернизира логото кое не е сменето од 1986 и исто така да се направи нова музика која исто така не е сменета од 1986. :О :/