Благодарение на Пеперминт дојдовме до откритие на овој прекрасен серијал на BBC1, во кој Rachel Khoo, британка која живее 6 години во Париз, готви традиционални француски рецепти, со, како што самата кажува - свеж и едноставен пристап. Посебно ми се допаѓа тоа што најголем дел од намирниците се лесно достапни, а има и многу простор за импровизација. Девојката е преслатка и многу шармантна, а нејзината кујна - клаустрофобично мала , но сепак доволна за подготовка на сите вкусни рецепти. Мене многу ми се допаднаа и ми се на листа за наредно приготвување. Целата атмосфера во Париз, боите, музиката се прекрасно надополнети во серијалот, а емисијата кога ќе почнат да ги покажуваат слаткарниците и пекарниците низ Париз... богами, замижете на тој дел, ако сте на диета. Досега има 6 епизоди. Еве каде може да ги пронајдете сите рецепти: http://www.bbc.co.uk/food/programmes/b01fmbjz а ова е едно од првите закуски направени со нејзината мала Париска кујна. Вреди да се проба. http://www.youtube.com/watch?v=L38S1F6Y4u0
Јас вчера успеав да ја изгледам само првата епизода ама мафините со јајцето цел ден ги мислам, а тоа може да е штетно во мојата состојба. Како што ги разгледав сите објавени рецепти се едноставни и брзи, и доста слични со нашата кујна. Девојката е прекрасна, а францускиот акцент и тоа шушкање додека зборува дополнително го зголемуваат лачењето на течности во устата.
Утре ми е во план ова да го правам, да го разгалам малку стомакот на љубениот мој http://www.youtube.com/watch?v=oneI8gL8 ... ure=relmfu А ова ми е во план вечерва, таман ќе ми дојде другарка. Незнам каков крем е тоа, ама јас ќе изматам павлака. http://www.youtube.com/watch?v=s2zzshmj ... re=related Девојкава ми е срцка. Рецептиве се лесни, интересни и се надевам вкусни
Гледањето кулинарски емисии, посебно кога се готви вака со многу шарм и луцидност, за мене претставува вистинско уживање и релаксација. Rachel е неодоливо шармантна со нејзиниот акцент, фустаните со туфни, црвениот кармин... Нејзината минијатурна кујна, оној излупен чинган сад се доказ дека кога се готви со многу желба и љубов, условите не се многу важни. Инаку рецептите како и сите од овој тип, некои се изводливи за наши услови, некои не, некои со модификации, но најбитно е што Rachel делуваше на мене страшно инспиративно, а и на многумина од вас како што гледам Ваква инспирација и ентузијазам за готвење не сум имала од филмот Julie and Julia.
И јас исто ја засакав девојкава, мноогу ми е симпатична! Денес ќе го правам ова http://www.youtube.com/watch?v=sP02Qv68XqU , доста просто, само што мора да се чека 4 саати, ама нема врска, мислам дека ќе вреди! Ќе ви пишам како ми испадна
Мафиниве не се лични како оние на Рејчл, но се многу вкусни. Моиве почнаа секоја вечер да ми ги бараат, единствено јајцето внатре го сакаат целосно испечено, а не ровко. На сликава лепчево изгледа како подизгорено, но не е, таман е крцкаво.
http://www.youtube.com/watch?feature=en ... uQ5TzyLzMk Циа еве го видеото. А ако смеам да прашам, зошто Пеперминт не е наша морална поддршка во слабеењето и става вакви видеа во едни од најчитаните теми? Ти Трендафилке, и ти ли сине Бруте? Па уште и тема отворила.
Па... па... Ахахахаха, па си ги симнав сите епизоди, ги изгледав, девојката е многу слатка, јадењата едноставни, такви мафини со јајциња му направив на дечко ми. Абе некој слабее, а друг си има мака да се здебели. Јас само помагам на овие вториве.
Имам грижа на совест, признавам. Можеби ова е моја потсвесна пасивно-агресивна реакција како претставник на оние исушените, кои цел живот им завидуваат на заоблените жени. Всушност, целта ми беше да ја доловам филозофијата на французинките во однос на исхраната и животот воопшто за угодување на себе си, дозволување на ситни, мали, неодоливи задоволства- petit péché mignon (мали слабости или така некако), без претерување и барање на задоволство во изобилството.
Јас денес ќе ги правам ражничите со пилешко што стојат во маринада од вино. Цела ноќ ми стојат после ќе ги печам, ќе ве известам како испаднале
Ручекот заврши па да ве известам. Ми се допадна вкусот на месото, многу беше кревко, се топеше во уста и имаш многу убав шмек. Го препорачувам да си го зготвите. Сосот од преостанатата маринада не ми се допадна баш, многу сличен вкус на варено вино имаше, мене лично не ми се допадна многу во комбинација со ражничот. Се на се, убава идеја за јадење за да избегате од шаблонот. Некому сигурно ќе му се допадне и сосот што не е и неопходно да се направи, па може да комбинирате и со друг прелив. Јас така ќе направам нареден пат.
Девојкава е прекрасна.Јас изгледав неколку епизоди и можам да кажам дека сум мртва гладна Толку привлечно готви што мислиш нема нешто што не е слатко. Плус има некој шарм девојката онака во малата кујна со акцентот и како објаснува и дегустира...значи совршено. Јас го обожавам Париз, а гледајки го воведот на емисијава, ми доаѓа да се пакувам и веднаш да се преселам таму. Посебно ми влегоа во очи специјалитетите од оваа епизода. http://www.youtube.com/watch?v=G8mCuXNz ... ure=relmfu Чорбичето посебно, зошто обожавам такви со зеленчук и печурки и...ај доста се излигавив. П.С.Девојката ми личи страшно на сестрата на дечко ми, такава е и таа весела и со коси очи, леле значи исти се.
Леле Рејчел! Значи, можам цеееееееел ден да ја гледам, да се восхитувам, да и ги пијам зборовите... Ах, Париз. Девојкава го работи тоа што јас реално го посакувам. Прекрасна е.
леле кај ги загледав тие мафиниве, уште од глава не ми бегаат Jа осеќам ровката жолчка во иднина ќе ги скувам, зашто не верувам дека ќе ги заборавам. Cупер е девојкава, што ми требаше да ја гледам
Леле .. Што ми требаше да ги гледам видеата, инстантно глад ме фати. Обавезно ќе пробам некои од рецептите, иако не сум некој којзнае каков готвач, ова ќе ми биде мотивација да научам да готвам. Ако успеам ( ) да направам нешто, ќе постирам тука. Самиот Парис е доволна мотивација, а не пак париската кујна. мммхмммм
Чоколадниот мус е прекрасен. Го правев денеска и неможев да дочекам да го држам 4 саати во фрижидер, за 1 саат го извадив Ставив две обични чоколади за готвење, кои не се ни приближно како она на Рејчел ама тоа е Како и да е превкусен е, супер ми испадна. Го препорачувам, само држете го подолго во фрижидер Почнува некаде во 20тата минута од видеово. http://www.youtube.com/watch?v=DaERVGMk ... ure=relmfu
Јас пред некој ден правев лава колачи, според нејзин рецепт оние со карамела внатре. Што да коментирам сите знаете како изгледа лава колач, ама со карамелата беше Е сега јас ги печев повеќе од 20 мин зошто ми беше страв да не ми бидат растечени многу, оти ги правев дупла доза и у мисла ми беше да не го утнав рецептот, ама испаднаа одлично. Ги сметивме по дома во рок од полаа саат, дури јас си скрив едно за да си се сладам сабајле и така вчерашно пак беше вкусно. Мераци.