С сексот е природна појава и потреба,и секако дека е пожелен и потребен за репродукција,ама тоа незначи по секоја цена да го практикува човек,ете се издржува кога се има циклус или пак издржи додека си леунка бе,големото чудо Пфф ете Евангелос цитира нешто што не е така во буквална смисла на зборот..тоа плодете се и множете се не значи упорно да се секса човек и да се множи со 10 деца плус се е корисно и од Бог дадено,ама некогаш ние луѓето претеруваме општо за се и бетер сме од животните
Јас не спомнав ништо за секс пред брак. Ти алудираше на тоа дека сексот ВО БРАК ја онечистува жената: Јас само реков дека сексот во брак не е нечист, туку дека е првата благословена работа во Библијата и тоа во првата страница од Библијата. И секако приложив и цитат од Библијата: „И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата,“ (Битие 1:28, Библијата)
Нема потреба да издржуваат. Тоа е непотребно бреме за брачните партнери што им го наложува православието (лажејќи ги дека сексот е нечист тој период), но Бог не го наложува тоа бреме. Напротив, Бог јасно рекол во Светото Писмо дека сексот во брак е благословена и чиста работа. И оваа ерес не запира само овде. Има многу православни духовници, теолози, монаси, што велат дека сексот треба да се практикува само за репродукција, а не за уживање, бидејќи според нив наводно сексуалното уживање е сладострастие, грев, пу пу какано а нивната небиблиска апстиненција ја нарекуваат „целомудрение“, пази молимте ќе повторам уште еднаш „целомудрение“ . Значи откако ќе направиш деца колку што можеш и сакаш да чуваш, потоа ќе си ставиш една преграда во креветот и нема да се допираш со мажот затоа што ако имате секс без намера да правите деца, тоа е грев. Страшна ерес!
Мајки дали за бебе се смета точно 40 дена или можи молитва порано да се земи.. Слушнав од постариве дека за радост бебе свадба крштевка се сметале недели а за умрен точно се броело деној т.е 40 дена.. Моето прашање е кога вие си замавте молитва? Од црква ти велат на 40 дена а постариве ми велат земи си порано еден ден на 39 ден оти така е за радост.. Кого да слушаш да не знаеш ваму и пријателки две истото ми го кажаа дека и тие си зеле на 39 дена молитва оти и нив им кажале дека 40дена биле само за умрен.. Ваше мислење?
Црквата е Црква на светите отци, а не на “сезнајните“ баби. Така да молитвата треба да си ја земете точно на денот кога бебето ќе направи 40 дена. На 40. ден и Пресвета Богородица со Богомладенецот - нашиот Господ и Спасител Иисус Христос си зела голема молитва во ерусалимскиот храм. Да не чинело и Таа ќе си земела голема молитва на 39. ден.
Во право си... Јас и многу многу секако во адети неверувам и свекрвами и мајками и бабами шо ми велат му давам убо објаснување зошто тоа порано не го праеле и зашто не треба да се прави ама за ова вистина некако ме задума и реков ќе си прашам башка од црква и овде.. Фала многу
Јас знам дека мајката треба да е чиста во смисла да има престанато да крвари, ако на 40 ден сеуште се чистиш треба да почекаш и молитвата да се земе по касно, нели оваа молитва е за мајката. Вака имам слушнато вака кажувам.
не крварам скоро недела само жолтило сеуште имам и незнам до кога ќе биди тоа.. и зошто уште не прекинува
Пожелно и потребно е молитвата да биде на 40 дена од раѓање на бебето. Немам свои деца,но знам по внук ми,броевме во недели,шест недели за молитвата,мислам дека 42 ден дојде тоа,ама во Црква ни рекоа поправилно е да биде на 40 ти ден...
Сега читам дека не е пожелно да се имаат односи до 40ти ден, односно додека не се зеде големата молитва. А прашуваат они, ние сами треба да си кажеме, или да си ќутиме. Сигурно нема да не вратат
Без гајле да си,никој не прашува дали си имала односи или не Малата молитва е за бебето,затоа тогаш други ја прават,нели мајката е нечиста и пресно породена. Големата молитва е за мајката и бебето,веќе е прекинато крварењето кај мајката,во еден случај на милион може да не биде прекинато,тоа е реткост. Не сакам да звучам грубо,ама не е нормално да се има секс кога си за одење во Црква,како што не треба да имаат ни идните сопружници секс ноќта пред свадба во Црква,така е и за молитва земање и за се. Некаде пишува дека и до 7 дена после секс жената се смета за нечиста и треба да избегне одење во Црква. Секој си знае за себе,не налагам ништо,само се надоврзав....
И јас знам дека додека мајката крвари не треба да си зема молитва, треба крварењето да е престанато па да си земи. Што значи порано не може а покасно може.
За крварењето имав чуено/прочитано. За ова другово целосно заборавив дека би можело да е некаков критериум.
За нешто да биде „простено“, треба прво грев да биде нели? А грев е прекршување на Божја заповед, а не прекршување на човечки измислени преданија. Во Библијата никаде не постои забрана за молитва. Под никакви околности не е забрането молитва. Така што молитвата не може да биде грев, а со тоа и не мора да се бара прошка за неа. Позз
За да разбереш некои работи треба да си под "православна капа". Значи,по милионити пат ќе кажам,не дека нас не ни е важна доволно Библијата,напротив,се почнува од неа,ама не завршува се со неа,како што е кај вас. Кај нас постојат Светци,Свети Отци,Старци кои оставиле мудрости и разни поученија за нас. Не велам дека сексот во брак е грев. Само дека од почит кон Господ и Црквата,не треба да се појавиме нечисти во смисла на тоа кога жената има циклус или пак претходно имала сексуален однос. Да не се лажеме Ев,и во Библијата апостол Павле јасно кажува дека мажот и жената треба да се разделат на некое време и после пак да се спојат. Ова разделат се мисли да немаат однос,а не да се разделат званично од сопружници. А тоа е најидеално за време на пости,за време на молитви и слично. Колку и да е чист и благословен бракот,зарем не ти е малку шубе,ноќва да имаш секс и утре ти или жена ти да отидете во Црква? Мене,искрено ми е aма,кажав и претходно дека не налагам ништо на никој
Ја би рекол дека обратното важи: Ако сакаш да не разбереш некои работи, да бидеш игнорантен кон јасни факти, ако сакаш да се ограничиш во многу погледи, тогаш треба да си под „православна капа“. Православието го познавам предоволно и немам потреба да се ставам под „капата“ за да увидам некои работи што не штимаат. Епа тука лежи проблемот, тоа што ти мислиш дека сексот е нечиста работа Сексот е од Бог создаден. Господ е создател на половите органи, на хормоните, на ерогените зони, на оргазмот, на сите центри за задоволство во мозокот итн. Сексот е благословена работа. Никаде во Библијата нема да најдеш дека сексот е лоша, ѓаолска или грешна работа. Ниакде. А што се однесува до молитвата, таа е добредојдена секогаш и секаде. Колку човек повеќе згрешил, толку повеќе има причина да се моли. Крајно неразумно е да се поучува дека некој треба прво да се очисти, да се исчисти од гревовите, па потоа да се моли. Напротив, колку е некој повеќе „нечист“, колку повеќе е заплеткан во тињата на гревовите, толку повеќе има потреба од молитва. Молитвата може само да помогне, а не да одмогне. И нема што да бараме прошка од Бог затоа што сме му се помолиме, бидејќи самиот Бог во Библијата има кажано да се молиме постојано и никаде не рекол „немојте да ми се молите пред или после нешто, било што“. Шубе ти е пошто на сексот гледаш како на нешто лошо, нечисто, затоа што мислиш дека сексот е „грев“. За жал така те учеле у тоа црквата. Познавам и други православни верници кои сметаат дека сексот е „нужно зло“ кое треба да се користи само за репродукција, а не за еротско уживање помеѓу партнерите. Последиците кај таквите верници се страшни, може да дојде и до драстично губење на желбата за секс или на намалување на либидото. После ќе треба и на психијатар да одиш. Бери ум со време!
Не,не,не,никој во Црква не ме учел дека сексот е нужно зло само за репродукција. Види,ќе направиш да се осетам ко некој фанатик,а не сум Не се срамам да кажам дека не сум невина(за жал или среќа)ама исто не се срамам и да кажам оти веќе и сум тргнала накај фригидна,ама тоа е моја лична потреба,не ме тера Црквата. Можеби ќе сменам мислење,можеби е само период,ама не гледам ништо страшно во ова. Пак ќе ти речам,нечиста би се осетила да отидам после секс во Црква,ми се случило за време на циклус само,ама неизбежно беше да отидам,не бакнав ни икони,ни допрев нешто. За молитвата за мајка,како што е темава впрочем,жената тогаш треба да бакне икона и ред други работи,затоа реков нечиста е. Ако грешам,јас нека го берам гревот
Мaми дaли требa претхoднo дa се нaјaвиш вo црквa зa гoлемa мoлитвa или сaмo си oдиш денoт кoгa требa?зa вo Скoпје прaшувaм, фaлa
Ако се сеќавате, прегледот после пораѓај е на 6 недели ( ако се е во ред). Дотогаш е препорачано да немаат секс, бидејќи уште матката не е вратена во првобитна положба, потребно е да се затвори раната и со секс може да има инфекции. Е сеа... на времето не знаеле за ова, арно ама имало жени што по 2 недели имаче секс. И добивале инфекции, умирале или боледувале. Не знаеле од што, па ај од сексот. И решиле дека треба да се чека. Е сега... У модерното време не е страшно, има антибиотици и прегледот може да покаже и дека по 1 месец се е океј па да речат терај. Многу работи од религијата не се оти господ рекол така, туку оти немале објаснување за природните работи и единствен начин да плашат било да речат ете господ рекол.