Сакам да Ве прашам за голема молитва одиме јас, мажот, бепче и свекрвата, така? Нема потреба од моите родители да доагаат. А после тоа за во три куќи кај кој се оди на ручек кај родителите или кај свекрвата (бидејќи сами живееме)
Бебето да ви е живо и здраво, големо да расте и да ви носи радости! На чинодејствието голема молитва може да оди кој сака. Обично оди и мајката на мајката. Потоа што ќе правите зависи од локалните обичаи. Убаво е да ги почитувате, но не мора. Може да појдете и во една куќа, може и во две, може и во три... Може и во триесет и три. Најдобро договорете си се со двете рала родители, за да не настанат глупави ситуации и непотребни нервози.
Значи ќе си пукнам. Цела бременост не сме имале односи и сега маж ми таков си побара една "масажа". Едвај се согласив, го допрев само неколку пати и ми текна дека не треба да се има односи!!! Се покајав 100000 пати. Дали ова се смета за однос исто или не? Веднаш прекинав, уште ми е тешко....
Си ствараш стресови за ништо. Допир е допир, однос е однос. Ако олку строго се држиш до 40 денови ќе не треба ни да се бакнете.
Девојче аман. Срамота е. 40 дена викаат да немаш ВАГИНАЛЕН секс оти уште не ти е средена матката, оти си подложна на инфекции. Одиш после на гинеколог, ако ти каже дека се е у ред имаш и ВАГИНАЛЕН. До тогаш, имај орален, дека, бацуј, зборуј перверзно, соблече му се. Тој човек немал секс пред пораѓај ако ви било жално, па уште и сега. Која баба ти го кажа ова? Прашај ја она дали не му го ...... на дедото! 21 век сме. Задоволи го мажот, сврши и ти. Не мора вагинално. Ве уништија тоа бабите.
Не се грижи, ништо страшно. Не се смета за однос. Ќе издржите уште неколку дена, кога сте издржале толку многу. Да ви е живо и здраво бебенцето.
Бакнеж нема никаква поврзаност со однос. @snegce не си направила ништо лошо . Еве @Cka ти кажа од медицинскиот аспект зошто треба да немаш однос, а и се крвари нели. Е сега од религиски аспект до голема молитва треба да се воздржите, ако мислеше на тоа. Инаку галете си се слободно.
Бакнеж ИМА ГОЛЕМА поврзаност со однос, со бакнеж се почнува и се продолжува понатаму до однос Незнам вие како правите ваљда само туркате гаќите и вршите работа
Да се бакнуваме шетајќи се и никаде не се пикаме туку тука на сред улица се сексаме. Life is short baby,enjoy the moment
Не можам да се редактирам. Мислам да не се правиме на 5 и пол, сигурно ова што го кажа членката не се случи додека се шетаа во парк и тој побара "масажа" За жал забегавме од темата.
Девојки да ве прашам за голема молитва се зема точно на 40 ден? Што се прави доколку мајката сеуште не е исчистена? Кај вас дали е со закажување во црквата и колку се плака?
Да, точно е на 40дена. Доколку сеуште крвариш го носи татко или некој друг, а мислам можеш и да отидеш откако ќе се исчистиш. Се закажува е сега за плаќање мислам 200ден. ако не се лажам. Голем молитва е всушност за тебе бидејќи бебето не е крстено, но преку молитва за тебе се пее и за него. Ништо посебно не се носи, дар ако си милуваш. Јас оставив бебешки алишта и коцки шеќер.
имам прашање околу малата молитва. Се зема на денот ко ќе се породам? И што се прави? Сигурно некој ќе појде во мое име јас каде да одам тазе породена
Се зема на денот кога ќе се породиш, или ден подоцна. Нормално, ја зема некој од роднините. Од водата што ќе ви ја даде попот, мајката пие, а бебето се капи (мие) со неа до 40. ден или до денот кога ќе биде крстено.