А може и исто чисто влагање во црквата палење свеќи, оставање пари на икона и зејтин. Нит поп да ме пее нит ништо. За апаши не да се апаши. Ние сега за помен викаме поп, ај што зима 1000 па и да го земеш ти со твоја кола од капија он не троши бензин со неговата. Па и кога е за викенд да го бараш луташ и пап пак 1000че.
А зошто носите крпи во црква? Ај масло знам дека ставаат во кандила, не ми е јасно за крпиве, што прават со нив? Или потоа си ги земате дома?
И нашето не беше крстено кога го носевме во црква за 40 дена. Претходно прашавме во црквата што треба како треба, ни кажаа само кое време да сме таму и толку. Кога завршивме плативме 200 ден и си запаливме свеќи и толку. Ништо не сме носеле и запаливме свеќи од оние мали и тоа беше колку што се сеќавам.
Крпата се носи за да си ги избрише попот со неа рацете после крштевањето, од светата вода што го крштевало детето. Затоа се носи нова и чиста крпа заради светата вода.
Другарка ми ни договараше со попот, кога го праша и кажа 500 ден., кога отидовме таму ни рекоа 1000 ден.
Ние бевме денеска в црква за голема молитва. Пошто незнаев како е точно обичајот, купив една крпа, и накрај му кажав на мм да ја стави на некоја икона веќе кога сум ја земала. В црква пари не ни побараа, кажаа не се плаќа, дури зачудени изреагираа:" какво плаќање за молитва?!"...ние на своја иницијатива дадовме 500ден на попот, и запаливме свеќи накрај. Иначе зошто бебето не е крстено, и мајката дека можеби сеуште се чисти(крвари) молитвата ни ја пееше попот во предверието (веднаш штом влезеш в црква како ходник што е, незнам како да опишам убаво) пред да влезеш во делот кај што е олтарот. Кажаа дека не е крстено и ради мајката нели ако сеуште крвари не се одело в црква. Еве во нашиот град така бил обичајот.
Ако не сакате поп да ве пее, тогаш која е потребата да одите в црква и да носите масло и да палите свеќи? Подобро ни тоа не правете го. Припадоста на Црквата се изразува преку примањето на светите тајни и обреди, а не преку палењето свеќи оставањето масло.
Мене не ми побараа пари за големата молитва. Само 2 свеќи од 20ден требаше да купам и пари на иконите што ставив
А поповите што прават за нас? Што ако јас немам 500 ден да платам за да ми пее? 500 ден за молитва, за крштевка 4000,3000 за погреб, 1000 за помен и тоа да го бараш да го молиш да го пустиш. Те молам со вакви изјави немој. Светата тајна возење џип на сметка на народот па и господата за помени не мрдаат со нивни коли ти да ги земеш и вратиш.
Поповите се молат. Ако имате проблем со попот, жалете се кај неговиот претпоставен. Си имаат претпоставени и поповите. Ама ние секогаш се жалиме кај што не треба, место кај што треба. Полесно ни е така.
Утре правиме 40 дена и ќе отидеме во црква, мислев ќе се просветлам во темава, ама уште толку се измешав, негде 200 негде 1000ка Да не знае човек што да прави. Треба бебко во раце да го држам или може со количката да влезам? Пошто не е крштевка, стварно ништо не знам... И читам договарале саат?! Не можам така да отидам?