Мене прво што ме прашаа беше дали сум чиста. Мислам дека не може, ама пак прашај си. Па и различни попови различно ќе ти кажат.
Кога се оди во 3 куќи за голема молитва дали се рачуна и сопствената куќа? Син ми е роден на 15 септември и 40 дена ни се паѓаат на 24 октомври, но дали може големата молитва да ја земеме на 25 октомври? 25 е сабота, и плус треба да возиме 100 км до Хамбург за црква, а маж ми преку неделата е на работа.
Голема молитва треба да се зема точно на 40. ден. Но, нема да згрешите, ако појдете и еден ден подоцна поради околностите во кои се наоѓате. Да бевте во Македонија, или да имавте Православна Црква во близина ќе требаше да земете молитва баш на денот, но во вашиот случај може да земете и ден подоцна. Полови односи не треба да имате до молитвата. Во однос на куќите, тоа е народен обичај и доколку немате блиски роднини, подобро и да не одите по куќи.
Фала ти многу. До односи во овој момент не ми е ни дојдено. За роднини имаме безброј. Мојата фамилија е овде и мајка ми не повика на ручек. Па затоа ми беше зборот доколку се рачуна и нашата куќа дека треба да отидам уште на едно место, барем на кафе.
За голема молитва дали треба ептен да не се крвари? Веќе иаме закажано за утре, и претходните 4-5 дена немав ништо, но денес гледам пак малку има пожано.
Не знам како е кажано од свештено лице Но сега има жени што крварат и подолго зар нема да присуствува на чинот? Сметам дека нема врска тоа сепак живот си дала нормалнп е телото да крвари како и што одиме во црква за време на менструација само што не бакнуваме икони. Јас би одела и да имам сега нека каже некоја поискусна или консултирај се со поп