Мала македонска блогинг платформа: ПАНДА.мк

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од citizen091, 28 септември 2026 во 20:03.

  1. citizen091

    citizen091 Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2026
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите,

    Не знам каде да ја ставам темава, веројатно овде е ОК. Сакам да ви ја споделам оваа мала и независна македонска блогинг платформа која ја создадов: ПАНДА.мк (https://panda.mk)

    Бесплатно е да си создадете свој онлајн блог/дневник. Брзо е, нема следење од тракери и реклами, нема глупи сабскрипции, скриени плаќања или paywalls. Секој може да има свое место и простор за пишување. Анонимно или не.

    Генерално ја напишав за себе, но би било супер да се приклучат и сите оние кои имаат потреба од пишување текстови, кратки или долги, без разлика на тема или повод.

    Да не должам, имам објавено манифест во однос на сајтот (погледнете го на сајтот).

    П.с. Можете да отворите барање на сајтот ако сакате некоја функционалност или да пријавите баг. Заедницата гласа.

    Поздрав
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.