Да да јасно ми е ,да одеше и моето немаше да има проблем ама дека уште не оди па се прашував што како да правам. Јас па викам да не треба мала пауза кога ќе дојде бебето.
Jas so vtorata se porodiv vo avgust, vo septemvri ja pustiv prvata na gradinka togas taa imase edna godina i tri meseci.
Дома повеќе внимание ќе обрнете на првото дете, бидејќи бебето во првите месеци само спие, цице и полни пелени. Јас така правев поголемо внимание обрнував на првата за да не почувствува љубомора, макар што еден вид љубомора покажуваше, кога ја доев малата, таа во тој момент сакаше нешто, и со бебето на дојката јас и ги исполнував желбите за да не се почувствува запоставено.
Мамички како го пребродивте разделувањето со поголемото бебче на неколку дена додека сте на пораѓај Како се наближува времето се тоа ми лета низ глава… со синко се немаме одвоено воопшто до сега… ми е страв да не се одвои од мене, да не се одалечи Ептен ми влијаат трудничкиве хормони Другаркиве што имаат деца на мала разликаа ми викаат дека првото им се одалечило ради бебето и ме фаќа паника и со љубомората меѓу децата како се справивте? Колку време трае периодот на прифаќање? Моите треба да бидат некаде година ипол разлика
Моите се разлика година и 2 месеци. Кога се породив маж ми ја донесе големата ќерка да ме види и сестричката да ја види. Ја ставив на мојот кревет во болница и во скут бебчето и и зборував дека таа е поголема сестра. За еден ден ме пуштија од болница и кога си отидов дома големата пред тоа се немаше испуштено сама да оди. Само што ја отворивме вратата таа дојде сама кај мене и бебче. Повеќе внимание обрнував на големата.
Би било супер да може да дојде синчето ама сега ради коронава не пуштаат посета и јас сум со царски така да ќе треба неколку дена да седам
И моите се толкава разлика. Како тебе многу се секирав што ќе сме разделени. Испадна џабе се секирав, цело време слики ми праќаа, среќен, шетан, навечер со татко му си се гушкаа. Кога дојдов од болница лут ми беше, ама тоа пред публика, за 3 часа пак беше по старо. Бебето го обожава, цело време го гали по рачиња и ноџиња.
Дај Боже да е така и кај мене Ќе има и друштво од баба и дедо ќе дојдат на гости да помагаат некое време па ваљда ќе биде среќен и нема да има време да ми се лути
Истите грижи сме ги имале сите, зависи од дете до дете не значи ние ако сме поминале некако дека исто ќе биде и кај тебе, гледај да не го мислиш тој момент колку што можеш, а знам дека не можеш . Ние исто не бевме одвоени до моментот на пораѓање ни 30 мин, останав во болница 3 ноќи и одвај чекав да се приберам дома, првичната реакција му беше позитивна ама тоа беше моментално додека не сфати дека бебето останува дома после имаше протестирање сакаше исто што и бебето во исто време плус што не зборува па не знае да ти каже што сака, многу повеќе внимание му обрнував на него бебето облечи, најади и легни така до кај 5 месеци на мене ми беше лут многу ме избегнуваше максимално ,плус што не можев да го кревам и за тоа беше лут ама да знаеш дека се поминува, бебето сега е 8 месеци уште не го прифаќа баш, не го тепа, никогаш не го тепал ама ако го прашаш да го дадеме некаде секогаш вика да правила нема не е секоја приказна иста не му ја мисли многу се што ќе дојде на крајот ќе помине со лесно само нека ти е
Поголемо внимание ќе обрнете на првото, за да не почувствува љубомора. До ден денес и двете се премногу поврзани, една без друга неможат.
@Зак од Андромеда @Мамичка да нормално е да има љубомора но секако ќе се обидам поголемо внимание да му посветам на поголемото. Он иако е цело време со мене сепак некако повеќе е поврзан со татко му, може дека не го гледа цело време па му се радува кога ќе дојде од работа. Се надевам се ќе си дојде на свое место
Знам дека многу работи ти поминуваат низ глава само ќе ти кажам да не се секираш, секоја промена бара период на адаптација, така ќе биде и сега ќе си фатиш ред и ќе биде ок. Те чекаме да кажеш како поминуваш
Почнаа многу да се тепаат цело време изигравам џандар,некогаш и ги оставам нон стоп зборувам како не треба така,сестри се треба да се сакаат,ама се тегнат за се нешто која попрво да фати,ќе си играат и после играта е влечење,тепање,кубење и сила покажување кој може повеќе... памет немам веќе,си гледаат како конкуенција една со друга,малава е многу пргава и се сака да направи како дада и,Гледам и дека може Се да направи исто,а големава се љути како тоа може малава,и некогаш и е интересно ама почесто ја подбутнува и почнува драмата...до кога веќе бре?
Се прашувам дали само дечињава што се исти пол се тепаат и расправаат или и тие што се мешани исто Може до возраста е нема врска полот, ќе помине мора да се издржи
Мамички ми треба мислење од вас… моите синчиња се 18 месеци и месец ипол. Кога се роди помалиот, постариот му се радуваше, идеше на кај него да го пипне, се гушкаше со мене и бебето го викаше мама. Но тогаш беа баба му и дедо му кај нас да ни помагаат. Веќе неколку дена како се отидени, син ми е друга личност. Веќе не се гушка со мене, не го интресира бебето, и кога ќе дојде маж ми само со него се гушка, само него го бара. Мислам дека ми е лут зашто цело време сум со бебето, му посветувам и на него внимание но и бебето си бара време. Има ли шанси ваквото однесување да се смени, многу тешко ми паѓа кога гледам дека веќе синко не ме сака ко порано
Гледај повеќе внимание на големото да посветиш, за да не се чувствува запоставено. Моите се 14 месеци разлика секогаш кога го доев бебето таа сакаше нешто или и се мочкаше или сакаше да јаде. Со бебе на дојка и носев нокширче за да мочка. Со бебе на дојка ја ранец големата. Тежок период е меѓутоа потоа ќе ти биде полесно. Уживај во овие моменти бидејќи ќе ти недостигаат.