Не се секирај ќе помине, период е трае додека не почнеш да го креваш во раце, барем кај мене беше така, некаде 40 дена го држеше, да не те разочарувам,многу ми беше лут сега е во нормала вратен, ме гушка ме бацува, само мене ме бара иако сама се грижам за двајцата, го прифати моментот дека и другото дете има потреби, сега братчето тешко го прифаќа, го клоца не дели играчки, се е негово за греота е помалото.
Мислам дека е љубоморен кога бебето цица, тогаш се некои глупости прави, се случува и намерно да падне и да плаче само за да дојдам кај него, незнам до кога ќе трае периодов
Јас после еден месец почнав да го кревам но мислам дека кај нас е моментот што до сега имаше повеќе луѓе околу него а сега сум само јас по цел ден и мора да ме дели. Се надевам ќе му помине побрзо бидејќи ептен ми е тешко кога гледам како сите ги сака и кај сите оди да си игра освен кај мене. Мене ме гледа така тажно, налутено уфф мислам срце ми се кине
Мислам дека треба да му ги валидизираш емоциите. Колку години има? Можеш да му кажеш дека го разбираш како му е, дека го сакаш и си тука за него. Не го спомнувај бебето како причина што не можеш да си почесто со него. Навистина е тежок период, сметај и нему му е. Ама ќе помине, ќе се прилагоди. Само не изразувај пред него колку ти е тешко ради тоа однесување, туку со трпение и љубов дека си тука и за него и го сакаш. Тоа ми текнува засега.
Се те разбирам знам како ти е,ќе помине не се секирај, на мојот му требаше време ти имам кажувано и претходно,ама секое дете е различно. Поарно е што сте сами сега ќе мора да го надмине моментот дека имаш обврски спрема бебето, гледај прави ги работите што сте ги правеле претходно, обиди се да комбинираш, јас во исто време млеко им давав, ги шетав надвор двајцата, наоѓав начин да се качува на чешма да се шлака со вода. Ова е момент кој колку и да ти кажуваат не може да си свесен дека е толку тешко, ама поминува, после други работи доаѓаат и така во круг . Само храбро не си сама сите сме поминале низ истото и реално уште поминуваме. Кога сакаш слободно пиши ми.
Мал е 18 месеци, не мислам дека нешто ме разбира кога му зборувам иако е доста интелигентен. И он сеуште не разговара, само неколку зборови кажува. Ќе пробам да му зборам па со тек на време ќе ме разбере
Верувај дека се разбираат. Тоа што не ти возвраќа значи уште не може да се изрази, преку ноќ почнуваат да зборат, многу ќе се изненадиш. А и за да научат да сврзат реченица мора да учат од нас затоа убаво ти вика Елена збори му, гледај го во очи, изговарај ги речениците течно и јасно.
Знам мила дека ми кажуваше, баш во тие мигови ми текнуваше на тоа што ми кажа и некако се тешам дека не е моето само такво Се надевам со тек на време ќе се привикне и полесно ќе функционираме. Фала ти
Ќе му зборувам, баш во еден наврат по маж ми свикав да пази да не го удри поголемиот бебето и одма се налути, после тоа ме игнорираше цел ден
Пробај да играш со него и додека цица или пие млеко малото мачно е но јас така правев исто толку се разлика на под го цица и игравме со колички,пробај тоа што сте го правеле заедно да го правите пак пример ако се тебе заспива маж ти нека го превземе малото легни ти со него, на почетокот што можеш повеќе гледај да имате моменти на само и збори многу збори како ќе порасне ќе си играат заедно и тн и тн... период е после за играчки ќе се тепаат
Мамички дајте некој совет за заспивање на двете деца оддеднаш при попладневна дремка 2 месеци и 19 месеци
Кај мене поголемото заспива само, доволно да бидеш со него во собата. Па така го заспивав додека го држев помалото во раце и тоа да заспие. Сега кога се двете малку поголеми помалото го заспивам и го оставам во креветче, па одам да го заспијам поголемото.
Ако бебето е смирено и гледам дека само ќе си заспие, го ставам во креветче, а големиот со мене на спална го галам и му кажувам приказни, а со нога го лулам креветчето. Ако бебето плаче тогаш го земам во раце, а големиот ми легнува на нога и пак така со шшшшш или тивко му раскажувам. Секогаш е различно и зависно од нив
Мене ми се разлика 14 месеци. Малата си заспиваше сама во креветче, а големата мораше да си до неа. Мене ми беше полесно и двете во исто време да ги заспивам . Бебе го ставав во креветче а големата на кревет и јас до неа. Се додека не беше цврсто заспана лежев до неа.
Здраво, ќе ве замолам за препорака за дупла количка? Крај на август термин, големата ќе ми е 15 месеци и уште се возиме во количка така да ќе мора да најдам начин за да функционирам и со двете паралелно. Поздрав
@Bubish26 има многу добар додаток за количката ако може да ти прати слика. Мојот не седи веќе во ништо инаку ќе му земев, многу ми се допадна.
Чекај прво да се роди. И јас се утепав од барање дупла или додаток, среќа не купив. Штом го ставивме бебето во количка, тој веќе не сакаше да седне, зошто таа за бебиња била.
Да, јас имам додаток, моето е 3г ама пешки не можеме секаде да одиме, за дупла е голема и искрено ми врши ептен работа, е сега една маaна има малу поголема, а тоа е што пример јас користам јавен превоз многу и за да ја качам количкава мора големава да се симне.. така да ако користите превоз или пешачки кај шо е висок ќе ви е малтретирање, а на рамоо е топ. Има седиште и после тоа се вади, се праи да може да стој на него и така да се возите