Да се уфрлам во муабетов, мојов и после 1,5 година многу тешко го прифаќа брат му, не дели играчки, не игра со него, не дозволува да го допира не знам до кога трае фазата некако мене ми се чини предолго
Подобро е сега, го заспивам прво бебето па после големиот и си спијат во исто време. Најчесто помалото го заспивам во количка и го оставам така додека заспие и поголемото. Иначе поголемото сега го сака бебко, му обрнува внимание, се радува кога стои, му дава смоки, бисквити, вода, големиот ми е скоро 26 месеци а малото 8 месеци. Но уште не му дава играчки, ако види дека малото некоја играчка ја држи и си игра со неа одма му ја зема. За шетање немаме мака, малото во количка, големиот си оди, едино навечер ги шетаме едно во количка едно на тротинет или точаче. За сега се ок па ќе видиме понатаму Вие како сте?
Пробај некако да го свртиш постарото да се осеќа дека он го чува помалото. Да му викаш да го чува, да го рани, да му менува пелени, да ги оставиш сами да видиш како се однесува кога ти не си во соба ( али да ги ѕиркаш од врата ) и така може полека ќе почне да дели некоја играчка. И моето не дава играчки ама па за се друго е ок
Сум пробала секако и уште зборам се надевам дека ќе му влезе во памет ама некако тешко иде, може е до детето таков му е карактерот сега и малиов не е воодушевен, бега од брат му секако имам надеж дека е фаза и дека ќе помине
Ќе помине секако, они си се братчиња и ќе си бидат најдобри другарчиња. Јас верувам дека иако е таков да не е помалото до него некое време одма ќе го бара
Не сум активна во оваа тема, си ја читкам од време на време и мислам дека е сега совршен тајминг да си ја отворам душичката и да споделам нешто со вас. Ќе се обидам да бидам кратка. Приказната да стигнам до бебе за мене беше нешто повеќе од трнлив пат. 4+ години бев ентериер по разно разни болници, операциони сали, лаборатории. На тој пат не само што правев секакви анализи туку и имав две неуспешни бремености. Една биохемиска и една страшна (каде мојот живот беше ставен под знак прашалник) во која изгубив освен бебе и лева туба поради ванматерична бременост. Нејсе, години потоа стигнав до позитивен тест на бременост (со ИВФ на природен циклус) и еве гушкам 6 месечен плачко и се обидувам сеуште да го менаџирам мајчинството со сите негови предизвици. Е, сега доаѓа забавниот дел. Пред некој ден од нигде никаде купив тест за бременост (секако ми доцнеше) и БАМ. ПОЗИТИВЕН! Мајки, јас сум спонтано бремена! Не знам дали можете да замислите што ми се случува во главава, вакви измешани емоции не сум имала никогаш до сега. Дури имав и мисли за абортус (уште не се снаоѓам со прцулов кој покрај што е плачко не спие навечер од ден 1) и агонијата од хроничниот умор со новава вест ме доведува до страшна анксиозност. Многу би сакала доколку има овде некоја мајка да ме контактира во ЛП или тука сеедно која има вакво некое искуство...на чување 2 бебиња едно по друго. Верувам дека не сум единствена...
@Secret-Angel7 , лајкот е за поддршка. Не сум во таква ситуација, а и не знам дали и кога би имале второ дете ама во секој случај ќе се наредат коцките. Не би да те обесхрабрувам ама јас си замислувам дека е стварно тешко првите години. Можеби сепак не е така секаде.
Мајка на ирски близнаци тука. Моите се разлика 11 месеци. Дознав дека сум бремена кога првото имаше 4.5 месеци. Бев збунета и исплашена како ќе се снаоѓаме со бебиња со толку мала разлика. Поради сплет на околности, второто се роди и предвремено во 30гн. На почеток кога ми требаше помош доаѓаа мајка ми или свекрвата да ми помогнат, па ми олеснуваа со обврските. Првите месеци, може и година дена беа тешки со 2 бебиња со различни потреби, но како што растеа ми стануваше полесно околу организација со нив. Не е дека не ми доаѓа некогаш да вриштам и избегам некаде сама.
Со лесно нека ти е мајка. Што и да одлучиш ке е правилно!!! Прво имаш моја поддршка за абортус. Нешто на кое јас бев, веројатно и уште сум спремна. Со син ми останав непланирано бремена, прелесно. Ама бев млада и не целосно спремна за мајчинство. Решив дека ке ја задржам бременоста и сега имам син кој ке полни 4 години. Е ако со ова останав непланирано и многу лесно, си кажав, второ ке родам кога ке сум спремна, ако некогаш сум. Додека не добив по пораѓај, секс со кондом имавме. Сеуште не сум спремна за второ дете. Не сакам и не сум спремна. Се посигурна сум дека ке останам на едно дете. Затоа те разбирам ако не сакаш да имаш второ дете сега, или воопшто да имаш второ дете некогаш. Ама, ако сакаш две деца, тогаш биди храбра. Тешко ке е, тоа гарантирам. Со едно дете е напорно, а не пак со две кои ке носат пелени во исто време. Ако имаш поддршка од дома, ако психички си спремна, тогаш со лесно. Точно е тоа дека нема да знаеш каде ти е главата ама кога ке пораснат ти ке можеш да правиш што сакаш кога сакаш. Ке имаш втора младост.
Еве ме, второто е баш неплански ко кај тебе. 1 год и 5м се разлика. На почеток и мислев да абортирам маж ми беше решен дека можеме со 2 бебиња. Искрено напорно е тешко е но како раснат сфаќам дека ништо поразлично не би направила сега веќе почнуваат заедно да играат и се радувам што вака испадна. Одлуката е твоја дека ќе е напорно неможам да те лажам дека не е ама и домашна со едно да пишуваш со друго да го цица и тоа е напорно само твое е да решиш што сакаш.
@Secret-Angel7 Твојава приказна ме потсети на една членка ама не можам да ја најдам, ако ви текне на некоја како беше точно @lemon8 нешто така. Првите две деца и беа многу мала разлика и забремени со трето исто многу брзо. Ја помислувам повремено, ако не чита нека пише. Инаку, во твојов случај што и да одлучиш е правилно. Разговарајте со маж ти, разгледајте ги опциите за помош, можеби и жена да доаѓа да ти помага, градинка за првото итн. Јас би го задржала, тешко е многу ама тешкото е првата година ќе летне како ништо. Ти што и да одлучиш со среќа и со лесно
Мене на @Eluna ми текна, да се убацам у муабетот. Мислам дека и она остана набрзина трудна после пораѓај, а не ја читам веќе долго време. Ако не чита, нека шкртне некое зборче
Да точно. Сега првото бебе има скоро 9 месеци а трудна сум скоро 5. И јас на почетокот размислував за абортус, дури термин имав закажано во болница, разговор направив во институција за трудни ама не можев да отидам да абортирам, не бев јака за такво нешто. Иако тогаш бевме разделени со маж ми да не тупам стално со истото, сепак одлучив да го задржам бебето иако не бев сигурна како ќе функционираме понатаму. Сега сум горда на себеси што донесов таква одлука, мислам дека донесов исправна одлука. Колку и да е тешко со две мали бебиња, тоа ќе помине за неколку години, ама абортусот останува засекогаш, јас за себе зборам знаејќи каква сум личност, тоа ќе ме сменеше засекогаш и никогаш веќе немаше да бидам иста. Искрено со маж ми имаме други проблеми сега, ама ова не е тема, ама јас со или без него 100% некако ќе се снајдам иако сум скроз сама со две деца и финансиски ќе се снајдам. Најблагодарна сум тука на институцијата за трудници, што многу ме посоветуваа и мотивираа да го задржам бебето а исто и болницата каде што имав закажано беа против абортус. Морам да кажам дека сега не ми е тешко затоа што јас фала Богу лесно ја минувам и оваа бременост исто како првата. Никогаш не сум имала ниту еден симптом освен на почетокот што бев малку уморна наутро а морав да се будам во 7 сабајле. Сега детето ми е преактивно, цел ден сум на нозе од 7 до 9 ама не се жалам, има умор секако ама и во оваа бременост имам доста енергија, понекогаш заборавам дека сум трудна. Е сега како ќе биде кога ќе се роди другото тоа не знам, ама ќе успеам јас некако сигурна сум. А и маж ми уште живее со нас така да ќе биде и тој помош два месеца ќе земе слободно од работа. Од друга страна помош е исто што првото дете е примено во градинка за бебиња и почнува од септември, ама пошто јас ќе имам уште една година породилно и ќе бидам дома, не го оставам таму цел ден туку само неколку сати, ама ако е некој важен термин или голем стрес со првото, можам и подолго да го оставам. Ете засега како имам замислено не изгледа лошо, ама ќе видиме крајот на ноември како ќе е.
Ве читам мајки, најхрабри сте Јас тазе породена шо се вика, сакаме со маж некаде декември да почнеме за 3то Мхмм лудница би било, нели? За таков план бевме решени, само маж се уплаши малу сега бидејќи иако мајка ми ми помага околу ручек и пеглање, сепак жената работи секој ден и како би се снашла јас со 3 деца сама дома..шо знам, можда приказните ваши ќе не охрабрат и нас, па куд пукло нек пукло
Ќе видиме баш за некое време, не чека интервенција со помалото,ќе не нема неколку дена дома баш ќе видиме каква ќе биде реакцијата . Мило ми е што супер се снаоѓаш и што полесно оди прифаќањето на 2рото дете за разлика од кај мене
Моите се разлика 17 месеци, на почетокот ми беше тешко незнаев на каде терам, ама па големото ми беше многу мирно и веднаш го прифати бебето, ама затоа бебето беше ауууу, и ден денес е такво , јас сакав деца на 3-4 години разлика, ама сега кога ги гледам, убава работа сум завршила , големото е 10.5 малото 9, неразделни се секаде заедно, и тоа некаде од 5-6 години, не ме ни бараат, некогаш дури и криво ќе ми паднеше што сум на игнор, се затвараат во соба и тоа е, ама растат децата, а јас имав време за се , и таман мама се опушти оп бебе дојде, е сега голема разлика се, ама да не ми се они да ја погледнат малку мислам дека ќе скренам, големото знае и да ја успие
Како да се справам со децата некој совет или можеби ваше искуство, се пробав ништо не бива. Поголемото машкото има 4 години, а другото е девојче и има скоро 2 години.. Многу ја сака, ја гушка кога ќе стане од спиење и се, ја бара кога одиме негде без неа несака, ама ако земе нешто да игра и таа па и нејзина играчка бебе, кукла све ќе и земе таа ништо не смее да има, од неговите па нема шанса нешто да и даде, и девојчево нон стоп ми плаче од него ако јас ги заиграм двете пак сака само со него, неа е турка.. во градинка престана да оди никако не сакаше...и по цел ден само плачки сега, малото со плачење заспива, а тој плачи од ништо што не му е погодено .страв од ништо нема, само од татко му но тој е странство , сум пробала и со убаво да му објаснувам и да го карам и да го плеснам по газе...џабе се е
Периоди им се, постарово не сака да чуе да дели играчки али па за среќа дели храна, го рани, го пази се додека не му земе нешто негово е тогаш има бутканици