За три месеци треба да се породам со второто, првото тогаш ќе биде 18 месеци точно. Дали некој има искуство со толку мала разлика на дечиња, прифаќње од страна на поголемото, да споделите потенцијални проблеми и некој совет? Не оди во градинка, бабите помагаат, тогаш ќе треба да го пуштам.
Моите се толку разлика. Пушти го порано да се адаптира, не кога ќе се роди бебето, многу ќе му дојде нов член и адаптација во градинка. Супер чим имаш помош, јас немав, се сама правев и многу тешко ми беше. Поголемиот го прифати одма, најчесто за играчки се рчкаат, другото е ок. Совет: Максимално користи баба сервис и секој слободен момент гушкај го поголемото и кажувај му колку го сакаш.
Моите се 13 месеци разлика, и јас не го пуштав во градинка поголемиот бидејќи не сакав да створи револт спрема бебето, седевме сите тројца дома додека да ми заврши породилното, после тоа си тргнав на работа. Иначе иако беше мала разлика, големиот ми покажа љубомора, насочено беше се кон него и откако се роди бебето му беше тешко да прифати дека треба да дели, ама сега се нераздвоени, се прават заедно, не можат еден без друг, иако има тепачки, ама поминува и тоа Да ти кажам ич да не се секираш, се е навика, додека са фатите ред после се ќе ти е полесно, и барај си помош од бабите штом имаш можност, зошто да се чувствува запоставено детенцето.
Како издржуваше сама дома и со малото и со тодлерчето? Реално колку е сето тоа изводливо? Спремање 3+ оброци дневно за големото, доење/спремање на млекце за бебето? Дали мајка стварно може сама да издржи? Прашања кои ме мачат
Зависи од децата најпрво ама тоа е да полудиш. Јас не би правела така. Ќе издржиш ако немаш избор ама каква ќе излезеш од таа борба не се знае
Моите се разлика 1 год и 2 недели ,на почетокот ми беше многу напорно сама бев мм нонстоп на работа ама сега се како близначки ќе си фаните ред и ќе растат заедно
Се се издржува и е изводливо верувај бев сама без баби без никаква помош со пелени и јадење се расправав и фил на сето тоа купивме куќа и се селев мислев дека никогаш нема да излезам од бубањот за мене се заврши сега едното е 3 другото 4 год двете во градинка одат на гимнастика на пливање и јас почнав да се социјализирам
Па види сега, јас барав помош зошто навистина не можев секој ден сама со нив, ММ работеше по 12 часа тој период, искрено сама кога бев некогаш полудував, едно плаче па друго плаче, ама некогаш на големото му давав занимации и ги прифаќаше, малото не беше многу захтевно бебе, само што мн често бараше да цица, посче 3 месеци откако се роди малото, останував веќе сама дома, сама ги бањав, спремав храна и се останато, малото си играше на под, а големиот имаше занимација или го инволвирав во тоа што правам јас да пеавиме заедно, почнаа заедно да јадат, заедно да спијат, буквално се заедно прават и ден денес, 24 часа се заедно. Почетокот е тежок додека фатиш ред, после се е полесно. Јас имав помош и од сошругот, кога ќе дојдеше тој спиеше со големиот, или ќе игра со него, ќе му најде занимација, ќе направи ручек или вечера, ќе испазари, и сл. Иако одеше по 12 часа на работа секогаш имав помош и од него, да не зборам што големиот до 2 години не ни спиеше воошто убаво, и така бевме преморени искрено, и ако не дојдеше некоја од бабите за да одмориме со ММ, кој знае на кој психијатар ќе бевме од умор и неспење, до сега. Немој да се плашиш, навистина и покрај се се што поминав, пак би ги родила истите деца на иста разлика, се што ми се случува го пребродувам со нив и поради нив! Ќе биде се добро мајка!
Моите се некаде 10 месеци разлика. Бргу после пораѓај останав со второто бремена. А и е прематурче. Месец ипол се роди порано. На лудило ме тераше тоа што имавме здравствени проблеми со првото. Тогаш јас бев на породилно. Мм работеше. Ама земаше одмор. Па неплатено за да биде со нас. И бабите помагаа. Психички бев многу лоша. Не се грижев за малата а и не бев сама за оставање. Плачев само и спиев. Бабите и мм ја чуваа малата. Па останан повторно бремена. Тоа уште толку ми ја влоши ситуацијата. Мм цело време ми беше поддршка. Мислам и затоа успеав се да надминам. Се сеќавам само еднаш дека заедно плачевме. И тогаш заврши се. Бев како нова личност. За среќа тоа зад нас остана. После второто се роди. Мм користи породилно. Јас сум на работа. Бабите ги исклучивме. Па викнавме жена да ни помага. Таа беше само за чување. Целата храна ја спремав јас. Веќе немаме потреба од жената. Доаѓа само за викенд кога треба со мм да излеземе. Сега ги правам истите работи што порано пред децата ги правев. За викенд ќе излеземе со мм. Еден ден јас со другарки, тој со другари. А цел ден сме со децата да ги прошетаме.
Леле мене ова ме стигна одпосле, кога направи 1 година помалото, кога мислев дека се поминало, ја тогаш завршив во болница со голрмиот, потоа имав јас здравствен проблем, мн опасен, 10 дена не знаев кај терам, одпосле ме стигна анксиозност, и ете уште си ја носам... 2 и 3 години се, и сега ми е далеку полесно се. Твоите колкави се сега?
Ќерка ми имаше проблеми при раѓање. Остана без кислород. И имаше проблеми со моториката. Ќерка ми е 17 месеци. Малиот 7.
Ооох па твоите се помали, кога ќе потпораснат е друго. Посебно после 3 години. Жалам за здравствениот проблем, ама се решило и тоа ете.
@IRBBB @Speechless @Mom's_life Ве тагнувам да ми споделите искуство како поголемите дечиња се адаптираа на бебето. Како што ми се приближува термин, паника ме фаќа. Ќерче е супер вака, го гушка стомакот, кажува дека она ќе го чува бато, пелени ќе му мења, млеко ќе му дава, ќе спие со него, бато нејзин бил ама...си викам како да постапам да не ја повредам кога ќе се роди бебето. Страв ми е да не се осеќа запоставена.
Искрено и јас многу се плашев, гледавме пред да се породам да му збориме, исто пример кога ќе лепеше стикери викавме и еден за батко па на стомакот лепевме, го бацуваше стомакот... Ама ова не беше секој ден. Кога се породив решивме додека не го виде во живо да не му го покажуваме на камера, па и така кога доаѓаа да ме земат гледаше бебиња во ходникот и ептен беше возбуден. Е сега дома очекуваше одма да си игра со него, па седнувавме со него на под со бебе и си игравме. За друго, ептен не изненади. Секое сабајле го бара, го гали и бацува по главчето, дури и кога го гледа кога цица ми вика сакам млеко Сега за сега е изненадувачки добар како што кажав, ама гледам секој слободен момент да го поминам со него. И надвор ако спие малото јас со него сум на лулашки. Исто и скоро во секоја активност го вклучуваме, донеси пелена, донеси влажни, избери алишта Гледаме дома да не збориме потивко бебето спие или нешто слично, тоа е, дете вреска, бебе пробува да спие во раце И заборавив најбитно, на почетокот ептен се натажуваше кога ќе плаче бебето на смена на пелена, ама и тоа го свртивме на шега на смеа, му викаме бебето вика сакааам цицееее и сега на секое плачење на бебе ми вика батко сака цицееее
Офф..кај нас беше претежок периодот додека бев на болница, дека малиот пред време се роди лежевме 8 дена. Тогаш големиот прв пат се оддели од мене и многу тагуваше, ми се стопи детето буквално. Ко дојдоа да не земат од болница не можеше да си верува дека ме гледа, ништо не му беше важно освен тоа дека мама е тука. Првите 2-3 месеци бебето само спиеше и цицаше буквално. Не ни плачеше, ако беше гладен само шлапкаше со устето. Тој период го посветив само на големиот, него му бев повеќе потребна. Тој беше вклучен во сите активности околу бебето, сакаше да седи, да лежи до него, да го гледа, да го вози в количка, ама бебето не го допираше. Не форсиравме ништо, оставивме на него. После следеше еден период кога бебето веќе пркна и почна да има периоди кога е буден, кога гуга, кога заплакува и големиот беше шо знам, збунет на пр, ќе одев до вц и ќе му речев да ме викни ако плачи бебето (не дека не слушав, само задавав задача околу бебето) и некогаш само ќе гугнеше бебето, а тој идеше со трчање 'мама брзо дојди плачи бато', некогаш пак ќе плачи, а тој ќе му дава цуцла и ќе го реши, некогаш ќе седи до него и ќе го игнорира и кога ќе прашав зошто не ми вика дека плачи (демек јас не слушам) ќе речеше 'зафатен сум сега' или 'сега почна да плачи' или ' не го слушнав'. Полека почна и тој да се опушта, да го гушка, да го бакнува, да го бара в раце, ги легнувавме денски заедно да преспиваат... Сега веќе легнуваат и стануваат заедно. Се буди едниот и го буди другиот, малото ептен му се радува, а него му е многу интересно дека од некој го има целото внимание и прави сѐ шо бебето го смее. Заедно "играат" на под, му дава играчки (строго бебешките, неговите само му ги покажува од далеку оти му ги ставал в уста ), го вежба, го превртува на грбче, на меше, дури е бебето во џампер овој му скока, му ги чепка играчињата, му кажува песнички од градинка... Не се за сами оставање оти пробува да го крени в раце. Досега директно врз бебето нема искажано љубомора, никогаш ништо грубо не му направил, секогаш го спомнува во сите приказни (често раскажуваме приказни за двајцата уште пред да се роди бебето, а и откако се роди бара приказна за нив двајцата), не сака да го дава на никого, кога купуваме нешто за него бара и за бебето да купиме...затоа пак од дете шо можеше и сакаше сѐ сам да прави, сега за сѐ ме бара мене, со мене да јади, со мене да се преслекува, со мене да земи играчка, со мене да мочка, со мене да се капи, со мене да оди во градинка...и пресмешен е кога му велам на пр 'оди земи си ја јакната' ми вика 'аааа јас без мајка не можам '. Од дете шо беше преприврзан со татко му магично е мамин, па поголем дел од времето големиот е со мене, малиот со татко му (пр јас со малиот шетам за рака, мм го шета бебето в количка, јас јадам со големиот, мм му дава да јади на бебето..). Постов попара е, два дена го пишувам.
Горе долу ќе го препишам постот на @IRBBB Периодот во болница супер го помина. Ама како се видовме на земање од болница недела дена не ме пушти од вид, од страв да не ме снема пак иако претходно зборевме колку што можеше да сфати дека ќе ме нема. Бебе спиеше од жолтицата 99% од времето па така цело внимание пак кон него беше. Користев баби само за надвор јас и он да искачаме. Да си имаме еден саат без дистракции. Првиот месец целосен игнор и правеше ама не форсиравме ништо. Сам по себе полека се опушташе. Пред него не и искажував емоции, гушања, нејќев дополнително да му создавам љубомора. Додека бебе почна подолго да седи будна он веќе навикна дека е тука наша и не се бунеше. Тек сега после 6 месеци може да кажам дека ја бара, ја гушка, ја бацува, помага за пелени и слични работи. Различни се сите деца и различно низ процесот поминуваат. Со лесно нека ви биде на сите. Вторите деца секако сами се чуваат.
Фала ви многу на сите на споделеното, некако ме охрабривте . Ќе ја тагнам @sani99 и она е пред пораѓај, да чита
Нема на што Искуството е на твоја страна, се друго попатно се решава. Знаеш дека ништо не е вечно и ќе се чудиш како ти летнало времето. Те читав негде дека планираш девојката да си продолжи со градинка и тоа ти е скрос паметно. И дете во рутина и ти да имаш простор да се посветиш на бебе. Со лесно до крај, па да те читаме како се фалиш
Kako se organizirate so spienjeto bebeto i pogolemoto detd, kaj mene sin mi spie vo posebna soba veke podolgo vreme...I so gradinkata odma go pustatd golemoto da prodolzi pravite pauza kako...mislam deka umotot mi se mati od mislenja i hormonite me mavaat
Породена си? Не те сфатив баш, детето ако си спие во своја соба уште подобро, ако изрази желба некој период нека спие со вас во соба и со бебето, да не створи револт. За градинка, напрајте пауза доколку можеш да издржиш со две деца дома, ако можеш барај помош од баби додека стекнете рутина.