Мајки на 3 деца,како се организирате за седење во кола,со седишта? Малата ми е 3 год.4.месеци и здравје близнаци уште малку? Некоја да сподели искуство ако има.
Да дополнам, играчка обавезно да купите од бебето за првата средба. Многу се радува големиот на сите подароци "од бебето" ама особено на тој од црвената болница шо му го купил. Јас не сум репер оти ние сите четворица спиеме на спална, ама кога би била во ситуација големиот да спиеше во посебна соба, би продолжила така доколку не изрази поинаква желба или револт. Со тоа што навечер прво би успивала бебе, па после детето за да не се почувствува како прво тој заспива, за мама и тато да останат сами со бебето. Со градинката само шо тргна од почеток две недели, јас се породив пред време и мене педијатрите ме советуваа да го паузирам големиот заради бебето. Некои ме советуваа додека бебето наполни 3 месеци, некои до април-мај (септември сум породена), некои нешто измеѓу...секако дека паузирав додека јас почувствував дека на големиот му е потребна промена, а малиот е доволно пркнат за јас да можам да се справам со температури и болести. Супер одеше и адаптацијата во градинка и со болестите засега сме добри со малото (поминавме рсв, два пати инфлуенца, адено, конјуктивити.. големиот стандард со превисока температура, со рсв спушти и на гради, малото досега фала му на Бога само со затнат нос врви).
Јас не ја стопирам ќерка ми со градинка. За 2 недели ќе се породам, она ќе продолжи да си оди. Прво, за да не и ја нарушам рутината, ужива во градинка, едвај чека да oди, второ за да не се шекнам јас со новороденче и 3 годишно детенце. Пријателка исто постапи, со тоа што е породена во декември, во период ао најмнпгу вируси, бебето се до сега проаѓа само со носе растечено малку ама и е на доење. Можеби и тоа има врска. Е сега ако видам дека се разболува мн бебе, нема инат да водам сигурно, ќе ја повлечам некое време ќерче. @IRBBB ова со играчката е брилијантна идеја, ќе ја применам
Другарка имам со 3. Првото и беше 2ипол кога ги роди близначките. Ќе си најдеш понатаму седишта во склоп со просторот (секоја кола има различно простор). Она во старт беше со транспортерите, после тоа седишта за сите. Таман и беа сите седишта едно до друго. Друг избор секако немаш Кај мене се големки, па третово ќе биде само во транспортер и седиште низ град. А за патување, второто во бустер, третото само во седиште или транспортер. Батко е веќе накај 150цм, па он само со каиш е веќе од минатата година
А јас каде,кога би биле сите 5 во кола? Некако не ми иде,јас напред да седам,а тие сите 3 позади,мали ќе бидат бебињата за сами во транспортер,плус и др.во седиште. За место има место во колата,не е проблем тоа.
Три седишта или два транспортери можеш само доколку колата ви е со клупа назад односно 3 одвоени седишта. Пред да бираш мораш да видиш дали колата има таква можност. А најдобро е кола со 7 седишта да не речам комби или да смените кола со клупа назад ако моменталната не ви е таква.
Зошто бе мама? Кај нас од прв ден се возат бебе и бато назад, јас напред. Конечно дочекав ред, сега никој не ме враќа назад Ќе си земите огледала за да ги гледате бебињата во ретровизор плус големата е тука да им запее, да им даде цуцле, тропалка... Не мисли многу, сѐ ќе биде во ред.
За кратки релации така, сите позади... освен на почетокот може едно бебе напред на совозачкото наназад завртено, а ти позади. Друга опција безбедна ви е, нова кола Нема како.. не смееш ни поголемото напред, а ти да одиш позади само бебе кое гледа наназад и е во транспортер смее да е напред.
Ќе правеме комбинации некако ајде,уште не родени јас кај отидов.. Малку вон тема,не можам веќе ќе пукнам..над 2800 се бебињата,ама ќе се издржи ајде 37 ма почнав веќе,не ми се верува дека дотуркав до тука.
Значи за да се вратам напред да седнам, треба барем уште едно да родам . Еј како не ми текнало досега. Абе оваа од што нон стоп е со мене, поима нема дека ја можам и да се одвојам од неа. 11 месеци. За татко и ја фати сепарациска, за мене не. Ова е тотално оф топик, ама и купивме огледало. Од кога барем по малку се тргнавте на напред. Сега нон стоп мора да сум надзат, да подадам играчка, нешто да ја залажам. Да почнеме прво со пократки дестинации некако вајда? Сакам и јас напред малку.
Јас седев назад до него до денот кога не земаа од болница со бебето. Тогаш назад се стави транспортерот, му кажавме на големиот дека нема место за мама назад, децата седат назад, возрасните напред, во спротивно полицијата ќе не затвори сите и толку беше. Претходно трудна со стомак до заби одевме Грција на одмор и јас до него бев назад чучната во двата правци Сега со малото (без големиот) само до ск имаме одено на неколку пати, си седи назад само. Ќе заплаче некогаш, не дека нема, ама не е плачко како големиот или ние сме поискусни па не се притресуваме Мој совет е да земеш ваков или сличен организатор за седиште, ќе го наполниш со играчки, книги, шишенце со вода, сѐ шо би ја интересирало по пат и полека да се тргаш напред дури се занимава.
И јас исто мислев нема преместување напред никако, кај нас успеа со песнички , биби и боби сказни си спуштивме на усб и се преместив месец два пред да се породам, ама само релации во град
Аии мајка, одлично си издржала јас во 36+0 се породив и последните недели беше страшно, саати броев да влезам у таа фамозна 36та недела. Плус сјебав кичма две недели со бастун одев. Ајде уште малку стисни заби и после журка те чека.
Како шетате со две мали деца? Моите се 16 месеци разлика, дали ќе се исплати да земам количка за близнаци?
Не шетав сама прво, после 2 месеци прв пат искочив сама, малото во количка, големиот за рака, и одлично поминав, дури и повеќе ме слушаше тогаш, иначе добра работа е да си земеш количка за близнаци да, или еден како додаток што се прикачува на количката. Моите се 13 месеци разлика, тогаш ми беше страв сама да ги шетам, после се сама правев со нив, од јадење, бањање, итн.... само да почнеш еднаш треба, после ќе се навикнеш.
Земи си додаток за количка има и со седиште има и за стоење, моите се 3г разлика ама пошо многу шетав не можев да ја носам големата во раце, а че се умореше после некое време, па додаток беше полн погодок
@Mumoftwo30 @Bubish26 На ваков додаток мислите? Фала ви за идејата, поголемиот само трча, нема шанси за рака да го фатам и да шетаме а малото во количка.
Да ваков, не е баш најзгодно за возење оти тебе ќе ти смета малце ќе мораш на страна ама од друга страна практично е за со толку мало дете