Многу ми е убаво кога ќе ве прочитам вака, тешко е навистина и со едно, а не пак со две, ама многу сакам деца, отсекогаш сум сакала, затоа фокусот ми бил на љубовта, не на обврските околу нив. Ти благодарам многу на секој пишан збор
Еве сум и јас во клубот Две женски имам разлика година и две недели дека не одам наработа и малава беше премирна до една година не разбрав дека имам две деца во куќа ... помош немам се сама секако со помош на маж ми , и големката не беше скратена од ништо а и кога ја гледаше малата не беше свесна дека е бебе Сега едната е 7 другата 6 години и кога им текнува играат кога коси кубаат На пат е уште едно Да видиме како ке го прифатат новиот член кога ке се роди
Влеваш надеж во оваа група хахахха ај можеби и нас ќе ни биде лесно и честитки со лес нека ти е 3то, алал да ти е
Јас не сум мајка, но можам да кажам за мојата мајка Мамо, ти си ХЕРОЈ! Јас и брат ми сме точно 11 месеци разлика - не сме ни цела година. Мајка ми кога го раѓа брат ми, одлучува да се запише на факултет. И го завршува со време, без ниту еден паднат испит. Помош од свекрва 0, само од другата баба која патем не живее во ист град. Знам како не капела - сите тројца во бањата, ќе ја заклучи вратата и со брзината на светлината едниот прво, а другиот лази низ цела бања. Ќе го замоти во бањарка едниот, ќе го стави на столче и потоа другиот. И на крај она чат-пат кога ептен морала се туширала набрзина, таман ние дури да се поткачеме Татко ми беше на работа од утро до мрак, и потоа во кладилница... Морам уште еднаш да кажам - Мамо, те сакам најмногу и стварно си херој!
И јас ќе се придружам во клубот уште малку. Разлика ќе биде 14 месеци. Почнав да ви ги читам искуствата, па скокнав да не се уплашам многу .. Знам дека ќе биде тешко и напорно ама ќе се издржи Сега големкава има скоро 14 месеци и јас го галам мешето и велам ооо бебе,бебе, доаѓа и она го гали. Некогаш сама ќе и текне ќе ме погали по меше. Не дека знае што е работата и дека има бебе ама ете гали и она меше.
Прво само да кажам дека станува многу полесно после некоја година, мене страв ме фаќа кога ќе имам тројца тинејџери дома во исто време. Моите се 9,7,6 и 3 месеци бебе. Првото синче ми се роди после долга битка и мислевме ќе биде единче, второто синче ептен не изненади, разлика се 22 месеци а ќеркичката дојде 14 месеци после второто синче. Бебево ми е како цреша на врвот од тортата, другите потпораснати и се враќам на времето како да ми е прво бебе. Помош освен мм на кој и покрај моето породилно му следуваше за секое дете исто породилно за првото 3 недели, за второто 6, за третото и четвртото по 8 недели, сосем доволно да створиме рутина и да помогне со другите деца. Првите 2 години ми се чини како најтешки да беа, посебно па ќерка ми што воопшто не спиеше ноќе, таман ќе заспие, дечките ќе се разбудеа, спиев по 2-3 часа дневно а може и помалку. Дечките ги носев во градинка некој саат колку да можам да спијам, така веќе беше полесно. Нема некоја љубомора, дечките баш се заштитнички настроени спрема сестра им, има понекое кошкање за играчки ама повеќето од времето си се слагаат и играат, мене ме забораваат дека постојам додека не треба газ да бришам или јадење да им дадам. Бебево го обожаваат а и он нив, кога ги земаме од училиште буквално се сере од радост кога ќе ги види. Најголемиот син еднаш кога плачеше многу малава и ги спакува стварите и не тераше да ја вратиме на болницата. Помош имав од татко ми кога се вратив на работа, доаѓаше да спие кај нас ако и мм беше трета смена, понекогаш ни носеше свекорот готвена храна ама во глобала сами со мм си ги гледаме. Домаашните обврски кој како стигне така ги прави, некогаш повеќе јас, некогаш мм, сега е полесно, трите поголеми се на училиште, малово си спие, цица и кака, зен бебе епа лесно се справуваме со домашните обврски ама јас гледам да сработам додека спие бебево или навечер кога спијат децата, сакам квалитетно време да поминуваме со децата а не со крпата да сум цел ден. Сега убаво ми е со пораснати деца а со мала разлика, многу се сакаат, си играат, се штитат еден со друг, другарчиња си се и кога ќе ги видам како си играат ми се полни срцето и не би менувала ништо од тоа што го имам, сега со поголема разлика се со бебето ама верувам и со него ќе се слагаат кога ќе потпорасне зошто сите го обожаваат а богами и он нив.
И кај мене слично како кај @bittersweet со разлика што ми фали едно 6 годишно да е измеѓу. Моите се 9г, 7г и 3 месеци. Помеѓу првото и второто разликата е 2 години и 10 дена. Почетокот е тежок богами. Затоа што се две мали деца, едно бебе и едно малку пораснато ама сепак има потреба од мама. Ама после е многу полесно. Јас немав помош од некој од страна. Заедно со мм, кој после работа правеше и прави се со мене заедно. Ако не сум стигнала да измијам тави чуда, оставам и он знае да среди да најдам чиста кујна секое сабајле. Третото бебе е трета среќичка. И нешто без кое сега не би можеле. Децата се буквално заљубени во него. Он ги обожава нив. Сега со двете поголеми имавме учење од дома. Се тоа супер поминуваме. Мене најголем проблем ми е уморот. Значи јас сум хронично уморна. Глава ми тежи, да залегнам една минута има да не снема еден саат. До толку сум уморна. Може дека сега има и промена на времето. Доаѓа пролет, се стоплува па така ми делува времето. Се изнажалив јас. Муабетот ми беше дека со мала разлика почетокот е стварно тежок. Првите две години еве да речам, после како растат од една страна полесно е. Посамостолни се од друга страна па други проблеми и така. Да не е раат човек
Сега ја гледам темава Горе долу исто како сите. Разлика 18месеци. Две бебиња. Најтежок период првите месеци додека влегов во шема и додека му "воведов" ред на малото бебе. Многу нервози плачење и кавги поминав. Измешани емоции. Не го прифати "големиот" баш како што очекував па носев голема вина и еден огромен прашалник што ми требаше оваа работа... мислев може подобро ке беше поголема разлика може ке ме разбереше кога ке му кажев дека бебе мор да го преслечам да го заспијам... но нема правило Спиевме 4 месеци посебно мама и бебе а тато и дете. Многу тешко го поминавме тој период бидејќи единствено бев разделена од него кога бев да се породам. Во поглед на неспиење и пелени бидејќи не бев одвикната од тоа па ми е онака секокдневно не ми е напорно. Ама затоа машини перење сушење средување и тоа како ми падна потешко.. Уште тоа да го усовршам да средувам како да сум со едно и одма одам на трето ако ми гарантира мм дека ке е девојче(лажам) Напорно,стресно,убаво,весело. Ако се прашувам мислам дека не погрешив со ослуката иако во тие тешки и кризни моменти бев убедена дека е грешка и дека сум тотално неспособна...
Mami, edno prashanje, poshto grupava e za mala razlika.. moite ke bidat 17 meseci.. veke se nablizhuva vremeto, vlegov vo 7mi. Ako nemavte pomosh za chuvanje na deteto, kade go ostavivte za da mozhe i soprugot da bide so vas vo porodilna sala ?
Се породив за време на пандемија. Мојот сопруг не ме виде само еднаш бебето го виде. Не даваа присуство за време на порајѓај ни посети. Дома седеа со малиот
Мене мие план мали во градинка а ние патот на пораѓај. Ваљда ќе го пуштат маж ми како со малото да го види.
Малку ме охрабрувате кога ве читам Маж ми ептен сака второ дете, ама јас не сум спремна. А и сакам да се мала разлика. Многу ме измачи тоа што синко не спие навечер. Еве 1 годинка наполни и навечер се буди на секој час и немирно спие. И кога ќе ми текне дека пак треба прегледи, цтг, царски, грчеви, неспиење, заби... Ќе размислам
Пошто договорен царски, децата претходно ги спремив како секој ден за во школо. Доручек се тоа, остана дедо им со нив до 15 за 7 додека да заминат со автобус. Мм беше со мене во родилна сала и после пород два саата кога ме качија во соба со отиде, не смееше да остане поради пандемијата. За вториот пород беше мајками тука, ноќ беше кога ме фатија болки. Малата спиеше и така. Ќе се најде секако некој за чување.
Јас да прашам дали ги кревавте малите кога бевте бремени? Мојов само се запнува да го кревам, се тегне по мене особено кога го зимам од градинка. Сега го префрлам во спална спиејки мислам ќе ми се откачи кичмава.
Јас ја кревав до 8ми месец Иако докторката ми викаше никако,мене срце не ми даваше Ако ептен неможев седната ќе ја држев ем се успиваше во раце стоечки и клати како будала можеш да замислиш... Кај нас малку проблем беше и што не одеше и бараше цело време во раце Фала му на бога па се добро искочи Она прооде на 16м а јас се породив кога имаше 18м Откако дојде бебе на свет не побара веќе