Јас 34та недела уште ја кревам, не често ама на пример да ја седнам во хранилка, да ја земам од креветче на спална, ако ми се исплаши, расплаче, падне одма ја кревам в раце, не прифаќа тешење од други, ниту од тато... На почетокот ми беше страв, но досега немав проблеми во бременоста па опуштено терам.
Цели 9 месеци во раце ми беше,се породив царски и после пак цело време во раце ми беше да надохнади што ме немаше 5 дена.
Многу имам да пишувам на темава,ама немам време,и мислам дека пак нема да доловам се. Само ќе кажам се зависи и од карактерот на децата,мајката. Напорно е,ама се издржува. И после една година е напорно,ама далеку далеку подобро. Сега веќе и играат заедно,се смеат,се сакаат. Не жалам што се мала разлика и покрај сите нерви,стресови,солзи,тешкотии. Ве поздравувам.
Една од најголемите причини поради кои не се решив сеуште да чувам второ. Не можам да си замислам да бидам оделена од него ниту 2 саати,а не пак 3 дена во најдобар можен случај.
@monik55 и јас го кревам малиот 26 недела сум. Докторот ме советуваше да клекнам па да го кренам . Тежината да оди на нозете а не на полојната . Како да правиш чучњеви. Во зависност од тоа како се осеќам така и го применувам советов. Патем мајки, кажете ми што највеќе беше тешко? На што највеќе треба да де обрати пажња. Кои се вашите совети ?
Јас со ќерка ми за прв пат се разделив за породување. Со мене беше на цтг,кс,секаде. 2год.2 месеци не мрднав без неа. Цел месец плачев како ќе ја оставам,што ако ноќе ми пукне водењак па мм треба да ме носи,а таа само со него стоеше,ќе мораше да ја чува баба и,па таа несакаше со неа сама ни секунда.Мислев ќе се поболам ако плачи по мене. Среќа на контрола ми се појавија контракции,тогаш за прв пат ја оставивме,па татко и си ја чуваше. Таа е едно инаетливо дете,маста ја вади. Се будеше на секој саат. Е во болница спиев 5 часа без будење па посакав да останам подолго Јас најголемата плачка,емотивец,тие 5 дена јуначки ги издржав.Господ дава сила. Твојот сепак е оставан,на раб.одиш,полесно е. И да,месецииии ми наплаќаше за тоа што ја оставив
Различно е тешко кај секој,на некој едно му е потешко на некој друго и се зависно од помошта нели.. Е сега лично за мене Најтешко ми беше што бев убедена дека треба да дојам (бидејки поголемата ја доев само 2,3 месеци) и имав голема желба да успеам овој пат во доење..(и успеав среќа еве 8м сме) И сите сте запознаени колку е комплексно сетотоа и упорност си треба И малово беше на цице првите 2 месеца 24часа,и во рака ми беше додека ја ранам големава,и играм со неа,ама и беше плачка беба првите 40 дена премногу ако ја оставам готово се одеруваше,сакав онаква слинг марама да ми биде закачена на мене па така се да правам ама не земав бидејки беше јули жештини уште тоа ми фалеше Онака се посветуваш максимално на бебе и се губи целосната посветеност на првото...ете тоа боли (лично за мене) Ама така е на почеток среќа додека се уходаме нели првите месеци Треба се издржи... Сега не е така,гледам да имаме Мама-Дора тајм само наше време (Со првата ќеркичка) А и готово сфати дека има сестричка и дека со нас ќе е цело време,за јадење за играње за бањање за се И сфати дека е Мама мајкa на двете Сето тоа со мнооогу зборење и објаснување
Ги минав во гледање слики од големата На крај си заминав на 4от ден, не можев да издржам уште еден ден без неа. Кога ме виде она се усрами дури, кога влеговме во кола ме гушна силно и воздивна онака тешко, и си заспа. Колку само сум и фалела ..
Јас цело време мислев дека плачам наболница за малата што ја имав оставено кај мајка ми ,,, тешко е ама се издржува 3 дена и дома .. На посета не ми ја донесоа ниту еднаш заради да не бара после да седи со мене ... абе ние мислиме дека ако ние сами не ги гледаме никој не ке може да ги гледа подобро ,,, па се мислиш дали е јадено дали спиело дали плачело Многу многу мислења но се поминува и сигурно се гледани подобро одколку сами што ги гледаме
Што убава приказна На колку години го роди првото, ако сакаш да споделиш Се убедувам себеси дека имам време да родам уште едно дури сум сѐ уште помлада. Ама од страна како да поддодаваат коментарчичи. па и тоа фаците исплакнати како ме живцираат.