1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мала разлика помеѓу децата

Дискусија во 'Дете' започната од Bella*, 1 март 2021.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    37.307
    Пол:
    Женски
    Кога се породив со малата, тие 4,5 дена големата имаше запек на психичка база. Кога си дојдов јас се се среди. Тагувала ама не сакаше да покаже.
    Она многу се радува на малата, многу ја сака. Ама многу се нервирам што се е околу неа, ја штипе за образите, ја бакнува, ама сето тоа го праве без осет. Легнува врз неа, ја стиска, некогаш ја бутка со ногата, едноставно ја малтретира. Жал ми е за малата. Вчера беше во транспортерот и оваа ја влече по ламинатот. Многу се плашам да не ја повреди, ептен е мала, нема 3кг уште. Исто така гледам и дека има љубомора кај големата. Кога си играме и малата заплаче, ми вели остави ја нека плаче играј си ти со мене. На толку зборење никако да научи дека не е убаво да праве така. Посветуваме ѝ внимание и нејзе, ама додека си играме со нејзе е во ред, после тоа пак по старо. Многу инает воде и воопшто не слуша. Она и таква си беше ама сега е многу повеќе.
     
    На Ednostaven, Suzzicka, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Првото го родив на 31, второто на 33, третото на 34 и најмалото на 40.

    Кој какви сака фаци нека си прави, децата јас и сопругот си ги гледаме, тие околу какви коментари имаат ама ич не ми е гајле.:wasntme:
     
    На see.emily.play, Mom's_life, Bebac и 23 други им се допаѓа ова.
  3. honeyboney

    honeyboney Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2018
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Еве да споделам и јас искуство.. Разлика се точно 18 месеци. 3 дена во болница, мислам дека повеќе мислев на поголемата одколку на бебушот ;( ептен ми фалеше, пишував со мм буквално до пред да отидам на бокс, прашував што има доручкувано. Кога се вратив дома дури беше збунета, не се пуштивме цел саат од гушка, залепени бевме. Е сега доаѓањето дома на брат и го прифати малку потешко. Штрајкуваше со нејадење неколку дена, па дури и носот почна да и тече.Кога плчеше бебо плачеше и она и не се знаеше кој е погласен и тие моменти беа хорор. Се погоди малиот со страшни грчеви, неспиење, вриштење па мораше да се поделиме за спиење јас со беебе, мм со поголемата. Тоа тешко ми падна дури и плачев се прашував што ми требаше ова, мислев дека сум крива зошто не сум по цел ден само со неа. Адаптација реално траеше два месеца. Одпосле едноставно сфаќаат дека бебето е тука и тука ке остане и прифаќаат. После 3тиот месец се фаќа рутина, за хранење, спиење. Се трудам дневната дремка да им ја усогласам и навечер да заспиваат во исто време и до сега ми успева. Сега бебо е уште малку 6 месеца а она наредниот месец ке наполни две години. Луѓе прво будење трча од спална и го бара брат и. Па кога ке застане пред него и ке му каже еве дада, дада сака (еве ја дада, дада те сака) а он онака и се смее и прета од радост... Не знам, мислам срцето ке ми препукне од радост. Дури сме на почеток каде што он допрва разбира, можам да замислам понатаму како ке биде кога ке е поголем.. Тешко е, претешко, ама се издржува. Морам да напоменам дека имам помош секојдневна и од свекрва ми и мајка ми. Многу ми значи тоа. Секако мм ги дели обврските
    со мене секогаш кога не е на работа. Мислам дека првата година е и со смешки, плачки, ама понатаму полесно ке биде. :hug:
     
    На Ednostaven, PeachGirl, Iki lepi и 17 други им се допаѓа ова.
  4. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Секоја чест мајка :bow:

    А дали имаше љубомора меѓу нив и како се справуваше ?
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Секоја чест:clap::bow:
     
    На bittersweet и Bella* им се допаѓа ова.
  6. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    што правите кога сте сами а бебе треба да спие,му се спие плаче,а дете сака да си играте со него и досаѓа вика по вас?
     
    На mal.ecka и Larahappy им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    ако најдеш решение, кажи ми (facepalm)
     
    На mal.ecka и Bella* им се допаѓа ова.
  8. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    :x
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    2.757
    Пол:
    Женски
    Моите две ќерки се 2 години разлика без месец дена. И јас ги имав истите стравови како сите вас додека бев трудна и ја спремав големата со зборување, песнички, галење меше и сл. И јас ја дигав до 9-ти месец и секогаш добивав загрижени погледи од мајки, кои трчаа да ми помогнат, бидејќи им беше језиво да ме гледаат како дигав дете со толкав стомак. Ама пазев како ја насочувам тежината и немаше никаков проблем.

    Деновите во болница откако се породив со помалата ми беа тешки и среќни. Колку што ми се кинеше срце што ми фали големата и не знаев како издржува без мама, толку ми се дуеше срце со нова љубов и ново совршено цицалче. Се сеќавам дека молев да ми ја донесе мм големата додека бевме во болница, ми ја донесе пред врата горе на ГАК пред собите, и кога излегов ја изгушкав и се турив од плачење. Таа беше току збунета, што мислам дека само полошо и' направив што ја видов, ама посилно беше од мене.

    Кога се вративме дома бев максимално убедена дека ќе успеам да поминувам време со големата кога малата спие преку ден, да не осети разлика. Практично скоро и да не спиев, ама не паѓав со духот, знаев дека ме чека тоа и стално си повторував дека ова нема да ми се повтори и дека сум силна и се' ќе издржам. Со големата скоро секој ден бар еден час шетавме сами надвор или игравме по дома сами, додека свекрва ми ја чуваше малата. Но, бидејќи неспиењето продолжи со месеци, дури и откога тргнав на работа, после некое време уморот си го направи своето и прснав. Ама тоа е, паѓав, се кревав, читав, прашував, разговарав, применував и пак не избегав од љубомората на постарата. Почна наивно, со: "А зошто јас не можам да цицам? Зошто само дада е на слики? (а тоа беа слики од големата кога беше бебе, ама никако да ја убедиме во тоа, па изнаставав слики од неа како поголема)" и сл. Почна со буткање во мене за да ја гушнам неа, а да сум ја оставела дада на кревет, за да дојде до буткање и удирање, и да кажува дека не ја сака дада. Што и да правев за да ја утешам и да престане да биде љубоморна имаше ефекти на краток рок, и љубомората пак се јавуваше и манифестираше најразлично. Сега пробувам да не и' зборувам веднаш, не реагирам колку што можам, само ја спречувам да не ја повреди. А со другите деца кога си игра не е таква. Знае да направи и компромис. Едноставно мама не сака да ја дели и крај.

    Секако дека имавме и имаме и убави моменти, особено кога и јас сум среќна и одморена и кога имам трпение да се справам со почетните знаци на љубомора. Знаат да се заиграат заедно, еве најново им е да се бркаат околу и под маса и да се кикотат како мама не може да ги стигне. Ама факт е дека што и да направев поинаку, љубомората ќе постоееше во големи размери, бидејќи мојата голема ќерка е едноставно таква. Сака внимание и комплетно ја разбирам, едноставно тешко ми беше тоа да го прифатам. Но, еве учам и тоа.

    Генерално сега е турбо секој ден. И двете ќерки ми се темпераментни и љубопитни, што на долг рок е супер, ама многу истоштува. Сега се 3 и нешто и 1 и нешто години. Веројатно како и сите вас, и јас имам моменти кога мислам дека сум лоша мајка, а на моменти мислам дека сум родена за мајка. Мојот сегашен предизвик е да тренирам трпение, да не си дозволувам да бидам до толку преморена за да викам по децата, да наоѓам креативни решенија да ја пренасочувам љубомората помеѓу децата. Но, колку и да прифаќам дека поголемата е љубоморна, дел од мене секогаш ќе се плаши дали доволно правам да ја утешам и да и одговорам, да ја убедам дека не ја сакам помалку и дека нема да има трајни последици од некакви трауми врз база на сето тоа.

    Читам дека мајки бараат совети во однос на тоа дали да се одлучат за помала разлика или поголема. Мојот најискрен одговор е: немам појма :rofl:. Верувам дека секоја разлика има и предности и маани.

    Јас и мојата сестра сме скоро 10 години разлика. И сега кога се присеќавам, бев прилично среќна што имам сестра и мислам дека помагав на мајка ми колку што можам, ама дури и со таа разлика, се сеќавам дека постоеа моменти на љубомора. Секако, дете од 10 години има многу поголема ментална предиспозиција да се справи со таа љубомора.

    Се' е тешко. Некогаш лудачки тешко. Ама моментите кога и двете ми седат на скут додека гледаат цртани или кога ми спијат на раце, едната од едната, другата од другата страна, е тогаш е лудачки добро. Можеби не може едно без друго. Верувам дека ќе бидат другарки за некоја година, кога нема да се осеќа разликата во години и кога ќе се здружуваат против мене и мм :D.
     
    На bittersweet, happygirl, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    И давам тел,да гледа цртани:tmi:
     
    На 24.07, Bella*, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Ти завидувам, ама БУКВАЛНО ! Од секогаш сум сакала 3-4 дечиња. Ама еве од страв, од секакви мисли не знам дали ќе се одлучам за 3-то дете. Плус, неможам да ги поднесам бабите и дедовците кога има мало бебе дома..
     
    На bittersweet, Iki lepi, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Апдејт од мене.

    Првото 2 год и 8 месеца.
    Второто 1 год и 2 месеца

    Големово среќа е доста мирно и разбирливо дете. Нормално си има свои моменти на дерење низ цел глас ,ама како и секое дете па ништо страшно :D Воглавно, ако речам се јаде -се јаде, ако треба д спие малата оди ја гушка и ја бацува, зборува више како некое бабе, се памти , се слуша.
    Е сега, почнуваат фештите поради малово, ептен е изострено, 'ржи, вика, писка, па и легнува на земја ако не е по нејзино. Па у ред мајче, што ти е работа :D Си ја вртам главата, гледа дека нема фајде, си станува и си продолжува со игра.
    Уште од кога е родена е баш захтевна, ама лека полека си легнува на брашното. Знаат да се заиграаѕ, иако се сеуште мали, ама почесто знаат да се забуткаат за некоја играчка, која што стоела во ќошот саат време, и на крај му текнало на некој да игра со неа, па тогаш мораат и двете да ја имаат. Големава ја гледам ( кога мисли дека не ја гледам:D) да ја бутне малата, да ја затегне, и дрпа играчки од рака, ама сето ова го научило и малово (facepalm) Па и оди на сестра и, и ако не и даде нешто ја мава, и и се дере во фаца :rofl: И тука почнуваат и двете да се дерат на цел глас, и на крај големово победува дека сеуште е посилна.
    Не и викам да и даде играчка оти е поголема и треба да попушти, него кажувам оти има ред, и кога ќе заврши едната со играчката тогаш ќе може да ја земе. Ако дојде големава да се гушка, иде и малово по неа, и малово почнува да ја брка сестра и, само она да била, а ќе речеш година дена е :D
    Полесно е сега каде каде, дека е проодена, арно има сега си има други тешкотии, се качува на кревет, знае да се симне, ама уште не е стабилна кога оди по него. Исто така по цел ден падар изигравам за да не се караат. Малово научи каде е корпата за ѓубре, и не ми смета кога фрла книжичиња, него и текнува и делови од слагалица, шишето со вода, и ред други работи да фрли, па и да прибере нешто друго успат :D Се отвараат фиоки, фрижидер, сњ пика под маса , стол , па идат си помагаат една со друга :D И викам на Јана, ќе правам ручек, пази ја Ема што прави, и иде ми вели : Мамо, Ема се Хачува на Хеветот :D И така иде и ја кодоши :rofl: Не дека ми е далеку кујната, споена е со дневната, ама пак не ја гледам:D Или пак ако чепка кај телевизорот ми вика: Мамо, Ема чепка изот :D

    Инаку уживам во глобала, големава секој ден повеќе зборува, и само се смеам. Некои букви ги кажува во зборови, ама ако почнува таа буква прва, нема да ја каже :rofl: На пр. вика : Јана сака. К во збор ја кажува без проблем, ама ако е почетна не, на пр. Хевет ( кревет) , Фуче ( куче ) Фола (кола ) Фујна (кујна ) :D
    И малово почна да испушта зборчиња, си става венче на глава и вика "Бава"( убава).:D И така натаму, и многу ми се смешни кога Јана ќе и рече да направи некоја задача, овоа па ја разбира и го прави тоа :rofl:

    На крајот од денот, не можам да си го замислам денот без нив. Нервози, стресови, гушкање, бацување, карање, пак гушкање :D И се така во круг. Ги сакам и повеќе од што мислам :l:
     
    На Happyinlove, 24.07, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Изгледа нашиве поголеми помирни ќе испаднат од вториве
    Огин е малава,Дора секој ден и вика огин си :D ме слуша мене
     
    На Happyinlove, Sexybaby86 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  14. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Баш така :D
     
    На Sexybaby86 и Bella* им се допаѓа ова.
  15. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Најнапорно ми е кога се настинати и двете...мора една од друга да префатат :@
    Доста време се немаше настинато Дора од градинка,ама ете сега има вирусче па гледам само 6 деца се во група кај нив што одат...:|

    Еве 5 дена е дома..и со двете дома неможе да се дочисти,едно лепи,друго рони истура се по ред,ако земам правосмукалка едно на нога ми се беси друго се качува на правосмукалката...:sweat: мм ги вика ги игра,не бе брате мама и крај :@

    Друго ново,бебе сегде се крева на се што може и си прави мали чекори по масата,колку радосно толку напорно отварање 16 очи што би се рекло...
    Ама почнаа да се заигруваат бе..:inlove::inlove::inlove:
    Многу се радувам па и заедно бељи прават и се смеат :o:l: па ако се удри несакајки малава,големава одма трча да ја баци :$ кога ќе јаде малава каша,мора големава да и даде после јадење вода иначе се кара се љути дури хихи,за бањање мора она да ја бања да и ставала шампонче на главата :D
    Абе другарки за цел живот...ама додека пркнат косава цела бела ќе ми се стори гарант :smirk:

    Него Како да се справам со чистењево еве незнам ?

    Ќе ги затворам со мм во соба додека чистам, абе ќе ја откорнат вратата од тропање за да излезат
    Ќе ги однесам кај мајка ми на 2 саата
    Не се средува се за 2 саата ем додека сум ги однела треба да ги земам,зошто нели никој неможе да издржи со тодлер и бебе поеќе од 2 саата ..
    Ќе се преморам од набрзински чистење за се да постигнам Се,и одам да ги земам преморена
    Не може да постигнеме и двајцата со мм да досредиме од што ми прават лом во сите соби еј...ме фаќа нервоза:worried:
    Како растат така се понапорно :sweat:
    Па кој не тераше и волкав спрат да неможам да го дочистам да ти се плукнам :whew:

    И така јас таа што секогаш давам позитивни совети и надежи еве сега се жалам бе...
    Крш :tmi:
     
    На mamaJana, redhead, SkarletOHara и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски
    Затоа кај мене се знае на кое место се јаде :rofl: Време за ручек, Јана седнува на маса, Ема во хранилка и крај :rofl: Ужина само јадат додека си играат, јаболко,морков, краставица, и така не морам више да чистам цело време :D Грицки не давам, само кога има гости, и после одма пуштам правосмукалка :D

    И кај мене почнаа да се заигруваат, добро и се тегнат :D Ажа више мислам помалце дека е тоа..научија дека заедно ќе бидат и тоа е тоа :D

    Како се сега ? Дека надтинати велиш..
     
    На mamaJana, Bella*, 24.07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Добри се денес,таман уште викендов и супер опоравени
    Ама и Бела има уште две нови запчиња и дополнително и тоа си има улога,нос тече и по нервозна е, и е лепенка за мене
    (И двете се) :) :doh:

    Иначе за лом правење Дикси верувај не е од храна...тоа баш ме полудува
    Ја закниаа подлогата ронки,пластелин ронки,фломастери на сите страни и капачињата исто,земала незнам ни како не видов кремата нејзина и ја сокрила позади врата па се истурила,играчки насекаде,лажици ми вади насекаде ми пипкаат итн итн...до утре имам да пишувам за ова.. :worried: знаеш не се жалам
    Само ова ми ствара онака паника,зошто и двете учествуваат еве...со ломови :D
    Знам деца се,Ама...(facepalm)
     
    На mamaJana, mal.ecka, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    6.136
    Пол:
    Женски

    Аааа хахахахахаааа :rofl::rofl: Јас па мислев од јадење :D Епа ко така за ова ич да не праиме муабет :D Што мислиш кај мене како е :D
    Најмногу мразам играчки со 100 дела :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Sexybaby86 и Bella* им се допаѓа ова.
  19. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    :D:D:D
     
  20. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Моите се скоро 2 год разлика, очекував многу потешко да биде. Имало моменти кога навистина беше напорно, посебно во ова време со карантини, изолации.. Нормално најмачни се настинките, а за куќата лом уште не можам да се навикнам.
     
    На Dikinzi, mal.ecka и Bella* им се допаѓа ова.