Изгледа ќе се приклучам во темава Дури чекам да потврдам бременост, да си се тешам дека ќе биде лесно. Ќе бидат скоро година и 11 месеци разлика...
Мајки син ми ja прифати малата. Ја бацува, и носи играчки, и дава демек да јади , има и љубомора ама нормално е тоа. Она што ме загрижува е кога плачи малата тој веднаш почнува да плачи дури и звук не испушта,му леат солзи и во молк плачи со тага и едвај се смирува. Дали е ова нормално ,и дали можам да направам нешто ? Инаку син ми е 21+
@RAK91 со лесно Сакаме мала разлика да ни бидат до 2 ипол години најмногу разлика ,но ме кочи тоа што сум сама 24/7 мажот ми е шофер,се надевам дека второто нема да биде како ќерка ми уста не затвори 5 ипол месеци
Мојата другиот месец прави 5год ама на почетокот кога плакаше бебето и таа плакаше и си ги затнуваше ушите.Ова траеше некои 2 месеци.Сега само ќе каже мамо ти плака бебето оди земи го.
И по 6 години може пак ќе бидеш сама, ама тогаш дали да думкаш бебе или да пишуваш домашно со другото? Дефинитивно мала разлика е тешко но гледај на придобивките. Играње истовремено, носење во градинка истовремено, пелени менување истовремено и др.
Да така е има и многу придобивки,според мене голема разлика и љубомора ќе се појави кај поголемото,и така сум навикната на оваа темпо па кај едно таму и друго 5-6 години нема спиење ама здравје ќе поминат брзо
уплативме за одмор минатата недела,овие неколку дена на моите пријателите сите ни честитаат како тоа ќе сме оделе на одмор со две мали деца без никаква помош...секоја чест како ќе издржите искрено се замислив..не ни го размислив пред да уплатиме,мислата ми е само да отидеме и да видат море како се снаоѓате вие со малечки две на одмор без помош? се надеваме со мм дека ќе им биде забавно на плажа па нема да има драми големава е разбрана и помирна,ама малава гори...мнг е потешко кога второто ќе ти се погоди понемирно УФ
Де бе муабетиве ти се молам,ние цело време одиме сами,и здравје боже ако бидат добри и на одмор сами ќе одиме. На децата вие двајца сте им најпотребни, они со вас се чувствуваат сигурно и вие сте им целиот свет, е сега ќе биде мачно, пивото ќе се пие на рати, ќе седиш по некој пат Ама , да сте живи и здрави, ако тргнете со мисла дека треба да сте опуштени и да си поминете убаво, и како ќе биде -така ќе биде тогаш ќе си поминете најубаво. Обврските ќе ви бидат поделени, еднаш едниот со едното, па нареден пат другиот со другото Ич не му се мисли.
така сме и дома со поделени обврски,т.е ок повеќе на мене е хаха ама сепак на работа се оди,не си 24 часа со нив...малото е многу захтевно најверојатно затоа сите ми зборат ете јас не ни размислив дека ќе сме 24/10 бев лабава а сега малку ми чука во глава... секако приоритет ни е они да си поминат убаво,за нив одам,(ако не не затворат)
Од како се родени одиме сами, многу пати, и море и планина. И тоа моите се две години разлика. Бевме и кога малото беше 2 и пол месеци, а големиот 2 години. Јас имам став, со други луѓе не одам
И за мене е храбар потег, 10 дена со две мали деца на море јас не би се осудила, бар не со моиве , ама тоа не значи дека помош од тип земање баба/дедо со нас на одмор е опција. 5 дена на море за мене би било издржливо, со цел да исчистат синуси во море, за забава и разладување на друга локација би ги однела. Уживај си, у најлош случај ќе имаш одмор за раскажување, а у најдобар ќе те изненадат па ќе се изнауживаш и ти
Спреми лопатчиња, кофичиња, ако можеш базенче мало, земи обавезно грицки, овошје или зеленчук зависи што сакаат. Кога ќе си играат ќути трај не ги задевај Кога ќе почнат да кенкаат давај нови идеи, ќе биде, не му ја мисли
Мене ми беше наjубав oдмoр. Самo направете си ред, децата баjчиња ќе бидат. Вoдата ги истoштува и плус мнoгу пoвеќе jадат. Замисли мене каква будала ме правеа сo бебе oд 1 месец и уште еднo oд 1 и 8 месеци штo се затерав вo Грциjа.
и јас си замислувам дека бајчиња ќе се (дајбожегосподе) хаха иначе супер ќе беше да има 1 месец ништо нема да прави ќе си седи мирно,а ова моево второво е 1 година и вреди за 5 деца хахаха а “големата“ е 2ипол 2019 кога бевме со неа на одмор исто ми беше најубав одмор,беше мнг мирна уживавме,ама и друго дете е некако на карактер сега се две ќе видиме..