Преубаво ќе си поминете, не се секирај, ни јас не би оделасо никој на одмор, повеќе ќе ми смета некој, отколку што ќе ми биде од помош. И дома сме сами цело време, така да навикнати сме
Абе луѓето ако не дојдат неповикани да ти кажат " Леле како ќе издржите, леле напорно ќе ви биде" и да те напукаат со страв да се сомневаш во себе нема кој. 2ца одите со 2 деца не носите 10 деца. Едниот едното другиот другото. На одмор бев со куче(понапорно него бебето) и 8м бебе, не кажавме на никој дека го носиме кучето со нас баш ради вакви коментари. Ти треба само добра организација и планирање супер ќе си поминете баш убаво ќе ви биде ќе се науживаат. Син ми беше премирен поред вода и му пријаше воздухот. Таман работа да не можете сами со сигурност можете никој не ви треба.
Сосема си во право, домa како издржуваме, плус и да одиме на работа и да готвиме и чистиме и сите обврски да ги завршиме, на одмор не правиме ништо од тоа, единствена обврска е да се посветиме на децата. Ние чекаме второ, и како и да е кога и да ни биде првиот заеднички одмор, не планирам никој да влечам со нас, само ќе ни го поремети цел ред. Ние се прилагодуваме спрема потребите на детето, за јадење, за спиење, кога тој е најаден, наспан, наигран, среќен си е, ние уште посреќни. Јас и сама го однесов на одмор 8ми месец трудна со второво, мм со обврски на работа, дојде само за викенд, па не ми беше воопшто малтретирање, зошто на плажа си има занимација, си копка во песок, си игра, си се бањаме, дури и мене ми беше одмор. Преубаво си поминавме. Меѓутоа секој да си каже некое мислење неповикан, за тоа се луѓето. За мене би бил најубав одмор да си идеме сите сами. Кој му е малтретирање нека си зема придружба
Мами Не знам дали прашањево ми е за тука, ама не знаев каде да пишам. Вака, имам ќерка 2год и 4месеци и вчера дознав дека сум бремена за второ не баш планирано. Од ко дознав плачам, се чувствувам некако виновна како да сум ја изневерила ќерка ми,како да не сум сигурна за оваа бременост,ќе бидат точно 3години разлика. Живееме сами без помош и се плашам дека ќерка ми ќе се чувстува запоставена, дека нема да се снајдам.Плачам без престан а ни јас неможам да си објаснам зошто.Можеби зошто мислам дека е мала разликата на возраста и дека доволно му се немам нарадувано на ова дете. Ве молам некој со слично искуство дали имал.Инаку сум жена која сака деца ама ова чувство неможам да си го објаснам. Се извинувам за долгиот коментар
Јас имам разлика од година и 8 месеци. Бев мн среќна од причина што син ми ќе си има другарче ,ќе си имам дечиња што ќе ме гушкаат,ќе ми трчаат низ соби, мн сакам дечиња. А сега од кога се роди на моменти се чувствувам како тебе кога неможам да му дадам внимание а ми бара. Но во секој случај одлуката не би ја менувала двете ми се душички најмили ќе биде добро ќе видиш
Измешани чувства. И сакаш детенце и страв ти е како ќе биде. Видено, поминато. Моите се точно две години разлика исто не планирано. Ехеее колку пати викав по маж ми ти си крив. . Не се секирај. Не живеете сами, со маж живееш, кој друг ти треба. Обврските околу децата ќе ги делите на пола. Првите месеци од раѓањето ќе бидат хаотични дур се прилагодите, после ќе си фатите ред. Детето нена да се осеќа запоставени, ако не биде запоставено. Кај нас не се јави љубомора, но големото цело време беше со мене и дење и ноќе. Бебето цица, тоа гушнат си гледа цртани. Или ноќе ќе го надоев бебето и на мм му го оставав, и го заспивав големиот. Напорен период ти следи, постојано треба пелени да се менуваат или некој да се храни, но брзо поминува. Со среќа и лесно се ќе биде добро.
дечки ајде кажете ми како спијат вашите ? дали со вас,дали во креветче дали сами во соба? сакам да ги одделам да спијат во детска соба,ама сакам двете одеднаш да не се осети едното помалку од другото сега сме хаос,спијат на спална со нас,креветче несакаат да чујат една вечер спијам јас со нив, друга вечер маж ми се менуваме за да се наспиеме а и не не собира сите 4ца на спална иако е голема пак како згрчени сме чекаме на малово да помине 10ти скок (сега го почнавме) и после тоа да ги ставам двете во детска на различни кревети како е кај вас?
Пoгoлемoтo спие веќе некoе време самo вo сoба, бидеjќи се буди навечер стануваме jас или мм да гo презаспиеме. Бебетo вo креветче. Твoите кoлкави се ??
Големата 3 години малото 16 месеци малото од никогаш не се навикна во креветче бидејки цицаше и се до мене залепено беше дење ноќе и така си остана на спална,а големата ми беше жал сама да ја одвојам,затоа сакам двете одеднаш
@Bella* @Larahappy јас спијам со 5 месечното бебе заедно ,ја редам на креветот мој за да не станувам кога ја цицам и да сум наспиена. А син ми 2 годишен во друга соба со татко му. Спие во свој кревет но сепак сеуште ми е мал некако да го оставам сам. Знае да се разбуде и да побара некој да лргне кај него во кревет. Оделени спиеме за да не се буди син ми ако заплачи малата. Мн сакам сите во иста соба да сме полесно ќе ми биде , ќе пробам деновиве се молам да дојде побрзо тоа време. Син ми морам јас да го заспивам па после трчам кај малата.. и горе долу само..
Во спална за двајца спиеме четворица. Многу сакам да ги разделам. Но малиот вади заби па три четири псти во текот на ноќта пишти . Мислам дека ке си почекам
@Bella* Моиве едното е 3 години, другото 7 месеци, откако се роди малово спие во креветче до мене, ќере исто во креветче од страната на татко и ама скоро секоја ноќ прескока креветче и тато и туп до мама си спие.. Следново лето ќе спијат со нас во спалната па ќе пробам да ги одвојам во посебна соба, заедно.
значи горе доле сите исто сме ете тоа ти е мала разлика... порано или покасно,или нема да спиеш со маж ти или сите заедно сардини јас секој месец се тешам ај од следна недела ќе ги одвојам ај од следен викенд ај да помине 10ти скок ама не ми текна и на тројките заби дека ги нема... значи до летоска во секој случај уште немам купено ни кревет за во детска за двете,имам еден кај моите мој кревет со доле на влечење како фиока тоа е супер ама се си мислам така едното ќе паѓа врз другото..али ќе купам ограда на штрафење..ајде само нека дојде ред 3 години не сум спиена алооо!
Ние спиеме сите во една соба, сум кажала и претходно, ама и да сакам друга нема, толкав е станот До пред некое време сами си спиевме со сопругот на спалната, ама не знам што и стана на големата, навечер почна да станува често, дали се плаши нешто кој знае, па почна да си доаѓа кај нас да спие. На мажот ми не му се допаѓа тоа Ама и јас како мала сум имала страшни сонови, и сум била месечар, па ако и е така да спие поубаво нека..не знам до кога ќе трае тоа, ама знам како ми било мене па ја оставам
Здраво мајки, сакам да ве прашам ако некоја има искуство да сподели. Се породив пред недела дена со второ царски а првото ми има 2 год. Супер го прифати бебето но често бара да ја земем во рака а ми е страв поради раната да ја кревам сеуште.Дали некоја од вас има слично искуство после колку време го земавте детето во рака без да направи проблем на раната(иначе има окулу 12 кг).
Јас се породив кога ќерка ми имаше 2 и пол години и 13 кг, во раце после 3 месеци ја кренав, пешачев со неа 5 мин во раце и раната ми пукна среќа само надворешно па заздраве сама. Не ти препорачувам да ја креваш, штеди се барем неколку месеци, кај многу жени покасно се јавува спуштена матка, па имаат проблем со неконтролирано мокрење.
да ви се пофалам,конечно ги префрливме девојчики мои сами да спијат во детска после 3 години еве две ноќи по ред сами спиеме со маж на спална,дури не ни се верува се плашевме дека малово ќе биде проблем бидејки многу често станува навечер сеуште за млекце,ама првава вечер поголемава стана може 3,4 пати (а никогаш не станува) викаше мамо мамо,ќе отидев ќе легнев до неа 5 мин и си презаспиваше,а малово си спиеше ко бајче големава сабајлето рече станувала дека се плашела имало мечка во собата се исплашила сирота па вчера им ставив ламба и си спиеа супер дај боже да навикнат па да видиме и ние мирна ноќ кога ќе размислам може и поубаво од помало да навикне,а поголемо ете страв и повеќе разбира чудно ќе и е...Ама ете сега дојде ред не се издржуваше веќе навистина ова туткање на спална и добивање клоци и боксови секоја вечер па со господ напред ќе си навикнат со лесно се надевам