Мала разлика помеѓу децата

Дискусија во 'Дете' започната од Bella*, 1 март 2021.

  1. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    големата 3 години, малата година ипол
     
    На RAK91 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Бравос на храброста,поголемава има 4,малово 2,малово се буди по милион пати.
    А јас по цела ноќ ги слушам како дишат,нема за брзо да се одвоиме:tmi:
     
    На 24.07 и Bella* им се допаѓа ова.
  3. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    со вас спијат?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Да,со мене поточно:$
     
    Последна измена: 4 јануари 2022
    На 24.07 и Bella* им се допаѓа ова.
  5. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Ми треба еден совет од вас мајки со мала разлика меѓу децата, првото дете ми е 17 месеци уште малку 18 и имам бебе од 1,5 месец, како се снаоѓате со шетање со двете деца? Се мислам да земам уште една количка, дали да земам за близнаци? Има ли некој додаток за постоечката количка да прикачам транспортер? И поголемото дете е мало,сеуште имам потреба од количка за него, за сега не ги носам сама надвор па едниот е во количка, другиот оди ама кога ќе се измори бара во раце, така што за сама мора да најдам решение, давајте идеи не се седи дома по цел ден :)
     
  6. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    26.801
    Пол:
    Женски
    Јас би ти го препорачала ова за второто кога ке се умори 1D9FAAF3-5878-4B6E-BCD9-2E7CDEE9E0A3.jpeg
    Јас исто ми беа двете мала разлика и земав дупла количка за близнаци ама е напорно малку кога бевме повеке време надвор. Ми завршуваше работа ова кога излегувавме и не зафаќа многу место
    Во Али експрес има и се многу ефтини
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Го гледав ова како варијанта не е лошо само не може да прилегне ако му се спие, размислував за количка за близнаци ама по маркетиве нема да може да влезам, не знам што е најпаметно, мислев и на кенгур едното во кенгур другото во количка ама ќе ме поздрави кичмата. И уште едно прашање дали ви беше луто поголемото дете дека сте донеле дома бебе, јас и после 1,5 како да сум на игнор, додека сме сами нема избор мора да седи со мене ама кога ќе дојде татко му толку јас не постојам, со него се гали , со него спие мене ме бутка, кон бебето не е нападен и тоа е на игнор,ќе дојде ќе го погали за главче,ќе се стресе како нешто грозно ,језиво и толку :) плус што не можам да го кревам во раце зошто сум царски мислам и за тоа е лут, колку време трае лутината мене ми личи како да нема крај :)
     
  8. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    26.801
    Пол:
    Женски
    Големата беше многу малечка и ништо не разбираше, не знаеше дека другото е бебе и заедно пораснаја двете немаше некоја љубомора ни кон мене ни кон бебе
    А и расте еве колку растат толку мислам дека се оддалечуваат од нас во смисла сами прават нешто, само одат тоалет итн... и твоето поголемо дете така гледа дека си по зафатена и си се занимава само
    Почетокот е малку тежок мислиш дека не можеш да му обрнеш внимание на поголемото ама со тек на време и то ке помини
    Дури да трепнеш тие пораснале :)
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Сите опции ги разгледував за превоз и количка за близнаци и тој додатокот (не знам тој колку би бил практичен по нашиве крш улици и тротоари и еден куп пати горе доле со количката. И на крај не купив ништо и среќа. Големиот како виде дека бебе ставивме у количката крај не сакаше да седне внатре, бебешка била. А претходно со саати седеше во неа. Првите неколку месеци ги вадев пред зграда на клупи кога бев сама.
    Инаку нормално е што ти е луто големото, голема промена е за него. Практикува време еден на еден само со него секој ден бар малку, прошетка, до маркет, некоја игра само вие. Ноќе остај го бебето на тато, заспи си го големото. Јас така правев. Да се осети сигурно дека мама е пак негова.
    Не се секирај, период е, ќе се навикне. Почетокот е таков тежок, после олеснува.
     
    На mal.ecka, mamaJana и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  10. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    jaс купив летна количка и супер ми се најде не се скапи ептен практични
    големата ќеркичка во летната количка, бебе во големата и одлично поминавме
    ем таа летната количка како чадор систем е се склопува и сегде ја збира
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Играм цело време со него и кога спие бебето и кога е будно го држам во раце а играм со него,дали е лут дека не го кревам него не знам.
     
  12. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Има ли некој додаток со кој можам да ги спојам двете колички за да ги буткам оддеднаш?
     
  13. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Искрено незнам
     
  14. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    Зависи за каков вид на количка станува збор, јас ја имам maxy-cosy lila и на неа може да се додаде плус уште едно седиште и се прави како за близнаци.

    Побарај на нет каква количка имаш и напиши кој други делови плус можат да се купат
     
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    10.401
    На исти начин функциoниравме.
    А за сама сo двете не се oсудувам да ги нoсам на прoшетка, мoже самo вo двoр.:D.
    Вo кoла дoдека ги вoзам какo пoлицаец сум. |(
     
    На mal.ecka и Bella* им се допаѓа ова.
  16. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    6th
    Јас се правам храбра дека ќе ги шетам не можам да издржам да не шетам па си барам чаре,а што мислите за кенгур
    https://wenice.mk/Product/ProductDetails?productId=A68706 или овој https://www.encimenci.com.mk/kengur-nosilka-hip-seat-denim-chicco-791470900 многу разлика има во цена не знам дали вреди да дадам 6000 за кенгур ми треба и за дома
     
  17. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Нема никаков додаток за мојата смотана количка таа е за во канта ама божем да не фрлам да се искористи
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Моите се разлика година и два месеци, и двете се поврзани со мене, кога се роди малата повеќе внимание посветува на големата, малата цицање, менување пелени и сл. Кога порасна и почна да подразбира заедно со дадата се игравме со малата. Големата ми беше буквално залепена за мене , каде и да одев се беше со мене. За шетање бирав кратки дестинации бебе во количка, дада да оди, кога ќе се измори бебе го ставав во кенгур, а дадата во количка, еден период ги ставав и двете во количка ама тоа кога бебче веќе седеше. Ќе помине и тој период еве ги сега неразделни, се тераат една со друга. Едната е 6 години а другата 5.
     
    На Dikinzi, mal.ecka, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Колку време и требаше на големата да ја прифати малата? Мојов некако тешко го прифаќа ,а поминаа 40 дена одиме накај 2 месеци, долго го држи и лутината кон мене, не се гушка бега од мене, бев подготвена дека ќе биде лут ама не дека волку долго ќе го држи. Исто повеќе внимание на поголемиот посветувам играм со него да не се осети запоставен ама некако изгледа дека не е доволно.
     
  20. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Големата воопшто не беше љубоморна на бебчето, од бебе беше нон стоп со мене така и продолжи кога си дојдовме од болница. Имаше моменти кога ми беше тешко да кажам еден вид на љубомора кога ќе земав да ја дојам на малата големата секогаш нешто сакаше во тој период, и гледав со бебето на цице и и исполнував тоа што сака за да не се осети запоставено, кога беше 2 години почнав да ја одвикнувам од пелени, а малата уште цицаше и секогаш тогаш и се какаше, со малата на града држејќи ја со една рака станував и ја ставав на нокшир.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.