Мала разлика помеѓу децата

Дискусија во 'Дете' започната од Bella*, 1 март 2021.

  1. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.825
    Јас имам 3 деца - најголемото сега ќе прави шест, средното е 3 и бебето е година и пол скоро.
    Дешавки еден куп ама верувајте колку брзо растат не ми се верува дека прваче ќе имам. Затоа со најмалово гледам се изнауживам во секоја фаза дека знам дека за брзо ќе помине
     
    На mace89, mariz, Ema.Sk и 8 други им се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    За плачките за играчки кај нас најприменливо се покажа правилото тој прв што си ја земал играчката, тој има предност, другиот ќе почека првиот да заврши. Без разлика дали е малиот или големиот. Размената на играчки не се покажа, вака е поуспешно. Од најмали вака правиме, има и плачки, ама не попуштам.
    Најголема казна им е да ги пратам секој во своја соба :D абе тогаш мислиш незнам што си ги казнил ама не, ама умни ќе бидеме. И скришно по 5 мин еден кај друг си одат на гости пак да играат заедно,ама тивки се да не ги фатам.
    А нај најголема е ако ги пратам на спиење порано, пример ако се степале навечер,
    и не попуштам никогаш што сум рекла тоа применувам, не им паѓам молби и плачки, затоа сум лошиот полицаец дома.
     
    На Осе, Mari-Li, Spidy и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    @Happyinlove леле за oва сo слухoт мене сите пoчнаа да ми викаат вo oбичен муабет ама не викаj тoлку те слушаме :wasntme::rofl:
     
    На mariz, Minnie-e, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    108.446
    Пол:
    Женски

    Многу брзо растат , се согласувам. Баш пред да се породам со второто, една комшика тука ми кажа ајде ќе видиш колку брзо ќе ти минува времето сега со второто и брзо ќе порасне. И баш така, 3 години ќе прави во септември а ко вчера да беше бебе :)
     
    На mal.ecka, Bella*, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. SamovilkaH

    SamovilkaH Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    2.037
    Пол:
    Женски
    Како мајка на 3 скроз се согласувам дека многу брзо растат и многу ми е криво што пребргу лета времето. Тројцата се тука некаде со возраст (најголемиот има 10год, средниот 8ипол, најмалиот 6 години) :D додека беа мали беше тешко навистина, со оглед на тоа дека јас и сопругот сме сами (без родители) но, све, ама баш све поминува и немојте да се плашите, уживајте во секој миг со вашите малечки :inlove:
     
    На minne992, Мамичка, Bella* и 4 други им се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Како се организиравте за седишта во колата?
    По 2 седишта ли имате? Има ли простор да седите помеѓу децата позади или напред седевте?
     
  8. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Јас седам позади до нив, на седиштето позади возачот. Малку е тесно, имам доволно место колку да ме собере. Не сум пробала да седнам во средина, понепрактично ми е влегувањето/излегувањето. За да седам напред уште немам храброст, мислам дека уште се многу мали.
    Сакам да слушнам искуства и совети од други.

    Едит: инаку користам едно седиште за поголемото и транспортер за помалото. За некој месец планирам транспортерот да го заменам со седиште и тогаш најверојатно и јас ќе се преместам напред.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Ние имаме две седишта. Јас одсекогаш седам напред. Исклучок е кога одиме на долг пат, тогаш седам меѓу нив. Влегувањето е малку не практични, а за седењето е ок, ме собира. Морам на долг пат до нив, бараат вода, заспиваат, се будат, да ги анимирам.
     
    На Bella*, mal.ecka, hello-kitty.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.870
    Допаѓања:
    18.732
    Пол:
    Женски
    Некоја членка кажа дека може до одредена возраст напред транспортер со исклучен еир бег. Седишта две секако мора. Позади има места за три седишта, ортопед баш кажа имал три деца и сите се позади, значи едното мора во средина. Па или две седишта едно до друго ке наместиш или ти во средина.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Јас од старт седам напред, почесто и сама ги возам бебето е уште мало, ок прифака, големиот е скоро 3 год. Не сум ни пробала да седам назад.
    А за подолг пат сум темпирала со дремката.
     
  12. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Јас го возев помалото многу краток период напред со исклучено воздушно перниче, но некако му го одвлекуваше вниманието на сопругот додека вози и решив да ја преместам позади.
    Да позади има место за 3 седишта но треба да ги избереш соодветните, не ги собира било кои секаде. Моите и седиштето и транспортерот се габаритни, не внимавав многу на тоа кога ги купував.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.870
    Допаѓања:
    18.732
    Пол:
    Женски
    Да, јас се возев неколку пати со транспортер на средина ама имав комплет со количка на чико и не беше габаритен. Сега седиштето ми е габаритно. Би имало место за транспортер седиште и јас да се гужвам.
     
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    А подобро ли да се купи седиште со помали димензии или е подобро поголеми?
    Се мислам меѓу две седишта, и двете се од 0-36,ама едното е со помали димензии, другото со поголеми.
    Мислев тоа поголемо да го земам зошто според логика би требало да му е покомотно на детето кога ќе е поголемо, а помалото пример на 7 години ќе му е потесно :wasntme:.
    Ама да не нема врска, да е само вака погабаритно?
     
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    И ние сме сo две седишта, премнoгу е теснo пoзади.
    Седам напред акo пoчнат плачки се преместувам.
     
    На mal.ecka, hello-kitty.90 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  16. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Мајки, синот ми е 2 години а наредните денови ќе пристигне уште едно бебе. До сега мислев дека нема да имаме проблеми од типот на љубомора и слично, но последноте неколку дена како детето да ми е сменето. Бара повеќе внимание, се лути за ситници. Уште кога дознав дека сум трудна постојано зборуваме за бебето, го гали, го мачка стомакот, кажува каде ќе спие бебе, како ќе го држи, ќе го вози со количка.
    Кажете ми некој совет ако дојде до моменти на љубомора или лутење, како сте постапувале и како сте се снаоѓале вие. Искрено се надевам дека ќе биде се во ред но морам да се подготвам на се.
     
  17. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Моите се многу помала разлика не сакам да те плашам ама големиот тешко ми прифати, на мене ми беше лут сигурно 1 месец, на бебето не му правеше ништо ама баш тогаш кога ќе го ранев бебето и он имаше потреба и плачеше и покажуваше револт, во тие моменти го оставав бебето и го гушкав поголемиот да го утешам, или во исто време им давав млеко на двајцата. Ако имаш кој да биде со бебето ќе ти биде полесно,ќе го чува бебето ти ќе бидеш со поголемото. Кај мене ова не беше случај ,бев сама со двете. Среќа бебето се погоди мирно па можев да менаџирам со двајцата. Кај мене беше период и помина, на мене ми беше страшно тешко на сево ова додади хормони , тазе породена ама верувај дека поминува. Не значи дека и ти исто ќе поминеш ова е мое искуство ако нешто плус те интересира пиши ми. Поздрав
     
    На Jana06, sweet-17 и mace89 им се допаѓа ова.
  18. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Туку дајте совет вие што сте со разлика помала од 1,5 година меѓу децата, како се снаоѓате за надвор со двете деца, мислам на превозно средство. Јас сум 90% од времето сама во моментов функционирам со кенгур и количка ама малово расте и ми натежнува размислувам да земам количка за близнаци па две летни колички и никако да се решам. Големото дете уште си бара количка само ми е страв дека му се моментални бубачки затоа што додека он игра на лулашки малото го ставам во количка да не ми тежи, кога ќе поигра бара да го тргнам од количка и он се вози, ми е да не давам пари за глупости, ваши искуства, дајте памет. :)
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Моите се мала разлика 11 месеци и исто се мислев каква количка да земам, дали плус една летна за поголемото или за близнаци. Со оглед на тоа што скоро секогаш имам помош, се решив за летна за поголемото. Кога ги купував поголемото уште немаше проодено и мораше колички за двајцата да имам.
    Во последно време поголемото протестира и не сака во количка, а на помалото корпата наскоро ќе му ја заменам со спортското седиште. Во тој случај планирам да излегувам со количка и кенгур за backup опција. Помалото во количка, поголемото да оди и кога ќе се измори да го ставам во количката, а помалото во кенгурот.
    Инаку ви се восхитувам на тие што сте скоро цело време сами со деца на мала разлика. :bow:Мене на почетокот ми беше многу тешко, бидејќи 2 бебиња со различни потреби. Па мораше да имам помош. Сега кога се потпораснати малку и поголемото почна повеќе да разбира полесно можам да се снаоѓам.
     
    На Jana06 и mace89 им се допаѓа ова.
  20. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Мамички има ли некоја од вас додека беше бремена го доеше постарото бебче и дали после пораѓај продолжи?