Три пати ја прегледав категоријава, тема за Малдиви не најдов Кој е најдобар период за одење? Дали некоја била да сподели искуства? Преку која агенција?
Место од соништата,рај.Немам одено ама како што гледам во животот еднаш мора да одам.Како што имам читано највисока температура 30 степени најниска 25.Најдобар период од октомври до март.А цело време сончево и температура до 29 е во фебруари и март.
Ова ми е сон, моментално штедам за следна година таму јануари/февруари да одам. Дефинитивно е, се дешава!!!
Јас се надевам дека и летово би одела Уште посреќна би била ако испадне да ми е меден месец Па, девојки ајде споделете искуства
Преубаво, ако си на приватен остров во ресорт е уште поубаво! Од ноември до април е сезоната во која е и многу поскапо одколку во монсунска сезона. Ако ја изберете поефтината сезона, бидете спремни да ви врне дожд некогаш и по цели денови. Куќичките на вода се за 3-4 пати поскапи од вилите на плажа. Во зависност од тоа што го сакате и можете да си го дозволите, мене ми се поубави тие на плажа плус ако имаат базен е топ! Вилите на вода немаат песок и плажа да си седнете, немаат исто така приватност како тие на плажа - ама пак ќе кажам, на кој што му е убаво... Алкохол има само во приватни ресорти. Најкратката конекција е Скопје-Истанбул-Мале со Туркиш. Ако се одлучите за ресорт до кој се стига само со хидроавион, картата чини како летот од Скопје-Мале ама има ресорти кои трансферот таму им е вклучен во цената. Околу Нова Година е најскапо, и реално не вреди за тие дополнителни 1000+ евра така да планирајте си го патувањето пред или после тој период. Мој совет ви е, идете во сезона, не штедете за да идете по секоја цена па дури да е и во сезона на монсуни, пошо може секој ден да ви врне и да си преседите у соба и идете у ресорт, не на јавен остров. Не сум експерт на темава, ама преееемногу се информирав и за ресорти и читав многу reviews пред да уплатам за сè и сешто таму. Ако ве интересира нешто поконкретно може ќе ви помогнам