искрено мене оваа серија ми е многу чудна. секоја епизода само се плаче, си се смешкаат едни на други, кога ке биде нешто цела епизода со некоја драматична музика... не, не можам да ја гледам
Јас во последно време не сум во тек ама сигурно не сум испуштила нешто битно Џагја ќе биде со Ганга и ќе имаат и дете. А оваа шо прави нашата невеста она нема ли некое дете
Па она е лоша се шо прави прави не за да се смени туку за да го придобие Џагја мам и онака понатака ќе биде казнета и ќе се промени
Знам дека е лоша, ама нели сака по секоја цена да биде со Џагдиш, па затоа прашав како ќе го поднесе тоа
Пошто ја фаќам еднаш на 100 епизоди,неделава ѕирнав нешто и едно не ми е јасно: Што зборувала Санчи за Џагдиш,па овој се налути и им ја раскина свршувачката? Инаку не ми се веруе колку сурова земја,Ганга за малку ќе ја силуваат,а неа ја апсат,не сторителот
Санчи на своите другарки им зборуваше како тоа се што го прави сега, го прави за да ги воодушеви родителите и роднините на Џагдиш, но дека откако ќе се омажи со него, она повторно ќе биде онаа старата Санчи пред да се "Промени", дека Џагдиш ја слуша и дека и ја исполнува секоја желба, па ќе го убеди да не живеат во селото, Џагдиш да ги остави своите родители и да замине со нејзе во Мумбаи. Зборуваше како незамисливо и е што семејството на Џагдиш се богати имаат пари, а немаат чистачка и готвачка, незамисливо и е нејзе секој ден она да готви и да чисти. Исто така зборуваше како она нема да и ги масира нозете на свекрвата, како што Сумитра и ги масира нозете на бабата. Немало да носи повеќе таква селска облека откако ќе се омажи за Џагдиш..... А Џагдиш цел разговор го слушна кога беше во еден ресторан со Ананди. И додека Ананди му зборуваше дека Санчи се променила на подобро и дека е достојна за снаа на семејството на Џагдиш, дека не погрешил Џагдиш што решил да се ожени со нејзе тогаш случајно во истиот ресторан дојде Санчи со нејзините другарки. И така и Џагдиш и Ананди сфатија дека таа нејзина "Промена", всушност е лажна. И затоа Џагдиш реши да ја раскине свршувачката, зашто тој всушност се согласи да се жени само да го направи своето семејство среќно, а со тој брак нема да биде ниту неговото семејство среќно, ниту пак тој.
Денеска прва смена на училиште бев и не гледав. Тој манијакот ли ќе ја силуваше??? Ај раскажи ми што и како се случи.
@cresa-jagoda Па ја прелажа да се качи на катот кај што нема никој,ја затвори во остава каде што имаше спремено кревет со рози.Се бркаа,ама го тресна она по глава со еден метален сад и избега.Им раскажа на надлежните за ситуацијата,ама оној психопатот рече дека лаже и сега ќе ја уапсат. Освен тоа,фамилиите на Џагдиш и Шив плачеа пола епизода Тој сигурно ќе оди кај Ганга кога ќе дознае,колку што разбрав,заљубен е во неа.
@Marossa А Санчи како дозна дека Џагдиш ја раскина свршувачката? (Зашто она не беше дома кога Џагдиш дојде да ја раскине свршувачката, беше кај другарка) Што направи откако дозна?
Леле безвеза серија уште се снима, и на интернет видов дека Шив ќе умри а Ганга ќе ја сменат. Ќе ја глуми таа што ја глумеше Санто од бандини
Не пропушташ многу Џагја ќе биде со Ганга,Ананди си е со Шив,фамилиите плачат заради раскинување на свршувачката на Џагдиш и Санчи,оваа пак глуми лудило и ја обвинува Ананди и то је то. Една епизода гледај и после следните 100 не мораш
Сега па сигурно по дома кај Џагја ќе има караници заради Ганга едно 100 епизоди, па во другите 100 ќе се помират сите. И после и дете ќе имаат двајцата мислам.