Од што не ми се учи само си барам глупости. Си седам така и си викам ееее дали трае уште Малечката невеста, и си велам на форумот ќе проверам Како и да е, епизода последна што сум изгледала беше кога Џагдиш беше испокаран дома со сите оти се ожени со таа колешката од факултет, а Ананди си седеше кај свекрвата и ги молеше сите да му простат оти он бил добар бла бла.... Значи мноооогу одамна немам појма што се дешавало. Сеа разбрав и дека Ананди ја омажиле, Џагја се разведил, па пак се свршил, па пак се оставил, и пак ќе се свршувал сега со некоја Ганга или така некако.... И не ми се верува дека уште трае! Тоа е врвот на нештата. Ако ми текне некогаш пак вакво нешто тука ќе си проверам не мора да гледам
Mislam deka ne trebase da ja menuvat kako glumica najmalata taa prvata Anandi posto serijava trae tolku dolgo shto devojcheto vekje porasna
Човече, втора година бев средно откако почна (а можеби и порано почнала, ја паметам тогаш епизодата кога на свадбата на Сугна го донесоа мртов тој со кој требаше да се омажи), сега сум трета на факултет.
Видов на youtube сега овие епизоди моментално се од почеток на месец Март 2014 година, а имаше епизоди и од август 2015, така да уште може се снима и има уште многу да ја гледаме.
Мислам дека филмот и не би треел толку долго да епизодите траат подолго како и на турските серии по саат или саат и пол. Не го следам моментално малечката невеста ама на времето ко го гледав по малку онака ради-реда епизодите траеа едвај дваесет минути затоа мислам дека толку долго се развлече филмот.
Почнала во ноември 2010 како што гледам по отварањето на темата, и уште си трае. Ананди се омажи, Џагја се ожени и деца имаат whyyy whyy уште трае. Изгледа освен мене никој веќе не ја погледнува, а мене секој пат кога ќе ја начекам на тв ми е забавно да погледам. Некако емотивно се врзавме изгледа со ликовите, ами толку години
Серијата не трае толку, колку што нашиве ја кратат. 15 минути епизода траеше кога ја даваа околу 17 часот. За сега не знам. Ме интересира, таа бабата уште е жива?
ЕЕ абе што се дешава,и јас ја немам ѕирнато одамна? Шив е жив,нели? Само тој им вреди од серијата,другиве за никаде.Туку некаде прочитав дека пак ја смениле Ананди во 2015,демек глумицата од Бандини ќе ја глумела,глупости
Лелее поарно да ја завршат серијата колку пати ја сменија Ананди. Шив е добар здрав и жив, секретарката на работа му се закачи и овој оти ја одби она го укриви оти сакал да ја силува . Нема шо па нив ќе ги исправаме сега битно Шив стварно е фраер.
Шив е сеуште жив, но понатаму ке го отепаат. Инаку Ганга ќе ја сменат и ќе ја глуми таа што ја глумеше Санту во бандини. Јас кога видов дека Шив ќе го отепаат веќе не го гледам.
Како бе ќе го отепаат јас гледав нешто како е во болница и сите плачат дека е умрет и ќе оживе некако (како во филм) и после ќе оздрави. Е сега ако има пак умирачка
Некаде,мислам,кај 1900-та епизода умира Шив и тогаш во Индија опаднал рејтингот на гледаност,но продуцентот на серијата снимил уште 200 епизоди,значи официјално серијата има 2100 епизоди и постои шанса уште да има,но тие на Сител ќе се емитуваат дури после две години,во 2017-та година.Ананди ќе роди близнаци,машко и женско и женското уште како бебе ќе го венчаат со друго машко бебе,што во Индија воопшто не е необично бидејќи некои бебиња уште во утробата на мајката ги венчаваат откако на ултразвук ќе го утврдат полот на бебињата.Еве линк од сајтото од којшто можете да видите за содржината на серијата:www.tvpaket.com.mk