Малечката невеста(Balika Vadhu)[Сител] И' досадило од плачење, па чекај малце умрена да бидам... Серијава во почетокот десет епизоди гледав, кога видов дека како Бандини, нема намера да заврши, ја запоставив. Значи филмов колку и да го прават тажен и колку и да плакаат, он е КОМЕДИЈА! Па оние музики, крици некои. Нема епизода у која нема да се плаче. Мама го гледа некогаш и со тоа шо слушам, неможам да ги поднесам. И таман го исплакаа оној што требаше зет да и биде, оваа ќе ја плакаат, па после козата на комшијата ќе ја плакат, да си најдат замена. Сител незнам со кој памет се нафаќаат да ја купуваат, па и да ги тормозат гледачите. Ама тоа е, евтини се изгледа, а ногу епизоди, пополнува време, па ај купувај. И овие денови се нафатив да видам кој ќе умре, што, како, и како што пишаа, повеќе се смеев него што плачев. Смешна е нивната глума, ни Г немаат од глума. Па ни да ги средат, па актери се, цел свет ќе ги гледа. Немаат врска. Сеа ќе ја плакат 100 епизоди. И во секоја индиска серија, една епизода соопштуваат дека треба некоја да си оди (пропратено со крици, музики, ѕвонење на телефон и плачење), следна епизода, цела епизода се плака, наредната епизода, се пакува (и плаче ) и автобусот пристигнува, после следната епизода, се качува и вози во автобусот и пак плака! Потоа стигнува на потребното место пак плака, тие таму и посакуваат добредојде, и не ја прифаќаат од почеток . . .
И уште колку перипетии, скандали додека е во кома. Епизодите се мнооогуууу кратки, па затоа и ги има повеќе, само СИТЕЛ ги прават подолги со нивните досадни реклами. Настаните многу споро се одвиваат. Но, од една страна може да биде и поучна во врска со малолетните бракови, уште полошо што тоа го прават на 8 или помалку години, венчавале деца, кои не се ниту физички, ниту психички спремни на брак, и уште родителите презадоволни, го сметаат како благослов. Но не само што на девојчињата им било одземено детството, туку и ограничени на домашните обврски, и нормално, остануваат неписмени и засекогаш зависни од мажот. Само поинаку да ја организирале серијата и побрзо да се одвиваат настаните, а не еден настан не знам во колку епизоди.
Ама они овие сите поучни настани ги поминаа во првите епизоди, овие сега се излишни. Ниту веќе се венчава некој ниту ништо. Тогаш Ананди ја венчаа, таа другарка и, па не дозволуваа, па проблеми, па учителката...во ред, ама ова сега е веќе без врска, претерано и непотрбно. И дефинтивно треба да им се забрза текот на настаните. И 200 епизоди да не гледаш, ако седнеш да гледаш, одма ќе укопчаш, оти се‘ едно исто се врти во круг.
Значи секоја епизода се состои од 3 сегменти! И тоа: I- Невестата плаче а во позадина се заоѓа некоја индијка со текст што го стега срцето од типот: АаааааААААААААааааааааАААААААААААА. II- На невестичето му цркат,за на крајот пак да дојде до плачки,и наравно истата песна пуна емоции во позадина III- Или некој умира,или невестата пак плаче. Трето нема. Нека е наздавје! Таман си помислив се куртуливме,опа,реинкарнација! Шиз алајв.
Знаев дека ќе оживее девојчево...како така...индиска серија и се е можно ......инаку серијава не планира да заврши изглеа...
Ама беше глупо последниве епизоди: куршум в глава - неможе да и го истават, неможе да и го истават - умира, умира- сите плачат и лелекаат, сите плачат и лелекаат - таа повторно оживува со куршумот в глава поинтересна серија од оваа нема и да, знаевме дека Ананди ќе оживее, како и не е толку важно сите серии се исти
Како сум се смеела еј... Таа умира докторот и ги масира дланките и стапалата.... После дојде тој „Малечкиот младоженец“ и ја влечеше и она ОП оживеа. Ха, ха... Таман мислев ќе заврши, пошо веќе една ипол година не мачат, ама НИШТО
Тоа и ми е поентата, можеше да помине со многу помалку епизоди... Според мене, 30 - 50 сосема доволно, дури и многу
Чекајте бе луѓе што сте запнале да заврши, па треба ли да дадеме блага ракија за невестичево, м?? Како за Бандини така и за оваа. Инаку мајка ми ја гледа и секогаш проверувам дали е во соба, случајно во занес да не скокне од 4 ти спрат )))
Аман бре таман.. помислив невестичето ке умре, ке заврши серијата, ке се отарасиме, таа ем пукана во глава ем жива
11) МАЛЕЧКАТА НЕВЕСТА Телевизија која ја прикажува : Сител Период на емитување: од понеделник до сабота Термини на емитување : 21.20 ( премиера ), 09.10 ( реприза ) Земја на потекло : Индија, 2008- Број на епизоди : 419 / 900+ Улоги : Avika Gor, Surekha Sikri, Farida Jalal, Shashank Vyas, Vikrant Massey, Smita Bansal, Anur Soni, Neha Marda, Jehangit Vakil 900+ ...ццц уште колку ќе не трујат со овие срањата.
^ Па да ти кажам право, им симнувам капа, па 900+ епизоди, ти да плачеш... Не е лесно. У Гинис треба да влезат!
Еј а се секавате кога се емитуваше 1001 ноќ ... Нели онур со седум кушруми го погодија па преживеа Сеа така и невестава ке пројде . А богами до тие 900 епизоди на некој дете ке му се роди ! Ај 200 бе ама 900 !