Не смејте ми се кога ќе го прочитате ова, ок? Јас ја имам изгледано целава серија, добро де, не баш цела туку при крај сум (НЕ ЈА ГЛЕДАВ НА СИТЕЛ!) Ама на Сител веќе претераа, јас се зачудив сега пред некој ден кога видов дека уште ја рекламираат Од времето на Бандини игра серијава на сител еееј!! Можи сега една Нобелова награда ?
Еве јас нема да ти се смеам, пошто и јас ја гледам кога ќе имам време. А ти сега затоа што си понапред од мене ај раскажи ми на кратко што ќе биде љубопитна сум. Во ЛП или тука, сеедно...
Оваа серија како да нема крај Јас во почетокот ја гледав,ми беше интересна,ама ја мајнав веќе Од кога е почната,а уште не завршила
Spoiler Џагдиш ќе се заљуби во една девојка која ќе ја запознае на факултет. Таа се претставува како Гаури, а всушност е Гудија (ако паметиш кога бабата сакаше во детството да го ожени со неа затоа што мислеше дека на Ананди не и функционира добро мозокот). Тој ќе се претставува како Џагат и ќе сокрие дека е женет и дека живее во Џаитсар или како и да се викаше тоа селото. Кога беше неговиот роденден, Ананди отиде со торта во Мумбај за да го изненади, ама тој ја претстави како негова роднина. Кога останаа сами и кажуваше дека повеќе не ја сакал, дека сосема различно размислувале, дека тој се откажал од неа па и таа треба да се откаже од него. Ама не и кажа дека ја сака Гаури. Ананди се врати дома ама на никој не кажа што се случило. Набргу потоа се разболи, Баирон го викна Џагдиш да дојде и да и помогне на Ананди. Ама и на Гаури и се слоши и Џагдиш измисли дека немало повеќе карти за авион и неможел да оди. После некое време Џагдиш имаше одмор од студиите и отиде дома му. Таму дојдоа новинари за Ананди и и даваа награди нешто, затоа што поминала со најдобар просек во цел град, дури и подобар од оној на Џагдиш. Баба и се налути бидејки не и кажала дека ќе ги полага испитите, а Џагдиш го искористи тоа за пред сите да ја накриви Ананди дека била лажга. Ананди тогаш ја кажа вистината пред сите, кажа што се случило во Мумбај. После некое време кога Џагдиш се врати во Мумбај, и Баирон отиде таму. Разбра дека Џагдиш живее со друга девојка и дека планира да се жени. Се најде со него и му рече дека за него тој е мртов и дека повеќе не сака да оди во нивната куќа. Ананди кога слушна дека Џагдиш сака друга се разболи. За да најде нова цел во животот баба и и дозволи да учи и да стане доктор, подобар и од Џагдиш. После некое време и Гаури дозна дека Џагдиш веќе е оженет. Му се налути многу ама овој и кажа дека никогаш не ја сакал Ананди, дека бил присилен да се жени со неа во детството и дека тогаш не знаел што значи тоа брак. Така се смирија и се венчаа. Гаури побара да одат во неговата куќа за да побараат благослов од постарите. Џагдиш отпрвин на тоа се противеше, ама најпосле се сложи. И така отидоа во неговата куќа. Бабата кога слушна дека таа девојка е всушност Гудија, падна во несвест и за малку што не умре, ама Џагдиш и Гаури ја излечија. Таа им дозволи да останат уште неколку дена со намера да ги раздели и Џагдиш да ја свати грешката што ја направил. Еден ден селаните ги видоа Џагдиш и Гаури како се прегрнуваат и отидоа во куќата на Калијани за да и кажат што прави нејзиниот внук и таа девојка (тие мислеа дека е ќерка на некоја роднина од Калијани и дека студирала заедно со Џагдиш, ништо повеќе). Гаури се нанервира и им кажа дека таа е всушност жена на Џагдиш. Така цело село дозна за тоа и сите ги мразеа, ги гледаа со презир. Сите членови од семејството ги потсеќаа дека нивниот брак не е важечки и дека само Ананди е единствената жена на Џагдиш. Секогаш ги потсеќаа дека Ананди прими куршум во челото за да го спаси Џагдиш. Овие двајца неможеа повеќе да трпат навредување и повторно заминаа во Мумбај. Набргу беше празникот кога сестрата на братот требаше да му врзи белегзија на раката, а тој да и даде подарок. Сугна и Шијам отидоа во куќата на Калијани за да го прослават празникот. Џагдиш се надеваше дека ќе му стигне белегзија од Сугна преку пошта, ама не стигна. Тогаш ја побара Сугна преку телефон. Таа му крена и го остави телефонот уклучен за да слуша демек колку се среќни во куќата и без него и како Сугна наместо на него и врзува белегзија на Ананди, затоа што ја смета за сопствена сестра. Овој се нервираше и плачеше на телефон. До толку сум стигната со гледање. Ако нешто пропуштив или сум заборавила прости, толку ме служи памтењето
Браво за тие што ја гледате..Ја пооодвратни серии од индиските у живот немам гледано..Инале ја претераа шо толку долго ја даваат
Мораше да надополнам, па сега кого го интересира нека си отвори Spoiler Гаури и Џагдиш ќе имаат дете и моментално се во големата куќа. На Ананди ја удри кола. Џагдиш се погрижи за неа, ја крена и ја однесе во куќата. Гаури се нервираше. Варун по малку ги помрднува нозете и наскоро ќе биде сосема излечен и ќе може да оди. Болницата која беше изградена за Џагдиш сега му припаѓа на неговиот другар, Лал Синг.
Лелелелел сител претераа вејке нека ја давааат по еден час и мош ке ја завршат наскоро....оти вејке досади....
Да не ве разочарувам ама серијава има уште многу многу епизоди, јас чат пат ја гледам на пинк пошто таму се премногу понапред со епизодите...Има уште многу да се случува...
На ТВ „малечката невеста“, ти дремиш на компјутер, па се слуша некаква музика ко од најстрашниот хорор. Фрлаш поглед кон телевизорот, кога оно, Ананди истурила чаша вода. И сите липаат . Уште не е завршена така? Знам мајка ми ја гледаше, па престана, многу била долга . Ја претераа со серииве бре.
Уште е малечака невестата!? Па, зар не порасна веќе. Здодевни се овие индискиве. Кога ќе почнат не можат да завршат по 1000 епизоди имаат.
Не ја гледам серијава,ама стварно претераа.Зарем има некој живци да ја гледа од почеток до крај? !Па уште кај нас по пола саат реклами,да забораиш што си гледал.ццц Луда работа