Видов дека ваква тема нема... се надевам дека ќе ви се допадне Спојлер Ако не ви се допаѓа - клуч Ме интересира дали вие на вашите свадби сте имале или би сакале да имате мало невестиче? што означува малото невестиче Доколку сте имале, или ќе имате дали тоа би биле дечиња на ваши пријатели, или некои роднини? Ја искрено би сакала да имам една мала невестичка... Незнам интересни се, слатки... Може па и некоја слика да ставете... Позз Спојлер
Значењето не им го знам, но се многуу убавки и слатки. Здравје за мојата свадба обавезно малата внука на дечко ми ќе биде невестичка....она уште сега збори каков фустан ќе има чичо кога ќе правел свадба А имаме идеа и малиот внук во оделце, па заедно братче и сестриче
Колку и да се слатки, не знам, ова не ми се допаѓа... јас имам две внуки од брат ми, и золва ми има ќерка, па не ни падна на памет да ги облекуваме како невести... ќе дојде и нивниот ден, што има уште од мали вака да ги тинтраме...
Јас имав малечка невеста на свадбата. Но, само за влегувањето, потоа ги облекоа во прикладна гардероба. Имав и мал младоженец. И на двајцата беа исто облечени ко нас. Слика подоцна ќе ставам.
Не сум планирала вакво нешто,ама си претпоставувам дека некоја блиска гарант ќе го донесе детенцето вака Инаку баш слатко изгледаат ,нека има едно малечко вакво да трчка наваму натаму
И мене тоа ми е без врска, која е поентата што ги малтретираат децата, нека си уживаат во детството а не да се преоптеретуваат со такви глупости. Не знам на кој прв му текнало ова, ама стварно е без никаква намена, па и не ми изгледа нешто уаууу посебно. Секое дете е слатко, не значи дека ако го облечат во невестинско дека ќе биде уште послатко. Како што кажа Ана, има време кога да облече бел фустан. И на мојата свадба имаше едно девојче во бело фустанче, нешто накај невестинско беше, ама знам дека се тоа е наметнато од баби, стрини, мајки, тетки и црн бумбар давам на оваа тема
Вака кога ги гледам на слики слатко изгледаат,меѓутоа никогаш не сум ја облекла ќерка ми така,иако сум имала и можност и прилика.И навистина не ја сфаќам целта на ваквото облекување.Се знае која е ѕвезда на свадбата и како треба да бидат облечени другите.А за децата од било која возраст има преубава облека,не мора да се копира невестата.Идејата како таква не ми се допаѓа. own:
Јас како помала сум била невестиче(тогаш имав 6години). Според мене тоа е радост на малите, нормално доколку невестата изрази желба да ги има. Мене ми се убавки кога ги пуштаат латиците ,кога влегуваат младоженците.И искрено повеќе ги преферирам него ли деверушите.
Па до сега не сум размислувала на темава, пошо јас во фамилија сега за сега немам мало девојче. Дечко ми има внука 5 годинки, ама ќе порасне ние додека да се земеме Здравје ако ми се роди девојче во фамилија, може да си правиме кејфови
Јас како мала сум бидена „малечка невеста“ и МНОГУ би сакала и на мојата свадба да имам такви срцки...
Бев невестиче кај прва братучедтка на свадба. Слатко ми изгледа ама не верувам дека би имала невестиче на мојата свадба.
Интересни ми изгледаат маливе невестинчиња.Би сакала да имам и на мојата свадба некогаш здравје,зошто да не. Ама не само невестинче сакам и зетче малечко Иначе незнам што означуваат.Но кога бев на една свадба пред неколку години имаше две мали невестинчиња,едното беше од страната од кај невестата,а другото од кај страната на зетот.Незнам оти така Ама во секој случај интересни беа
Се сеќавам на свадбата кај вујко ми сум била 4 или 5 годинки и ми купиа невестинско фустанче и бев малечка невеста сеуште се сеќавам колку бев пресреќна во фустанчето цело време си се врткав покрај вујнами и кога тие го играа првиот валцер јас и мојот прв братучед (кој беше во одело со машна како младоженец) и ние игравме валцер имам и неколу слики,баш ќе ја побарам таа каде што играме валцер и ќе ја ставам.Баш би сакала кога ќе сум невеста да имам малечка невеста на свадбата сеуште го чувам фустанчето здравје да е кога ќе дојде време ќе го позајмам на некого
секако дека сакам ама немам ја многу замислувано мојата свадбa повеќе би сакала да имам деверуши(барам но нема на нет некоја убава слика)
Јас бев невестиче на свадбата од чичко ми. Леле мераци додека ме дотеруваја бев Ама имав големо фустанче со обрач, со фризури баш како невеста.. Прво ми бепе интересно ама после кога почнаја сите да ме штипкаат (буцко бев), па и тоа +40 степени, запурно, со трчање кај мама да ме пресоблече. Убаво е навистина но некогаш е и измачување за малите. Јас не можев ни на стол да седнам од обрачот. Јас за мојата свадба нема да речам на никого, ама ако некоја мајка сака да си го облече така малечкото не би имала ништо против
И мене исто не ми се допаѓа ама воопшто! Се молев на мојата свадба да не им текне некое дете да го донесат така и фала богу немаше (ама и јас на неколку пати си кажав гласно дека ми е глупаво тоа)